Дали носите злато, и какво (бело-жолто)? Или пак сте можеби љубител на сребро?Jас искрено го сакам жолтото злато, имам многу парчиња и го носам секој ден инаку и сребро имам ама тоа не го носам ,не дека не е убаво ама ете така.....
ЗЛАТО ИЛИ СРЕБРО? Јас сакам злато ама БЕЛО .... многу ми се допаѓа белото злато иако не носам злато сега ептен ретко...ама кога ќе почнам да носам сигурно БЕЛО ќе биде
ЗЛАТО ИЛИ СРЕБРО? И јас не сум љубител на златото, со исклучок на белото. Имам прстенче од бело злато подарок од мојот дечко и премногу го сакам (не го вадам од прст). Жолтото воопшто не ми се допаѓа. Имам прстенчиња и од жолто злато но никогш не сум ги ставила на раце. Често пати ми се случило да видам девојки накитени со злато на себе, што дури и невкусно ми делуваат. За мене доволно е едно прстенче и + бурма здравје боже на рацете. Ништо повеќе. Ланчињата кога се во прашање и тоа да е нешто нежно и тенко со мал привезок (срце, топче и сл.) Кога ќе видам ланци дебели дали на мажи или на жени коса ми се крева Среброто ми е незаменливо и повеќе ме радува дури и од белото злато.
ЗЛАТО ИЛИ СРЕБРО? Дефинитивно сребро. Филигранот е чиста уметност, инвестирам во убави парчиња и уживам да ги носам. Жолтото злато никогаш не ме бендисувало, ниту го носам, а имам некоја аверзија дури и кон оние кои го носат. Кога ќе видам моми кои на секој прст носат прстен од жолто злато, такви накинџурени ми се На скалата на кичот, тука некаде ми е, заедно со анимал принт, од глава до пети. Од друга страна, платината ми е поприфатлива како златна солуција, само што е малку помека од жолтото злато, па често парчињата се подложни на кинење, кршење, итн. Сребро си е сребро.
ЗЛАТО ИЛИ СРЕБРО? Жолто злато не сакам ниту пак носам, но затоа бело обожавам и многу често носам , но не сакам да сум накитена аа да и сребро исто така многу сакам
ЗЛАТО ИЛИ СРЕБРО? Не сум обожавател ни на злато ни на сребро но кога би требало да бирам тогаш би се одлучула за бело злато
Порано многу носев злато.Кога ќе се накитев, Ајша спроти Бајрам не ми беше рамна .Не вадев ништо од мене ни на спиење. Но сега е друга работа.Сега освен бурма и веренички прстен ,кои не ги вадам никогаш,друго ставам само кога излегувам,но не многу.Најчесто обетки,кои се комплет со некое ланче и прстен, и гледам се да е одмерено и посебно . Имам и бело и жолто ,и да, си сакам да носам. Сребро не сум носела никогаш, но неодамна за подарок добив навистина посебен комплет,кој знам да го ставам понекогаш.
Ни злато, ни сребро, ни дукати. Не им придавам ама баш никаква важност. Ако за некого важи - вистинска жена, лажен накит и обратно, за мене порадо ке е да носам бижутериска бурма. Да, да. Сепак кога би избирала меѓу двете, за сребро би се одлучила. Секогаш кога злато сум носела на себе, а имам многу златен накит кој чека да биде заложен, сум го губела целосно или барем негов дел. Лоша карма ме прати со златото.
Ако баш морам да бирам, сребро се разбира. Жолтото злато не го сакам -многу е жолто. Ама искрено, не им придавам некоја посебна вредност, а не ни носам.. Еве повредна ми е нараквицата од драг пријател, за која не знам ни од што материјал е
ne sum ljubitel na zlatoto no ako vekje zboruvame za zlato go sakam beloto zlato [mod-kirilica:2ac4vs87][/mod-kirilica:2ac4vs87]
Мислам дека сум алергична на жолто злато. Не можам да го замислам на себе. Најантипатичен и најкичест драгоцен метал ми е. И не постои нешто од жолто злато досега да ме привлече, баш ништо. И многу ми е неубаво кога ќе видам девојка накитена со жолто злато. За разлика од тоа белото е во ред. Не сум му фан, али сепак подобро е од жолтото милион пати. Ако носам бело злато тоа ќе е свршенички прстен и бурма. Добро има и друг симпатичен накит од бело злато, али јас не би давала пари за тоа знаејки дека ќе го носам максимум еднаш годишно. Најгрда комбинација што може да постои е накит од жолто и бело злато. Тука веќе имам нагони на повраќање. Среброто ми се допаѓа. Филиграните се прекрасни. Иако немам дома ништо од филигран сепак посакувам и ептен ми се допаѓаат. Порано носев сребрени прстенчиња.
И јас не сум обожавател на злато! Единствено носам златни обетки секојдневно,а прстени,нараквици,ланчиња не носам! Еден период носев ама брзо ми мина меракот и од тогаш наваму ги немам ставено! Си стојат дома во кутивче и не ми текнува да ги ставам пак! Сребро ми се чини повеќе би носела ама немам некој избор дома па така да нема ни што да носам Преферирам бижутерија
Па жолто злато ич несакам...повеќе сакам бижутерија и дрвен накит искрено но сакам и сребро и бело злато...а жолтото ми е некако теткинско , абе ни за тетки не ми е...незнам не ми се свиѓа некако како стои , а посебно па на луѓе со потемен тен
носам и бело и жолто злато. предходно носев жолто злато прстенчиња два но откога го ставив вереничкиот прстен кој е бело злато ми изгледаше смешно со жолтото злато и ги извадив. така да на мојте раченца има место само за белото злато прстенче , друго ништо не носам ланчиња ми сметаат во бањање и ме мрзи секој ден вади стави. така да последно време сум на бело злато и гледам дека поубаво стои