Ха ха х Имаше еден случај каде што македонски извршител му испратил на некој институција за извршување во Германија и знаеш што одговор добил :Ауфидрзен
Со право добил таков одговор, од каде на каде мак извршител да испраќа така Си има јасна постапка согласно меѓународното приватно право
Дали има некој што може да ми одговори на едно прашање? Според секрерарката каде што сум вработен ми завршил долгот кон извршител.Но извршителот вика должиш уште и почнаа да ми кратат 1/3 од плата.како е можно ова..како да постапам?загрозен сум
Кога извршителот го пуштил налогот на твојот работодавач, износот бил пресметан на главен долг со камата и трошоци до тој ден. Да речеме дека до тогаш пример е бил 20.000 ден. Ама тебе ти сопираат пример по 3000 ден на преостанатите 17.000 тече камата. Е сега ти си ги исплатил тие 20.000, ама во рок од 1 година пример, а камата си тече цело време додека се плаќа, само еден месец на 20000 следниот на 17000 следниот на 14000 итн. Би требало некоја помала сума од камата да е собрана до сега. Во секој случај можеш да ги собереш сумите на досегашните уплати и да споредиш со извршното решение, или да прашаш за појаснување кај извршителот.
Побарај од секретарката на фирмата документ во кој ќе пишува колку вкупно пари фирмата му префрлила на извршителот и период од кога до кога. Направи споредба со документот од извршителот колку пари треба да вратиш. Ако ти е вратен целиот износ поднеси приговор, односно жалба до извршителот заедно со копија од доказните документи дека ти е исплатен во целост долгот.
Секретарката рече дека вкупно 179 000 ден имам платено и го извести извршителот .Одговорот беше дека само 128 000 имаме платено и со новиот налог почнаа да ми стопираат еве 3 месеци.кај да се обраќам незнам .плус приговор сме напраиле до преседателот на судот веке 3 месеци ништо не се превзема.како е процедурата?што можам да сторам бидејки по втор пат ги плакам истите налози?
@Forca Е адвокат најточно мислење ќе ти даде како да постапиш. Јас би ти рекла фирмата за секој месец што му префрлала на извршителот да ти достави изводи од банка и врз основа на тоа фирмата да престане да ти сопира пари на плата. Имаш ли поднесено приговор до комората на извршители? Штом со извршителот немаш разбирачка...
Vo mk sto sakat neka pravat na moe ime nitu imam nitu planiram da imam a kako bi mi gibale vo stranstvo ? Stranska zemja to sto imam na moe ime smetki itn
Овде ти дадовме 150,000 мислења, и на Фб во една група почна да спамаш.Па и копи пејст си праиш.И таму ти ги кажаа истите работи, ја не знам што не сфаќаш дечко? да ти нацрта некој? ај ние овде сме безобразни ќе речеш, на Фб истите работи ти ги зборат ко и овде.Следно на Инстаграм да почнеш да прашуваш
Прво почекајте го одговорот од претседателот на судот, за жал бавно оди во просек до 6 месеци одлучуваат, после имате право на жалба до Апелација. Во однос на налогот работодавачот треба да го почитува инаку извршителот од неговата трансакциска сметка ќе наплати, се додека работодавачот не добие известување од извршителот ќе ви одбива од плата и исплаќа на сметка на извршителот. Второ приберете докази дека сте платиле повеќе од тоа што треба односно дека извршителот ве оштетил при вршење на работата, од комората на извршители побарајте известување каде е осигуран извршителот и поднесете барање за настанат осигуран случај во осигурителното друштво од таму ќе испитаат и ќе ви ја исплатат разликата односно тоа што ви е наплатено повеќе. Друга опција е да го тужите извршителот за надомест на штета но тоа ќе биде ептен бавно и никој не може да ви каже однапред дали ќе успеете иако сте во право. Пробајте сами да завршите работа ако не успеете ангажирајте адвокат.
Може да гибаат и во странство, во секоја земја си постои закон за меѓународно приватно право по тој закон ќе побараат признавање на одлуката од мк и ако се признае мк одлуката од судот во чија земја си, тогаш имаат право да те дадат на извршител во странство и да си наплатат според законите на таа држава, значи има начин зависи колку на доверителот му се исплати да ја тера работата, единствено што може да те ,,спаси" се цените на адвокатските услуги во странство таму може да изнесуваат колку што изнесува долгот, а доверителот треба да ги плати однапред, затоа и речиси никој доверител не го користи овој начин туку чека овде кога тогаш да дојде до наследство и од тоа да си наплати
Тој спама таму, но некои му дадоа реални одговори кои се правно издржани ама некои се бетер од него со глупостите што ги напишале ќе му одземеле виза, немало ни една држава да му даде и слични глупости. Во таа група секој дели правни совети од правник до контролор во ЈСП.
Јас сум платил 179 000 фен.а извршителот вика дека 120 000 сега со камати должиш уште 110 000...втор плакам и никој ништо не им може
Благодарам.докази имам бидејки наплатените налози се во секретарската служба.од моја плата секој месец по 3000 се земани тоа е е сигурно.каде отишле незнам.дека сум моментално загрозен тоа е сигурно