0 повредени од земјотресот....292292 повредени од трчањето...па тоа трае 10 сек максимум...дали некој ако трча по скали ќе смене нешто?10 сек треба за до бања да се отиде а не пак да пробаш да слезеш од 2...3 спрат....Најлошото место се скалите
Таков како вчера силен во брзо време не може да има, вчера се ослободи голема енергија и потребно е со години повторно да земе толкав замав. Нормално е ова да има мали потреси додека почвата не се смири. Навистина нема место за паника.
Нешто најлошо е кога човекот е во неизвесност, незнае кога,што,како,зошто?!!! е во оваа нема ништо во човекови раце да е ниту може пари да му помогнат ниту популарноста ништо. А знам дека до земјотресите доаѓа кога земјата си ја зема положбата се поместува зависи од растојанието.Во Јапан секогаш имаат земјотреси па се навикнале , и ние како нив изгледа дека ќе ни биде секојдневие!
Aman be od vcera navaka site zemjotresi gi osetiv i samo pravam vlezi-izlezi, sea i da zdrma uste eden ne trcam vise, se isporemetiv
Дечки, може лесно ми е мене да кажам, но смирете се. Ова е вообичаено после силен потрес. Џабе си наметнувате стресови. Ќе се смири плочата, тоа е огромна енергија, мора да се исфрли. Без нервози, само оптимистички!
Ако те видат твоите дека плачеш и толку се плашиш, ќе ги секираш. Нема место за паника при вакви ситуации треба да си присебен и да мислиш одма што да правиш. Никој не може да влијае на тоа, мора да се помириме. Што за сите луѓе, тоа и за тебе.... Не се плаши толку и не кревај паники. Од каде знаеш дека ќе имало земјотреси? ТОа никој ама баш НИКОЈ не може да го предвиди. Рајко му рекол на Петко, Петко ми кажал мене дека ќе има....Па тоа се глупости, тоа е смешно нешто. Ете вчера беше појак и сега нормално по малку ќе не дрма, ама не е страшно. Кажаа и на вести и секаде читај дека нема да се деси ништо страшно. Опушти се или легни да спиеш или пути си филм или ако си на школо слушај таму внимателно на часови, дружи се со учениците и пушти го паметот на пасење....ти дали се плашиш или не, не можеш да промениш ништо. Што треба да се случи, ќе се случи.... На запад грми корне, ама и во Ск попладне ќе имало невереме читав....па наполнете си телефони за секој случај да не снема струја....
Хаха, абе не читајте се и сешто. Денес се' се прави за отворање на вестите и правеќе пари врз човечкиот страв. Добро бе мајку му, толку ли покварена земја сме?
Ednostavno panicam...Sega sum na cas oci mi se zatvaraat ke se onesvestam mora da napravam nesto.Dali kafe dali ladna voda na liceto..Site vo klasot mislime na,toa.Se treseme
^^ Па реален е постот од страната , жената кажува не се знае дали може да има или нема. И така е природата е непредвидлива, никој неможе со сигурност да каже дека ќе има или пак дека ќе нема. Ама најважно е при вакви ситуации без паника, да се дејствува смирено. Со паника отидовме од рака.
Па цела вечер не спиеше и сега нормално ќе ти биде лошо. Издржи сега, измиј се со ладна вода, излези на воздух и ќе ти биде подобро. Дома кога ќе појдеш земи си бедоксин, така ќе се смириш и легни одмори се. И кажи на некој дома дека премногу имаш страв, барем психички ќе ти помогнат.
Само што не функционира ова вака.. Го знаеш Третиот Њутнов Закон? Тоа е.. универзумот е изграден на закони Скопје го направија Содома и Гомора,не бираат веќе што и со кого прават.Ги читам овде оние кои стално плукаат по Бог,му се смееја,пропагираат некој либерализам.. сега тие дежураат цела ноќ,истите тие ''се молат'',се тресат од страв.. не јадат,не пијат.. Знаеш како викаат Србите? ,,Има дана за мегдана'' Еве Тој Бог што вели: „До кога, вие глупави, ќе ја сакате глупавоста? До кога, вие потсмевачи, ќе уживате во потсмевањето? До кога, вие безумници, ќе го мразите знаењето?23 Прифатете го мојот укор. Тогаш ќе го излеам својот дух врз вас, ќе ви ги соопштам своите зборови. 24 Јас ве повикувам, но вие одбивате, ја подавам раката, но никој не обрнува внимание, 25 и не ви е грижа за ниту еден мој совет и не го прифаќате мојот укор. 26 Затоа и јас ќе се смеам на вашата пропаст,ќе се потсмевам кога ќе дојде она од кое се плашите,27 кога она од кое се плашите ќе навали како бура и кога вашата пропаст ќе стигне како ветар во невреме,кога ќе ве снајде неволја и ќе дојдат тешки времиња за вас''. (Изреки 1:22-28 ) ,,И ќе има силни земјотреси, а на разни места ќе има смртоносни зарази и глад. Ќе има стравотии и големи знаци од небото''(Лука 21:11-12), Они му се смееја Него,сега Он нив,гледајќи како се тресат од страв и чекаат нов земјотрес секоја секунда!
Па ако се подолу зошто да не? Нас професорка ни викаше дека ако се најдеме во факултет ако има земјотрес, тогаш подобро да скокнеме и да скршиме рака-нога, отколку да седиме и да се криеме под врати пошто факултетот (филозофски/филолошки) била толку стара градба, самиот архитект и кажувал на проф, дека и при најмало тресење може цел факултет на глава да ни падне. Значи сите што одите на тој факултет ве молам пазете. Не знам за екомонски или правен, ама на овој темелите му биле многу слаби и стари. Не дека кревам паники, туку чисто за себе да си знаете. Ова ни беше кажано уште пред неколку месеци, и ни проф. рече со повеќе луѓе да споделиме, па еве јавно ви кажувам пазете се.
Живееме во Скопје, град чива почва е доста сеизмолошки активна, и ова за скопјани треба да претставува нормална појава. Пак се повторувам дека овие афтершокови можат да траат и недела дена ама НИШТО СТРАШНО. Смирете се, нема смисла толкава паника... и ако сакате да си заштедите на нерви, не пуштајте вестиве пошто се трчи-лажи. Интервјуираат лекари ''Колку повредени има? Каква е ситуацијата?'' Ау бауу... Луѓето повеќе се повредиле обидувајќи се да излезат отколку од самиот земјотрес. И нормално очекувајте повторно да здрма, што е нормално.