За кого бијат камбаните - Ернест Хемингвеј Еден од најдобрите писатели на сите времиња - Ернест Хемингвеј! Книгава беше задолжителна лектира па затоа бројот на оние кои ја прочитале е несомнено голем, а за сите оние кои намерно или ненамерно не сте ја прочитале, не знаете што сте пропуштиле. Дејствието во книгата се одвива во Шпанија за време на Граѓанската војна каде еден Американец, Роберт Џордан, професор, се бори против Франко и е на мисија да дигне во воздух еден мост. За тоа ќе треба да се пробие низ непријателските линии и да се приклучи на една герилска група која оперира и се крие високо на планините. Таму Џордан ја запознава Марија и се вљубува во нејзе на прв поглед! И тоа е лошо, многу лошо затоа што тој престанува да мисли и да живее за војната, сега има нови надежи за живот, нови копнежи, а тоа не е нешто што го барате од еден војник... Книгата продолжува да се движи околу останатите ликови од герилската група, околу Пабло, но и Марија која исто така е заљубена во Џордан и во остварувањето на мисијата... Спојлер превземено од:http://sakamknigi.mk/index.php?option=com_k2&view=item&id=506:%D0%B7%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%B3%D0%BE-%D0%B1%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82-%D0%BA%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%81%D1%82-%D1%85%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B3%D0%B2%D0%B5%D1%98&Itemid=68 И една преубава мисла на почетокот на книгата: Ниеден човек не е Остров,сосема сам за себе;секој човек е дел од Континентот, дел од Земјата;ако Морето однесе Грутка земја Европа е полесна,како да однесла некој Рид,Посед на пријателите или твој сопствен;смртта на секој човек ме нама- лува мене,бидејќи јас сум опфатен од Чо- вештвото.И затоа,не прашувај за кого бијат камбаните;Тие бијат за тебе. Спојлер Книгава ми ја дадоа по грешка.Во градската библиотека,ама јас мислев дека е таа што јас ја барам само со друг наслов.Очекував да е толку дебела како што кажа професорката.И и кажав која ми ја дале и вика не е таа што ние треба да ја обрабтуваме.Ама јас ја имав почнато со читање.И не се покајав.Има 587 страни.Јас сум некаде до двесте и некоја.Интересна е. Вашите импресии за книгава ?
Јас сега скоро ја прочитав книгава. Навистина е прекрасна. Штета што толку касно ми падна во рацете, ама немам коментар. Предобра !
Ја имам дома, сакав да ја читам, ама некоја одбивност ми се створи...ама и така сум дома деновиве, може да ја читнам
Преубава е книгава. Ја има прочитано два или три пати. Првиот пат знам дека бев премала, па ништо не разбрав, вториот пат мислам дека немав ништо за читање, а ме фати криза, па ја имаше една комшика и пак земав да ја читам. Мислата на почетокот е прекрасна, се вклопува со целата книга. Пред да ја прочитам си мислев како може човеков да напише цела книга за случувања во четири денови и три ноќи, којзнае колку е развлечено и досадно. Ама колку сум била во грешка. Потребна е цела книга да се напише за да се опфати војната, за тоа колку може нечиј живот да се смени за три ноќи, за предавството, љубовта, желбата за живот... Преубава.
Се сеќавам дека на сестра ми и` беше лектира, мене не (се беше сменила наставната програма) па решив да ја прочитам, пред скоро време, мислам лани. Сум прочитала и подобри книги, но дека вредеше читањето, вредеше.
Малку тмурна книга, ама ја вбројувам во најомилените 10. Поим ми е за антивоена порака. Не знаев дека порано била лектира.