Тие што сте во Скопје доколку нешто не е на залиха на страната може да отидете во продавница да побарате да ви проверат дали го има во продавница. Јас едни панталони што ги сакав и беа out of stock така ги најдов.
Дали враќаат пари во зара? Купив фустанче, таму набрзина ми изгледаше убаво, дома кога дојдов се разочарав кога го облеков Или па ќе мора да одберам нешто друго за таа цена?
Jas naracav visoki platneni so vr A kakov model bea? Jas tie sto gi naracav se kako starkite na converse samo visoki Сега од попустот му има на некој веќе стигнато пратката?
Првиот пат кога враќав во Вторникот ги оставив во карго, наредниот вторник парите ми беа легнати на сметка. Наредниот пат од оставањето на артиклот во карго до доббивање на парите поминаа 14 дена.
Здраво девојки ми стигна пратката од Зара и едната мајца ми е голема па сакам да заменам, дали знаете дали можам да земенам за друг артикал или во таа замена да додадам и други производи и да доплатам доколку истото е поскапо. Го прашувам ова затоа што на страната пишува бесплатна замена па доколку порачам и други производи дали пак доставата т.е замената ќе биде бесплатна?
Зара замена онлајн не прават, освен дирекно во продавница. Доколку сакаш да ја вратиш мајцата а немаш можност да одиш во продавница оди на апликацијата кај нарачките што ти се и избери опција враќање на производ, избери што сакаш да вратиш, пополни податоци и број на трансакциска сметка и ке ти стигне меил, тоа што ке ти стигне на меилот го фотокопираш и го лепиш на кутијата со мајцата во неа и ја носиш во каргото кое што ти ја доставило пратката. Каргото ке ја врати мајцата и кога ке ја добијат од Зара ке ти пратат емаил за потврда и парите ке ти ги вратат на сметка. Вракањето на мајцата ке ти биде бесплатно. Во мегувреме можеш да си направиш нова нарачка со помало бројче мајца но доколку нарачката ти е под 2590 денара ке си платиш и достава 250 ден,доколку додадеш и други работи и истите изнесуваат над 2590 тогаш пак ке ти биде бесплатна доставата. Кога ке ја вракаш мајцата да не заборавиш само и фискалната сметка да ја ставиш.
Девојки, по колку време од купување нарачката ви била во подготовка? Веќе два дена немам никаков апдејт, што и не е така страшно, но обично нарачувам околу полноќ и отприлика по 6-8 часа секогаш пишувало дека е спремна и испратена. Ова се должи на зголемената работа поради попустите или нешто не штима со мојата?