На 21 мај поднесов барање за враќање на производ. Уредно ми стигна мејл дека барањето е прифатено, но од доставата сеуште ми се немаат јавено. Сте чекале волку долго?
Twilight Mauve ако бараш женски е одличен ама не знам дали е достапен. На сајтот мислам не е, прашај.
фала ти, да женски барам али овој го имам, некој друг, имаше еден од јасмин во бело шише дали тој го имаш користено и дали е за овој период
Не знам кој е тој од јасмин, како и да е онлајн гледам дека нема достапни парфеми моментално (кој и да го отворам) така да најдобро е да видиш во продавница кои им се достапни. Можеби имаат некои нови за оваа сезона кои не им се вметнати во апликацијата, не сум била поскоро.
Може да пробаш да им се јавиш на Еко Логистик дека тие им се каргото дали воопшто се известени дека има враќање на производ (освен ако не ги смениле скоро)
Колку што имам видено на форумот, доста често долго се чека курирот да дојде и да го земи производот за враќање. Јас сега скоро вратив производ и го вратив преку DelCo. Од Битола сум и бев во канцеларијата на DelCo, таму веќе имаа најава од ZARA дека треба да вратам производ. Веднаш следниот ден беше вратен во продавницата. Ама чекав подолго за да добијам мејл дека ќе ми се вратат парите. Ако сакаш обрати се и на овај e-mail coma@inditex.com. Тоа е адресата за корисничка поддршка за Македонија и јас лично сум позадоволна од комуникацијата со нив отколку од операторите на chat на самиот сајт.
Како знаеше дека веке следниот ден е вратен во продвница, дали доби некакво известување? И јас пред една недела вракав производ од Зара, го однесов во канцеларија на Делко, исто имаа добиено и тие известување, освен потврда што добив од Делко кога го оставив производод друго ништо нема до сега. Колку долго чекаше меил дека ке ти ги вратат парите?
Мене ме интересира после колку време ви легнале парите на сметка откако сте добиле мејл дека ќе ви бидат вратени парите?
Јас мејлот го добив дури после 16 дена откако го вратив производот а парите ми беа на сметката четири дена откако добив e-mail. После неколку дена откако го вратив производот не добив никаква информација за тоа дали е успешно вратен па им пишав на chat на сајтот. Го ископирав бројот на порачка и ми кажаа кога производот бил вратен во продавницата. Чекав повеќе од 14 дена за да добијам мејл дека ќе ми се вратат парите, ама можно е да имаше некоја грешка. Откако се пожалив во корисничка поддршка за Македонија мејлот ситигна слендиот ден а четири дена после тоа ми ги вратија и парите.
Во Вторникот го вратив артиклот во оргиналното пакување и го испечатив тоа што ми стигна на меил, го залепив на кутијата. Во Недела вечер ми стигна емаил дека го имаат добиено и парите ке ми бидат вратени на сметката која што ја имам пишано. Вчера(Понеделник) околу 16часот проверив, парите ми беа вратени. Од оставањето во карго до добивање на парите за не целс недела Само споделувам позитивно искуство,не очекував толку брзо.
Дечки ви ги доставуваат работите до дома или си ги подигате од пошта? Добив известување дека пратката моја е доставена до пошта....помина недела, дали уште да чекам или да си подигнам...
мене дома ми доаѓа, а имам порачувано повеке од 3 пати. Има опција кога порачуваш, од каде ќе подигнеш, да не си одбрала несакајќи друга опција. Од Ск сум ако тоа нешто значи....
Јас секогаш ја одбирам опцијата да си ја подигнам од база оти така повеке ми одговара, а од каргото(Делко) секогаш ми звонат за да прашат каде точно да ја донесат. Имав нарачано обувки од Зара вчера ги добив и без да ги пробам, картончето што виси на нив го фрлив. Сега ги пробав и ми се големи. Дали има шанси без тоа ако ги вратам да ми направат проблем?
kolku sto primetuvam ovie denovi go nema nitu toa opcija so special price sto bea malku na popust rabotite, dali znae nekoj dali vo skoro vreme kje ima popust?
Да, оди на апликацијата во my purchases, options i на return. Избери што сакаш да вратиш, ке ти стигне на меил што треба да испечатиш и ке го залепиш на кутијата и го носеш во каргото.