Пилешко со кари најмногу одговара....дури ако правам и ориз и во него додавам...превкусно ми е Spoiler вaков имам , од Лидл
Правам и јас пилешко со кари, ама барам некој за на копани и цела кокошка. Има еден куп брендови со зачини наменети за пилешко, ама не знам кој да го пробам. Можда некој е задоволен од некој специфично?
Мене лично овој најмногу ми се допаѓа, го користам и кога печам/пржам стек и кога спремам цела кокошка. Мачкам, оставам малку да постои и на печење.
Искрено мислам дека кај нас нема, зошто нема маркет низ кој немам побарано и секаде се наоѓа само лук во прав, но не и кромид. Ако најдеш те молам означи ме, и мене би ми користела информацијата.
Побарајте на Котани кромид во гранули ако ви врши работа. Можеби во Веро. Ако не, видете дали можете да нарачате од paket.mk.
https://galanuts.mk/product/сушен-кромид-гранули-150гр/ Вчера случајно ми излезе странава и тука видов. Но, не сум порачувала, некој ако има порачано нека сподели. Инаку доста се ефтини за разлика од други места, посебно апетисаните.
@MagsDestiny Најдов на пакет.мк од Kotany, порачав, ми стаса и таман да се налутам зошто ми пратиле лук, сфатив дека етикетата е на српски кутрите, имаа испечатено дополнителна налепница со огромни букви КРОМИД Така да, веројатно сум го сретнала и во маркетите, но не сум сфатила дека гледам во кромид.