А како да вратам нарачка директно во продавница? Само производот во ќесенцето, заедно со фискалната? Трансакциската да им ја напишам на ливче (нема лично да идам)?
Ако ги враќаш директно во продавница (без разлика што нема да одиш ти) тогаш само во кеш одма ти ги дават. Преку сметка само онлајн ако ги вратиш.
Не знаев. Гледав Ангела Ѓорѓиева на инстаграм имаше ставено слика дека носела 36ка пред бременоста, сличен модел како тие што ги порачав и викам сигурно и мене ќе ми се фаќаат, она е доста слаба. Ама грешка сум проценила.
Да, фармерките беа 1000 ден кога ги купив, потоа паднаа на 600 , но мене и така ми беа мали и ми вратија 1000 ден а не 600, колку пишува на фискалната толку ти враќаат , ако во моментот е 1000 а потоа падне уште ти ја враќаат првата сума која си ја платила.
А доколку сакам да го задржам истиот производ, кој сега е намален за 600 денари, дали ќе ми ги вратат тие 600?
Мене ме нервира што некои од производите ги имаат само онлајн, а ги немаат изложено во продавница и тоа обично баш тие што ми се допаѓаат. За облека, не можам да се одлучам да купам без да пробам и да видам како ми стои, без разлика дали бројот ми одговара. За кондури исто, не можам да се одлучам да купам на високи штикли без да ги пробам, да направам неколку чекори со нив и да видам каков им е падот и дали се удобни или болат стапалата. Комплицирана ми е помислата после од процедурата за враќање, замена...
Мислиш ако производот си го земала 1200 денари , а сега е 600 денари, да го задржиш производот и плус да ти вратат 600 денари , т.е да го земеш по моменталниот попуст а не по претходниот но без враќање на артиклот ?
Никаде во светот го нема тоа хаха , тогаш сите би правеле така , освен ако веќе сака да го купи производот по моменталниот попуст единствен начин е само да го врати па повторно да и го земе некој друг бидејќи лично мене ми е преглупо да вратам нешто и потоа пак јас со истиот производ на каса..
Го нема тоа нигде на светов.Нема логика.Во моментот кога си го купила коштал да кажеме 3000, сеа е 1500. Нарачката се евидентира во моментот на настанување, не на плаќање. Ти кажувам за да не прашуваш, ќе ти се чудат @Nn123
Колку платила на фискална толку враќаат на каса. Според фискалната. Ако платила 1000 ден и вратиле 1000. јас враќав дуксер 800 ден беше ,иако кога го враќав веќе беше 600.
Веќе два дена чекам да ми потврдат враќање на производот , некој кој се соочил со ова ве молам нека напише.
Не, за да одобрат. Откако одобрија парите легнаа на сметка некаде по 3-4 дена. Ама да напоменам дека ова беше за време на Новогодишните и Божиќните празници, па имаше неработни денови неколку. Можеби затоа толку чекав.