На Нико по одреден период ќе му се врати сеќавањето. Тоа ќе биде вака Нико и Назли ќе одат на еден остров со брод,и на враќањето од одморот Назли ќе ја фатат болки и тогаш Нико ќе ја породи Назли во бродот, а по телефон ќе му помага Фериде и тогаш на Нико ќе му се врати сеќавањето и повторно ќе се сеќава на се.
ццц јас па помислив дека не сум ја гледала вчерашната епизода, тоа сителовци мајтап да си правеле со нас
Абе браво за Стела! Секоја и чест, ќе трпи везден некој на глава да и се качува и да ја боцка таму каде што најмногу ја боли. Претераа и старците... И јас не би издржала на нејзино место, само кон Кадир малце неправедно :/ А што ја напушти куќата со старците, браво!!
Добро бе оваа Назли мора толку да е напорна? Не го остаи чоекот у кома да си биде на раат,дури и тогаш му досаѓаше и го тераше да се разбуди. Башка што не може до веце да отиде да се измоча чоекот,одма на Рудолфица носето и поцрвенува и на онаа потресенана Фериде и се јавува и и вика Ништо не ми е. Жити мајка? Теееј!
Серијава од смешна ми премина во патетична! Ја даваат во време кога баш јас сакам на Фокс да си ги погледнам Очајните домаќинки или Сексот и градот, али не можам! Оти двата ТВ се зафатени со ова турско сра*е! Не можам да ви опишам колку мислам оти серијава им го испрала мозокот на овие моиве што и јас кога зборам со нив, канти ко да тропаат! Ја мразам, алергична сум на неа!
Рушен кога ги крева рацетее и почнува да игра... А Назире јаде како НЕНОРМАЛНА. Назире и Рушен секогаш наоѓаат да не насмејат,нема штоо... Рушен = самото име кажува декаа е рушен во умот и затоа го крстиле Рушен
значи назирее на секоја можна епизода е снимана каде што јаде ненормално јаде, устата цела и е наполната таа става става
Еве на оваа страна се сите делови од 70 епизода само без превод http://www.diziler.in/2011/07/10/yabanc ... -70-bolum/ кога веке ја пропуштија Сител овде ја гледав без превод колку да сватам што се случило така ништо не разбрав кога се одеднаш се случи
Назирела е жива пеза. "Догодина ќе ја пуштиме на Евровизија" Добро, овој Мустафа Џан колку имиња има? Некои Мистик го викаат, некои Мустик, некои Мустафа Џан. Дафак?
Мустафа Мустафа џан Мистик Мусти Господин Мусатфа џан јас за овие знам а можно е и повеке да се .....
инаку Cтела е доста позната актерка, не е само по турски серии http://www.youtube.com/watch?v=rXTRCiPdPf0 и во Xанговер ја имаше правилно е грќиња се вика Katerina Moutsatsou
јас денеска ја гледав 70 епизода кај 15:30 . Назли на почетокот вика дека сета нивна љубов е заборавена од кога го загубил памтењето и дека сите спомени. после рушен отиде со кадир ке одел кадир да се разведува од стела и после пиеше кадир како и за секоја така и за стела се опи. а муарем го прашува караман дали има некоја нова вест за нико и овој вика дека нема и муарем му вика е како се сетил на англискиот а на жена му не се сетил...после фериде збореше со назли и нико ги поздрави и ваа фериде одма почна да урла лелее нико не поздравиил а ваа наризе и го зема телефонот и вика ало нико јас сум назире...и така овој мустафа само туку носе баклава за зехра па имео и го напишаа со фстаци,и не го догледав баш воа е нешто шо видов така мемик и вика на ефтелија да се преселат у друга кука ваа па не сака и после нико и назли ја гледаа снимката од нивната венчавка и му кажа дека дедо и и баба му биле против тие да се земат кога вечераа заедно сами таа му ја пушти песната шо му била омилена и натаму незнам
Погледот на Караман (или како и да се викаше) кога рече: - Ја посакувам мојата жена! Само онака по шармантно и ефект гајтан веѓи .