1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зоран Божиновски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Френки Далавера, 28 декември 2015.

  1. Френки Далавера

    Френки Далавера Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2015
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    323
    Ја ставив темата во Политика, затоа што моментално и тој известува за актуелните политички настани во државата, ама на малку поинаков (сеирски) начин.

    Кај него се помалку застапени анализите (за разлика од Васко Ефтов), а повеќе трачевите (што можат да бидат и вистина).

    Го следам на фб и има интересни дускусии.
    Добро е што не држи страна многу, многу, ни е за едните, ни за другите.

    Што мислите вие?

    П.С. Ми беше одвратен кога излезе со изјавата за Тоше Проески, ама ми станува се' поинтересен :D

    Повелете на дискусија 8)
     
  2. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    И јас го следам на фб и ми се допаѓа што нема "влакна на јазикот".
    Не знам дали тоа што го пишува секогаш му "држи вода", ама интересен е за читање.
    Ако ништо друго, од него научивме дека и политичарите се обични смртници како нас (од љубовни афери до јадење ќотек :D)

    Не сум ни за едните, ни за другите, ама мислам дека колку што се СДСМ глупи, толку се ВМРО злобни.
    А што е полошо не знам...
     
    На MilaP и Френки Далавера им се допаѓа ова.
  3. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    Не го следам баш, ама го почитувам. И него и сите што не се продадоа за евтини интереси, и што наспроти сите закани со коишто се соочуваат и понатаму пишуваат контра позицијата. Респект!
     
    На Френки Далавера му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Тој ниту е новинар ниту ништо за да работи истражувачко новинарство. Како прво такви глупости, лаги и навреди има пишувано во некои негови статии за лица кои што немаат врска со тоа што ги поврзува значи сите граници ги има поминато, одвратен. Од друга страна ако е чист и неповрзан со никого од кај му се тие документи што ги плеска секој ден.
    Значи не го почитувам ниту 1% тој и Саше Политико ми се на исто ниво. Нула
    Еднаш една пријателка на фб му пишувала нешто за некој натпис оти греши и тој два дена и пишуваше после пораки, ( сељанко, сакаш ли да те работам, носиш ли опинци :puke:) ех дали го чува муабетот и реков тогаш принт скрин да направи.
     
    Последна измена: 28 декември 2015
    На zekzeki, PaLaVa, CrazyOne и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.816
    Помеѓу Политико и овој, разлика не гледам. Уште од кога почна со она - Тоше е жив, па сега за кој со кого се плескал, што да речам... маалска алапача.

    И јас знам за тие закани од него и муабети на девојчиња од типот, сакаш ли да ми го видиш, ама чоекот е недоветен и не треба да му се замерува.

    А новинар е исто колку и Саше, ни школо, ни знаење, ни памет, само на ФБ си пишува кој со која спиел, за мене тоа не е новинарство.
     
    На rose60, zuto, zekzeki и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Френки Далавера

    Френки Далавера Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2015
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    323
    Мило ми е што има различни мислења.

    Сакав само да напоменам дека никаде не напишав дека е новинар, темата е што мислите за неговите изјави, бидејќи јас мислам дека колку и глупости да пишува, во сето тоа има и нешто вистина.
    На крај краишта, ние сме сеирџиски народ и гледам се' повеќе народ го следи.
     
  7. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    Гледам си го заборавила и Миленко во листава. Или намерно е изоставен? ;)
     
    На galapce, Gosh и Френки Далавера им се допаѓа ова.
  8. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.271
    Не ми е многу за верување во тоа што го збори и тврди а интересни теми отвара и дискутира тоа да :)
     
    На Френки Далавера му/ѝ се допаѓа ова.
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    За новинарската работа на З.Б. знам од периодот кога тој работеше како радио-дописник од Куманово.
    Од тогаш, не знам каде се имал ангажмани затоа што не го следам на интернет-порталите, но на него се сеќавам како на личност со остри и директни написи пропратени со вулгарна комуникација.
     
  10. oblando

    oblando Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2015
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    446
    Народот наш од секогаш сакал да оди по циркуски представи, наместо во театар, концерт или пак на балетски представи.

    Мислам дека сите тие луге кои што се одлучиле за аматерска политичка кариера(новинари, полуновинари или ванабе новинари) се харизматични и храбри личности.
    За тоа и за храброста, индиферентноста да не се сеират со нив, им симнувам капа.
    Лично не би можел тоа да го правам, ниту пак би, да се помирам со фактот дека половина од лугето ке кажат "Види го бе филмов на будалава екпонирана како одработуе за партијата".(затоа што во Македонија си или со опозицијата или за позицијата).

    Во секој случај, кул се и забавни.