Не постои начин. Само да ја откажеш првата и да направиш нова со дополнителните производи. Ама така ризикуваш да снема некој од производите од првата нарачка. Доколку уште ја имаш опцијата да ја откажеш нарачката од вчера, додај се во корпа и ако се достапни сите производи што ги сакаш нарачај ги, па веднаш потоа откажи ја првата нарачка.
Женски да ве прашам. Денес прв пат направив нарачка да подигнам од продавница и платив со картичка само така ми даваше. Може работи што не ми се точни да си ги вратам така ? И дали во кеш враќаат или на сметка ?
30 дена. За онлајн се рачуна датумот од кога е испратена нарачката. За онлајн и си имаш датум во нарачката, рок за враќање
Направив нарачка на 2ри Февруари ама уште ми стои статус "Во пдготовка" и дека можам да ја откажам. Нели е многу 3 дена?
Во последно се побавни, посебно па и со попустите. И по 5 дена ми стоела така и ја праќале на крај. Ако не ти се брза почекај си ја.
Мене од 15ти Јануари до кај 22-23ти ми седеше така и на крај ми стигна маил дека еден производ го немале на залиха па ми го продолжија рокот на достава од 28ми Јануари до 10 Февруари… Прв пат ми се случва ова ама ваљда ради попустите е вака.