1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Игра која нуди втор живот!

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од DarkoB94, 29 април 2016.

  1. DarkoB94

    DarkoB94 Нов член

    Се зачлени на:
    29 април 2016
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Ако сакате да се тргнете од политичките ситуации во моментов, сакам да ви претставам нешто поразлично, со што се надевам дека ќе ви помогне да заборавите на моменталните ситуации во реалниот живот.

    Имено, се работи за eRevollution, онлајн – браусер игра (не е потребно никакво спуштање на играта се игра преку Google Chrome, Mozilla, Opera и сл.) која е своевиден отслик на реалниот свет. Како и во реалниот живот, така и во нејзе, секој од нас може да се пронајде во различни сфери на животот.

    Во оваа игра можете:
    - да основате своја фирма со која ќе произведувате различни добра кои може да ги продавате на пазарот и да остварите профит,
    - да станете член на политичка партија преку која можете да станете пратеник,
    - да станете претседател на Македонија,
    - да имате свој сопствен весник во кој јавно ќе ги пишувате вашите ставови,
    - и секако да се борите за својата земја и да и помогнете да освои нови и териотрии и нови богатсва.

    За се подетално можете да се информирате откако ќе се логирате и најавите на играта.

    Во моментов Македонија котира многу добро, нашата заедница се состои од преку 600 играчи кои се дружиме преку јавни четови кои се имплементирани во самата игра, но и на IRC каналите.
    Членови сме на една од најсилните алијанси во светот и во моментов држиме под окупација три региони на Грција. Сето тоа секако успеваме да го направиме и со единството што владее во еМакедонија, кое што работи само за целите на Македонија.
    Но, поради помалиот број на играчи во однос на другите земји, ќе ни бидете потребни вие, за да може Македонија, да не биде како во реалниот свет, зависна од други.

    Затоа регистрирајте се на следниов линк https://www.erevollution.com/en/register/1030 и за момент отргнете се од проблемите, забавувајте се и помогнете на Македонија да напредува.

    При регистрацијата го внесувате вашето име/nick кој ќе го користите во играта (одберете го вашето име внимателно бидејќи за негова промена е потребно 50 злато,а златото е валута покрај денарот во играта).
    Потоа го внесувате вашиот емаил, па потоа вашиот password(password-от не го кажувате на никого во играта, има такви кои се претставуваат дека сакаат да ви помогнат или се адаминистратори во играта но тие само ќе ви ја земат вашата заштеда на денари или злато).
    И на крај ја одбирате Република Македонија (внимателно ја одбирате бидејќи ако направите грешка при оваа селекција односно одберете друга држава нема да сте државјавин на Република Македонија и ќе потрае вашето добивање на виза во Република Македонија)

    Откако ќе се регистрирате на играта ќе добиете порака од нашиот претседател во која има туторијал во кој се објаснати некои работи кои треба да ги знаете за да ја совладате играва.

    Ако ви треба некоја помош тука сум да ви помогнам, моето име во играта е Riven.

    Накратко што треба да направите одкако ке се регистирате:
    » најдете работа (да би можеле да работите)
    » работете (како би добиле плата)
    » тренирај (да нанесете повеќе штета во битките)
    » ставете аватар
    » купете леб (на ист начин се купуваат и останатите работи)
    » јадете леб (да го вратите здравјето изгубено при работа, тренирање и борење)
    » борете се за Р.Македонија или нејзините сојузници