1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идејата добра.....реализацијата утка! (неуспешно готвење)

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Mygirl, 25 ноември 2010.

  1. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Жени, гледам немате тема за неуспешно приготвени јадења....Па не е фер, треба да има една ваква тема за сите ние кои поима немаме од готвење :D Се двоумев дали темава да ја отворам во категоријата Насмевка или овде...Па ако модераторите одлучат дека местото и е таму, нека ја преместат.

    Јас имам безброј вакви искуства...Не знам само колку пати за малку ќе сум се запалела :D
    Па да почнеме:
    Пред отприлика една година и некој месец, мајка му на дечко ми ни прати свинско месо смрзнато, чисто без ни малку сланина...да сме си го зготвеле ние :) Стоеше така во фрижидер неколку дена...И еден ден, дојде една наша другарка кај дечко ми на гости. Бидејќи таа е добра готвачка, решивме да го зготвиме месото и да ручаме. Арно ама, месо имаше многу, па половина го извадивме да се одмрзнува, а другиот дел го оставивме за некоја наредна прилика. Почна другарка ми да готви, јас стојам до неа, учам како да готвам, за да знам за наредниот пат. Кога завршивме со готвењето, седнавме да јадеме...беше превкусно!
    И, после една недела, му се наострив јас на останатото месо ќе го приготвувам сама...па нели ме учеше другарка ми де :D И си готвам јас така, чекам прво водата да изврие, па дотурам уште малку, па уште малку, па малку пивце...И, не знаев кога да престанам со варењето и да го оставам да се пржи :D И ајде уште малку побуричкав во тавчето, месото почна да добива црвена боја и, конечно се решив дека му дојде време за пржење. Ама уште на старт веднаш се појави нов проблем; не знам колку време да го пржам? :^) Верувале или не, оваа фаза траеше околу 30-тина минути :D Конечно, го извадив месото од рингла, уверена дека е готово и дека е извадено баш на време(бојата му беше нормална). Наместивме маса, направивме салата и дојде време да го пробаме деликатесот :D Абе, како некој да дошол и да го заменил месото со камења, луѓеее :rofl: Ма и од камен беше поцврсто, шанса немаше да се скрши, а камоли да се изџвака :rofl: Стомакот ме заболе од смеење...до ден денес се смееме со дечко ми за ова. Имам уште многу вакви славни готварски искуства, ќе пишувам другпат и за нив..
    А сега феминки, вие сте на ред, пишувајте искуства...
     
    На anastasija85 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    пред година ипол, сама дома,си реков да си испржам компири(скоро единствено нешто што знам да правам).ги пржев во тенџере полно со зејтин(демек фритеза :D ) и дека ми почнуваше филмот,во брзање ниту рингла сум исклучила ниту тенџерето од ринглата сум го тргнала.поминаа може пола саат и ко нешто да ме натера од внатре,си реков ај да вратам ова во кујна побрзо,отварам врата од соба имам што да видам...уствари немам зашто цел стан беше зачаден.кога гледам зејтинот врие ли врие,го тргнав тенџерето од рингла зејтинот се запали,јас успаничена готово се фаќам за телефон да викам пожарна,а телефонот нема батерија :D :D :D и така јас паметната,почнав да го гасам пламенот со вода...леле кога избувна уште толку пламен,цела кујна со се елементи и зидови беше црна.колку среќа сум имала што не ме фати за коса.и така,уште толку успаничена по комшии почнав да звонам(а бев само по гаќички :$ ) и тој еден комшија ми го изнесе тенџерето на тераса и го покри.сега си се смеам дур пишував,ама тогаш три дена не можев да се приберам и уште толку да престанам да кашлам
     
  3. bestrasnost123

    bestrasnost123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    28
    хаха девојки топ сте мене такво нешто ми се нема случено досега инаку правило број 1 да ви биде треба да знам за да вклучам и не го напуштај шпоретот додека работиш на него . За почеток почнете со некои лесни рецепти а потоа преминете на потешки готвењето е уметност шанса да го исфрлите стресот и да ја покажете вашата креативност со срека
     
  4. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Абе залудно е, никогаш нема да знам да готвам ептен вкусни јадења. Не викам дека нема да научам да готвам воопшто, ама да бидам мајстор, никогаш |( Уште како мала, мајка ми ме молела да ја гледам дури готви, да се заинтересирам, ама слабо, не сум сакала до шпоретот да се приближам :D Имам една комшивка која ептен има мерак за готвење, а се дружиме од мали...Секогаш кога доаѓала кај мене, ако мајка ми готвела, таа секогаш се лепела до неа, а јас настрана сум се занимавала со мои работи :D Мајка ми до ден денес се шегува за тоа колку била исполнета кога комшивката доаѓала кај нас, само тогаш имала на кој да ги пренесе своите готварски способности :lol: Ниту јас, ниту брат ми не сме покажувале никаква заинтересираност за готвење :)
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Па искрено, не ми се случила некоја поголема утка, освен можеби само еднаш. Во принцип, единствените грешки при готвењето што ги правам се од типот пресолување, или пак воопшто не ставам сол понекогаш :$ (добро, сега не заборавам). Ама знам дека еднаш кога сакав да им направам торта на моите за годиншнината од бракот, ја утнав. Не го утнав рецептот, ама не го ни погодив. Се залетав, ќе ја правам Египет тортата, а дотогаш в кујна немав влезено :lol: :lol: (средно бев, некои си 16-17 год.). И ја правев кај тетка ми, во комшии, затоа што не сакав моите да ја видат, па да пропадне изненадувањето.
    Имав помош, не велам не, ама толку си бев самоуверена дека јас сама ќе ја направам да биде the best 8) .
    Тестото супер излезе, ама кремот... одев по рецептот и ми испадна - вода, од течен потечен - не се мачкаше на пандишпанот, туку се разлеваше на сите страни по масата. Сум ставила многу млеко и затоа испаднал така, а плус беше и 11 август, топло, претопло, се живо ќе се истопи. Побудалев дури ја филовав тортата, не знаете што се не сум ставала во филот да го „здебелам“, ореви, бисквити, бадеми, лешници - се живо испомешав. Ја филовав тортата со тоа што остана, ставив шлаг и демек готова е, да одиме дома на ручек - тетин ми го расипа изненадувањето(немаше поим дека е изненадување) :rofl: :rofl: :rofl: џабе трудот да ја скријам :lol: :lol: :lol:
     
  6. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Кога готвењето не ми оди од рака , се ми е освен смешно :| |(
    Прв воедно и единствен пат кога ми успеа да направам палачинки без никаков туторијал , бев пресреќна.
    После тоа очајно се трудев ама не бидува :^) Не ми е гајле , немам веќе ни сили ни мотивација да се трудам , истото со мусаката.На работ да се расплачам сум кога ќе ја видам изгорена ;(
    Незнам дали тоа е така зошто мене лично ми е криво , или затоа што претерано се фалам со моите кулинарски вештини па сум разочарана !
     
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Постојано правам нешто во кујна. Знам да експериментирам со тоа што додавам или одземам нешто на рецептите. (најчесто додавам....и тоа без усул)
    Уште како мала со другарка ќе земевме да правиме затворени пици. Па си ставивме кецелки, такви куварски капи и со многу ентузијазам решивме да не употребуваме рецепт. Деца.. :fubar: Тестото 4 пати го правеме од ново и едвај ни испадна последниот пат. Се јадеа...едвај...
    Сега кога веќе сум малку поголема, не одам до екстремност. Правам како што пишува. Не си играм многу со состојките, и внимавам какви вкусови комбинирам.
    Ми се случува некогаш, нормално, нешто да ми загори, да пресолам и сл. Како што се усовршувам, се помалку.
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Уф и јас имам несреќен момент со тесто за пица.
    Го замесив убаво, киснеше како што треба, дури и се изненадив колку е мекано, си мислев пицава ќе биде прсти да излижеш.
    Кога ја извадив - камен не и' беше рамен.
    Ќутук.
    А јас уште и ги поканив другарите и типот кој ми се свиѓаше тогаш, да се воодушеви од моите кулинарски способности.
    Кој грев сум била значи.
    Овие другариве пробаа, арно не скршија заби и ни две ни три - А да ни спржиш ти јајца на нас?
    Симпатијата срамежливо си ја дојаде пицата. Џентлмен бре! :D Уште ми рече - па не е толку лоша.
    Не бе ич, тоа вилица да укочиш од џвакање.
    Не знам навистина што се утна, нешто во тестото, или во печењето, како и да е, ретко замесувам тесто, си купувам готово оттогаш па наваму. :D
     
  9. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    хахах еднаш со сестра ми си викаме ајде ке правиме палачинки. Гледаме во фрижидерот имаше само едно јајце :D , му се израдувавме и се зафативме со работа. Сестра ми го зеде јајцето, го чукна и... шљап во корпа а лупките во садот. Ја гледав зачудено дали е свесна што работи или пак сака да ме зеза нешто (сепак јајцето единствено беше :D ) И велам добро што правиш? кога таа се свести што направила и двете прснавме од смеење и за жал останавме без палачинки, се инатевме која ке оди до продавница да купи јајца, така се скаравме и си фативме сеир. :rofl:
     
  10. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Некои големи утки немам, ама еднаш месев леб и требаше да го печам во фурна, ама фурна и шпорет не е исто. За 5 минути се јагленоса , а внатре остана жив. Добро што имав замесено мали лепињи па се извадив со втората тура, инаку цело друштво сеир ќе ми фатеше, а три дена им зборев дека леб ќе месам :D :D :D
     
  11. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јаооо и јас си имав фешти :$ обожавам да готвам НО еден ден Боже пази ке ги изненадувам моите со ручек печено месо. Седи бе не ме знаеш прва година дали бев ... ископав некое месо го дував со Фен пошто беше од замрзнувач .. не се омекна па ај под вода и на крај го шлапнав сосе компири и зејтин во тавче и оп во шпорет ... по само еден саат го извадив .. имаше што да ручаат моите не викам не :D желудник три недели ги болеше :D Се шалам. Месото отиде во комшии кај домашни миленичиња а ручавме бурек :$


    И кога бев уште помала тато сакаше салата а дома немаше ништо и земав јас од канта собрав лушпи од краставици,од патлиџани шишарки,морков земав и на тато му изецкав салата прсти да си излиже,три кила сол и оцет му ставив а сиротиот мораше да ја проба па уше да рече многу е убава ама после ке ја изедам.Кој знае во која канта ја фрлил :D :$ Сирот тој со мене :)


    И на одмор еднаш пудинг ке правам ама не во тенџере јас паметната во ШЕРПА хаха ... остајте што го подзабораив па на крај тоа на се личеше само на пудинг не.Како бетон да јаде човек и и тоа поштено отиде во канта.


    Ама затоа сега махер сум испраксирана за се :$ Њам њам не си го срамам знакот биковите се добри готвачи а јас не се двојам. Пораснав шта бих друго рекла 8)
     
    На QueenElena, dancing.queen, najubava2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. cinderellce

    cinderellce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    47
    хехе баш се изнасмеав на темава....иако јас ретко влегува во кујна и сум немала некој поголеми утки.....но една морам да ја издвојам.

    Јас и сестра ми и спремавме торта на мама за роденден требаше да биде изненадување и навистина незнам што утнавме ама тортата ниту се подигна при печењето ништо како затепано беше тестото, а нас ни беше прв пат да правиме торта и знаевме дека не треба да е таква ама веќе бидна а мама стигна на врата така да немаше време за корекции :) па дури и свеќички наредиме на „тортата„ :rofl: :rofl:
    А мама и тато за да не не разочараат јадат од тортата која не се не џвакаше и не фалат, колку била убава дека наредниот пат ќе биде подобра хехехехе
     
  13. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Ај да пишам уште една глупост што ја имам направено во кујната :D
    Ова е одамна, пред 7 години отприлика. Си седев јас со другарките кај мене во соба, а мајка ми имаше ставено супа да се вари, ама не од оние купечките супи, туку домашна супа по нејзин рецепт. Мајка ми влезе кај мене во соба и ми рече дека таа морала да излезе, имала некоја работа, па да сум ја тргнела супата од шпоретот за 5-10 мин. ќе бидела готова. И реков „добро мамо“ и таа замина. Арно ама, како некоја склерозна баба, во истиот момент заборавив што ми кажала мајка ми :D Една од другарките предложи да одиме на едно паркче близу до мојата куќа, да си поседеме таму, бидејќи беше пролет и времето беше многу убаво. Се соласивме сите и заминавме. После отприлика еден час поминат во паркот, мене наеднаш ми текна за супата што ја оставив сама да се тргне од шпоретот :D Се стрчав накај дома најбрзо што можам, но веќе беше ептен касно. Што да видам: целата супа изврила, немаше ниту капка супа, останало само фидето во тенџерето и тоа дури се подигнуваше од превисоката температура :D А пак за мирисот да не ви спомнувам: целата кујна мирисаше како во неа да изгореле два кубика дрво :D Си реков во себе: мајка ми ќе ме отепа кога ќе се врати. За среќа, татко ми си дојде пред неа, па ми помогна да го истријам тенџерето, бидејќи имаше дебел слој на изгорено фиде залепено на него. Јас сама се мачев да го исчистам, но не можев. Татко ми го зема тенџерето во рацете и го истри со ноктите :D Го оставивме неизмиено и така само малку недоистриено, за да не се посомнева мајка ми, бидејќи секако ќе ја осети миризбата кога ќе си дојде :D
     
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.080
    Пол:
    Женски
    ЕДна вечер сама дома и ај викам ќе си направам пуканки и ќе гледам филм. И така си ставив зејтин , сол и пуканки во тенџере. Си испукаа, ги пробувам , многу мрсни ми се видоа, ама алчна јас си јадев, јадев и останаа. Си доаѓа сестра ми , ги пробува и ми вика- абе ти се растури вода врз пуканкиве? И јас не бе, дај да пробам. Кога ќе пробам :puke: Од премногу зејтин после некое време пуканките беа катастрофа.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.195
    Пол:
    Женски
    Биковите се добри готвачи?! Озбилно Теди?
    Јас не знам од кај да почнам со уткиве. Затоа веќе не се ни обидувам. Трошам мастрав само и завршува во канта :x
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  16. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Виножитке :D ме изнасмеа :rofl:

    Биковите се добри готвачи сигурно ти кажувам АМА - Ако сакаат и се потрудат :D :D :D

    А тоа не се случува секој ден од нашата ни позната пуста болест -мрзливост, :rofl: :rofl: :P :P
    :*
     
    На Avril.09 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.195
    Пол:
    Женски
    Па тоа е тоа што јас го викам вечниот конфликт со самата себе. Гурман сум, сакам убаво јадење, а мразам да готвам. Сакам да изгледам секогаш убаво, а од гурманскава страна не може нешто да не се прикачи(па по толку јадење нели) и на крај се нервирам ако сум се здебелила. Е затоа не влагам во кујна и ако не е дечко ми дома да зготви не ни јадам воопшто.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Јас еднашка (брзо беше) доаѓам од школо и ќе сум пржела копмири :D И земав све изљупив стаив и си го остаив тенџерето а јас отидов кревети да местам. И коа да видам тие цели испогорени а унатре живи а јас со цел памет ќе ги јадам. Друго еднашка земавме со братучедка ми палачинки да праиме и налупавме зејтин оно никако да искочи. И пробувај по милионити пат и испаднаа некакви ( колку да можат да се јадат :lol: ) Ама после филот беше закон. Напраивме некои со крем и бисвити па и ораси им бапнавме и банани и кога да пробаш тоа благо не се јаде а едни со кечап и кобасици :lol: Абе ќути не исповраќавме од нив :lol: :doh:
     
  19. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    сега да не се фалам многу,дали поголема се научив и знам да готвам,дури и сама си измислувам мои рецепти,ама како помала лелелелелел само во кујна да не ти влезам.

    -мајка ми не беше дома и јас ќе пржам компири,ставив да се загрее зејтинот а оно во тоа тенџере мајка ми да го ставила за миење,и имало вода а јас си чекам да се загрее добро да зоврие.
    чекав така едно добри 20 минути,и нешто почна да мириса и да се крева димовици насекаде.јас глупава па дури и ставив прва тура компири да се пржат,хахахахх.и се знае се дигна жолт пламен,ми се запали тенџерето,јас имав 12 години и со што да го угасам огинот земав вода и лиснав во тенџерето а тоа уште повеќе се запали(кај се гасело зејтин со вода :lol: :lol: )земав потоа со крпа го извадив тенџерето надвор на тераса,ама успат ми падна лажицата и го изгорев тепихот.плачев и се смеев во исто време.од една во поголема глупост западнав.потоа се се стише,проветрував цело време и тенџерето го фрлив во корпа.после неколку дена мајка ми и притреба тоа тенџере и кога го најде ме караше зошто да не сум го фрлела немало да рѓоса како што беше,ама ајде јас дете од каде пак и тоа да сум знаела. :$

    -втората глупост е кога пред 6 години првпат за роденден сама ќе правам торта,и таа ден имавме гости од србија дома,јас ја направив ја исшарав и се беше убаво се додека едната братучедка од србија не извади од уста хартија,а тоа јас сум ја заборавила да ја извадам хартијата од корите што е(зошто беа готови кори) да ја извадам,и затоа така останала.пропаднав во земја лелле :tmi: :tmi: се посрамотив
     
  20. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Ми текнува лани сакав сама да направам палачинки за прв пат.
    И се јавив на баба ми за да ја прашам за смесата и ми кажа и ја направив убава излезе.
    Кога почнав да турам со лажицата ни р од рамно тавче не се познаваше, ја турај тоа испечисе набрзина и додека сум турила од една страна на другата палачинката готова па пак одозгора турај од смесата и не беа тоа палачинки , палачинкишта беа и секако после првата која заврши в стомак (од мерак) другите завршија в канта :D и од тогаш не пробав друг пат да правам.
    Имам гледано како се прават повеќе пати и ми излгледаше тешко, ама лесно било од гледање , ајде да те видам направи , ми се чини немат да се науча да пра лапачинки ко што требат. :D