На страната пишува 30, но на вработените како ќе им дојде така и прават. Пред некој ден вработена во Сити Мол не сакаше да ми ја прими нарачката што сакав да ја вратам и ми викаше демек до 10 дена важело и кога и покажав на страната дека пишува до кога можеш фа ја вратиш направи фаца и ја прими Така да слободно расправај се дека играат мајтап со нас како ќе им текне.
Вака сега сакам да ја вратам нарачката , на страната ми пишува дека до 11.08 можам да ја вратам, до кога би можеле пари да ми вратат? Нарачката е направена 9ти јули.
Девојки да Ве прашам. Прв пат порачувам онлајн од Зара, порачав две парчиња, едното ќе го враќам со home delivery - прашањето ми е дали фискалната сметка да им ја вратам исто така? Никаде не најдов информација...
Затоа нема да нарачам. Во Малта pick up-от е фри. Сакав капутот Емка што го зела дека во Малта го нема, ама не давам 250 плус. Глупости.
Не е точно, не треба фискалната кога враќаш онлајн ,бидејќи тие ја имаат фискалната во електронска форма , ако враќаш директно во продавниците тогаш треба, дури и тогаш не мора бидејќи може и таа во електронска форма да им ја прикажеш.
Пробувам да нарачам нешто, го дава available, го ставам во корпа и кога ја комплетирам нарачката ми го дава ова. Дали имате слично искуство?
Бидејќи обично само по едно имаат на залиха кога е распродажбата и одма се троши, кога си го ставила во кошничка производот е бил достапен, но за неколку минути ако не комплетираш, одма се троши и затоа не ти дава .
Џабе, пробав да го нарачам и јас xxl со достава 250. Го дава како available, а при комплетирање на нарачката пишува sold out.