1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имаш дечко ама не и друштво?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од baby.90, 28 февруари 2011.

  1. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Имам еден проблем и би сакала совет од вас???
    На почетокот на нашата врска другарите на дечко ми се однесуваа супер спрема мене. Иако јас и дечко ми сме разлика 10 години, нив тоа не им пречеше зошто двајца негови другари имаат жени кои имаат 22 години, значи не мн постари од мене. Се беше супер со нив, излегувавме, се дружевме но после извесен период откако видоа дека јас и дечко ми ја тераме за озбилно работата, како да се налутија а зошто незнам???? Ниту јас ниту тој не им згрешил, секогаш биле максимално почитувани од наша страна. Приметив на неколку пати пробаа да ме омаловажат пред цело друштво но јас глумев дека не ме навредиле, за да не мислат дека го постигнале тоа што го сакаа.
    После тоа му збореле на дечко ми дека редно време било да ме откачи зошто они не ме сакале??? (а што па они имаат да ме сакаат? или не им одговарам, односно не сум ку*ава ко нивните жени кои имаат по 2-3 профили на фб за да не ги изгубат додворувачите? кои излегуваат секој викенд сами? чии деца наместо мамо ги викаат мајките дадо? кои не се прибираат дома? или можеби се љубоморни зошто гледаат дека нас Фала му на Господ супер ни оди, супер се сложуваме) Навистина незнам зошто??????
    Како и да е, мене со тие луѓе не ми е пријатно да седам и да правам нормален муабет ко ништо да не е, кога е. Зошто на некого да му правам лице кога едноставно не го сакам?
    Дечко ми ме поддржува, им кажа дека не е ок нивното однесување спрема мене, дека му значам и сака да имаме заедничка иднина, дека не го интересира дали ме сакаат они или не, туку треба да ме прифатат и почитуваат зошто сум негова девојка.
    Од тогаш почнаа и него да го избегнуваат...
    Сега сме без друштво, излегуваме сами, супер ни е, стварно многу се сакаме, ама осеќаме на моменти дека ни фали друштво, ни фали пар (дечко и девојка) за дружење, да излеземе на кафе, пијачка, кино, диско итн како што ни било претходно. Не е исто да излеземе јас и он и другар негов или другарка моја...
    Многу зезната ситуација... Навистина ни фали друштво, не сме идиоти за да не се дружиме со никој, ама ете едноставно некој не сака да се дружи со нас, поради мене.
    Многу ми е криво што него го избегнуваат заради мене, тоа се луѓе со кои што пораснал, и бил цел живот заедно. Несакам јас да сум причината. Само не сфаќам зошто толку не ме сакаат, ниту сум ги навредила, ниту сум се однесувла ко што не треба, ништо од тоа.
    Што е најтрагично не ми ни дале шанса да ме запознаат подобро и да оценат каква личност сум јас. Они го ставиле тоа во глава дека јас имам 20 год они 28-29-30 и толку.
    Да бев некоја лоша, па да сум им згрешила нешто ке сфатам, ама вака ????????
    Некој совет добро би ми дошол, фала ви многу!!!
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Имаш дечко ама не и друштво???

    Па и јас и дечко ми сме така. Ретко кога излегуваме во парови и скоро секогаш сме сами. Ако излеземе во парови тоа е со братучед му и девојката негова, а се случува 4 пати годишно. И знаеш што, батали тоа што немате друштво ви фали бла бла. Подобро вака, барем нема кој да ви се меша и прави проблеми. Јас досега со неколку дечковци имав проблеми ради другарите нивни. Доволно е да се позезаат на негова сметка дека ете да речеме е папучар за да му го исперат мозокот. Нели егото ќе му проработи тука, па да јас не сум папучар па да бе ќе ме зезаат другарите, ќе им покажам дека поинаку знам и ќе ти се понаша грдо. Мене многу ми е убаво вака, барем со такви глупости не се оптоварувам и никој не ми се меша во врската, ни па ни соли памет кога треба и не треба. Затоа, биди среќна вака оти поинаку можеби е и полошо понекогаш :)
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Имаш дечко ама не и друштво???

    И јас и мојот вереник немаме некој пар со кој излегуваме постојано бидејки моите другарки а и неговите другари имаат партнери/ки чие друштво дали мене или нему не ни одговара. Во последно време знаеме да излеземе со брат ми и снаа ми, понекогаш со еден од неговите другари и неговата девојка и толку значи немаме некое друштво со кое интензивно се дружиме заедно. Контактите и дружењето си го одржуваме индивидуално, јас со моите другарки, тој со другарите.
    Ние до душа не ни излегуваме често, двајцата сме пушачи а законов не убива па најчесто или одиме по гости или ни доаѓаат.
    Така да не се грижи за неговите другари тие ако му се вистински другари нему ќе те прифатат и тебе кога ќе видат дека тој има сериозен став за вашата врска, и по некое време се ќе се среди. Немој да се нервираш и оптеретуваш со друштвото битно е вие да си се сакате и да ви биде убаво а друштво ќе се најде секогаш.
     
  4. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Имаш дечко ама не и друштво???

    Се нервирам, затоа што најмногу ми беше криво што него, заради мене почнаа да го избегнуваат. Се дружел со тие луѓе цел живот и заради мене да прекине дружба, тоа не ми беше сеедно, ама полесно ми е откако видов дека него не му е битно, дали е со нив или не.
    Сега излегуваме сами ние двајца, неможам да се пожалам интересно ни е секогаш кога сме излезени, ама сигурно ме разбирате што сакам да кажам, дека некогаш ти фали муабет да седнеш и да направиш со некој друг, малку поинаку да ти тече вечерта.
    Како и да е веќе ми е многу полесно откако знам дека проблемот не е во нас двајца.
    А другарите негови, ко што вика дечко ми, остави ги ке дојдат пак на моја врата и ке ме побараат, само да не им е касно малце...
    Оффспринг во право си за зезањето, на мојов може и да му рекле такво нешто а да не ми кажал, само никогаш не се однесувал лошо спрема мене поради тоа. Секогаш е на моја страна,зошто знае дека никогаш не сум помислила ниту пак сум кажала, лошо за нив. Се разочара од другарите и не му е јасно зошто не можат да прифатат дека е среќен.
    Како и да е, фала ви многу феминки!!! :)
     
  5. Frosin4e

    Frosin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Имаш дечко ама не и друштво???

    види вака знам дека сум 2 години помала од тебе јас сум во ситуација во која морам да бидам со друштво не можам без другарки да излезам од дома а кога ке стигнеме до чаршија понекогаш се разделуваме и имам приметено дека кога сме без друштво (без разлика дали со парови или другарки и другари ) ние си поминуваме дупло поубаво затоа никој ама баш НИКОЈ не ви треба само можатт да ви ја зафркнат врската
     
    На agirl17 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Имаш дечко ама не и друштво???

    Нема никаква врска што си помала од мене, проблемот си е проблем, секој овој проблем може да го има без обзир на годините ;)
    Ти ‘некогаш‘ си сама со него, а друго е кога ке бидеш постојано само со него кога излегувате заедно.
    Тоа е разликата. А дека може само да ти ја зафркнат цела врска, да ти направат збрка невидена, дефинитивно е така ! :)
     
  7. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
    Имаш дечко ама не и друштво???

    Ич да не се секираш :!: мавни ги,и биди си со дечко ти,биди си со луѓе со кои ќе ти биде интересно и забавно а не да се замараш со дебили :devil:
    не си ти крива што постои секаква малограѓанштина :^)
    инаку и јас како тебе-се нервирав во почеток,ама проблемот кај нас во друштво беше друг-натрпревар кој има повеќе :^) значи откако издипломиравме,најдовме по некоја работа,другарите и нивните женски :puke: гледаа само кој има повеќе ,ако купиме ние нешто -оп и тие,љубомора страшна,а дечко ми има најубава најплатена работа,од нив,па видете сега.никогаш не се перчевме,со сите добри добри,а тие зад грб-свашта...после неколку години редно беше да ги сфатиме,и да не се замараме со ни,значи си искачаме сами,или со брат ми и женска му,или со на дечко ми сестра му,а со нив само за родендени се викаме,и тоа е едно правење лице и лигавење од нивна страна ,што да ти кажам...
    сепак среќна сум си што можам да функционирам и без нив :inlove: и што научив да не ставам се при срце :!:
     
  8. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.257
    Имаш дечко ама не и друштво???

    Немој да се нервираш срце. Нема потреба од твоја страна :) Најважно е што имаш добра врска, затоа што на крајот секогаш само дечкото е тука а другарките/другарите те зафркнуваат на крај. Нема потреба од нервирање :* :hai:
     
  9. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Имаш дечко ама не и друштво???

    Бејби како што веќе можеш да забележиш не си единствена и јас со сличен проблем :worried: . Дефинитивно си поминуваме поубаво кога сме сами послободни и не треба да гледам како од страна некои ке реагираат на секој наш потег ..... НО факт е дека и тоа здосадува едноставно кога си во друштво е поинаква приказна муабети шеги еден едно кажал друг друго..... Другарите на дечко ми не дека не може да ме поднесат ама не ме сакаат баш ни приближно колку што ја сакаа неговата бифша . Клучното прашање е ЗОШТО ? ! барем кај мене а можеби е случај и кај тебе јас не сум од најпитомите суштества на планетава , нејќам да се лигавам и да им кревам акции не сакам да се наметнувам . Во секој случај само мал совет од мене , НЕМОЈ да му зборуваш лошо за нив што зборува тој нека зборува зашто не знаеш што може да се случи тој сега вака вика ама од кај знаеш нареден месец што памет ќе му дојде верувај ми ако е паметен многу ќе го цени тоа кај тебе . :hai: :)
     
  10. Frosin4e

    Frosin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Имаш дечко ама не и друштво???

    Ех мила јас се би дала повеке да сме насамо а ти обратно :?: што ти е животот ? но тоа е тоа сепак убав совет ти имаат дадено не зборувај лошо за нив бидејки може и да се смират и после ти да си таа лошата
     
  11. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Имаш дечко ама не и друштво???

    Видиш на ова не сум помислилам, дека можеби они сакаат да им се умилкувам и да се лигавам, ниту пак некогаш да им се наметнувам! :devil:
    Само тоа никогаш нема да се случи. Кога и да побарале мое мислење, секогаш сум кажувала најискрено, може нив тоа не им одговара :)
    Дечко ми имаше тешка повреда и неможеше да излегува од дома извесен период. Тогаш никој од неговите другари немаше, само јас бев со него постојано. Кога и да им се јавеше да ги викне кај него на кафе да се видат, они никогаш немаа време, секогаш имаа нешто испланирано или имаа работа. Тогаш дечко ми сфати дека тие не му се другари како што тој ги мислел до тогаш.
    Дечко ми за нив се правеше. Кога и да имале некој проблем, он одма трчаше кај нив.
    Така да он сам си увиде какви другари има, нема што јас да му кажувам, а тоа дека ке се смени нивниот однос искрено не верувам :?: :^)
    Ок ми е барем што знам дека проблемот не е во нас двајца! Фала ви најмногу феминки!!! :* :* :*
     
  12. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Имаш дечко ама не и друштво???

    Јас несакам некоја интензивна дружба, туку едноставно да имаш со кого да излезеш и да прошеташ. Да смениме малку. Од интензивно дружења со пар, може само да се деси да се испокараш на крај со луѓето, ништо друго. Инаку пак ќе кажам, неможам во никој слушај да се пожалам супер си поминувам кога сме сами.
    Фала ви женски премногу! Ова да и го кажев на другарка моја, ќе ми се изнасмееше и никако немаше да ме советува :worried: :worried:
     
  13. Frosin4e

    Frosin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Имаш дечко ама не и друштво???

    ее во такво никакво време живееме тоа е :(
     
  14. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    174
    Имаш дечко ама не и друштво???


    :D baby.90 не знаeш само каква срекничка си шо си го пронашла човекот од твоите соништа...те сфакам дека некогаш сакаш да смениш и да не е монотоно..ама мислам дека премногу си заземаш при срце тоа шо мислеле другарите негови...мислам дека кога видоја дека врската ви стана сеиозна,почнаја да љубоморат и да прават се за да ве скараат...добро е шо имаш зрел дечко кој е свесен да одреди кои му се другари а кои не...сепак ти во секој случај оддржувај си контакти со твоите другарки ,можеби некоја од нив ке си најди некој,кој како пар ке одговараат во вашето друшво...а воедно и никогаш не можиш да знаеш шо те чека понатаму и дека се ке е подмачкано како сега...затоа главата горе и само напред...уживај во прегратките на својот дечко...некои цел живот очекуваат да пронајдат некој таков кој ке ги цени и поддржва пред другарите и семејството ;)
     
    На Frosin4e и baby.90 им се допаѓа ова.
  15. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Имаш дечко ама не и друштво???

    Фала ти на убавите зборови :) Дај Боже сите да си го најдат тоа што го посакуваат!
     
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Имаш дечко ама не и друштво???

    Убаво те советуваа и другите феминки пред мене-гледај вас да ви е убаво,повеќе луѓе носат повеќе компликации.И нема што ти да се каеш што тие се оддалечиле од вас-тебе ти е чиста совеста ти со ништо тоа не си го предизвикала.И ќе ти дадам плус совет-кога те навредувале-си им попуштала,ова никако немој да го практикуваш никогаш и никаде-нема врска со возраста-на секој удар што ќе ти биде зададен-возврати соодветно,така повеќе ќе бидеш ценета.Се‘ најдобро.
     
  17. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Имаш дечко ама не и друштво???

    А да не им придаваш преголема значајност на неговите другари? Не мислиш дека си оптеретена со нив и со минималната комуникација која ја остварувате со тие другари? Што се замараш, остај ги нека си терат по нивно и ич не се замарај колку профили имаат нивините жени, како ги викаат нивните деца и дали се ку*ви или поштени! :^)
    Иницирајте вие средба, седнете некаде и потруди се да бидеш опуштена, да разговараш со нив, да се смееш на нивните шали, да им бидеш пријатна и да се зближиш со нив! Сега можеби не ти се допаѓаат како личности,ама во животот мнооогу пати ќе мораш да комуницираш и да бидеш блиска со некој што не ти е баш твој тип карактер! Се во животот функционира со доза лицемерие, па дури и овде на форумот во некои ситуации се одглумува близина!
    А сами со дечко ти не ве бидува, ќе ви треба друштво за било што,и за свадба,и за одмор, и за роденден, и за дипломска...за се! Човек сам не го бидува!
    Затаоа и ти потрудисе да се зближиш со нив и да им оставиш убав впечаток! Понатаму ќе биде полесно и близината ќе ви отвори многу теми на разговор и многу заеднички интереси!
    Инаку и јас сум помала во друштвотот на дечко ми но успеав да се адаптирам, да се зближам со неговите другари и сега веќе ги осеќам како свои другари (не сите ама повеќето) На сите можам да им најдам мани,па и на нивните избранички исто така можам да им замерам за сто работи :lol: ...ама не се замарам до толку со нив! Ги прифатив како другари на дечко ми и направив и тие да ме прифатат мене!
    Се надевам дека ќе го надмините проблемот и дека ќе ви биде супер! Поздрав! ;)
     
  18. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Мина, тука е проблемот, јас бев супер спрема нив. Значи јас си се однесував супер спрема неговите другари. Ми глумеа дека ме почитуваат и сакаат како девојка на нивни другар, одлично се однесуваа спрема мене (со исклучок на омаловажувањата) ама позади грб секакви муабети слушав, некои од нив ги пишав . Тоа е работата, што од моја страна нема никаква грешка, бев најискрена, најотворена, кога и да сме се виделе и да сме отишле на кафе, вечера, муабети сме терале со саати и сум им била нај ок.
    Мене воопшто не ми сметаат нивните жени, не е моја работа што они прават во животот и ни малку несакам да им се мешам, само го наведов како пример, дека јас не сум таква, па затоа ли не ме сакаат???
    Јас ги прифатив сите негови другари такви какви што се, не ме интересира дали се сиромашни, богати, идиоти, генијалци итн, едноставно ги почитував зошто се негови другари. Не ме интересираат нивните маани, 3-4 па и 5 саати можам да издржам со секого да правам муабет и да се однесувам најкоректно, колку и да не ја сакам таа личност. Со сигурност можам да кажам дека ниту сум им згрешила, ниту пак сум ги навредила. Тоа е поентата, јас бев најфер спрема нив, за они така да ми вратат...
     
  19. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Сличен проблем имаме и ние. Толку многу сличен. И токму поради тоа што повеќе од времето сме само ние двајца се плашам дека ќе се удавиме од рутинско правење на нештата. Сега за сега уште не не фатилоо тоа ама не е сеедно.
    Да поинтересно е искачање во парови, со друштво, едноставно кога сме само ние двајца не ни мора да идеме во град. А некогаш сакаш и да видиш луѓе, да комуницираш со повеќе, и да приметиш дали и покрај толку луѓе вашата љубов опстојува. А ако си заглавен само дома, и се гледате еден со друг секако дека нема да знаеш дали тоа е љубов која е вистинска.
    Сега и неговото друштво мене не ме пречека со широко отворени раце. Има 2 другари кои си имаа посериозни врски со години. И незнам што беше проблемот но не идеше кога искачавме во парови. Јас се трудев, незнам дали нив ги нервираше тоа што само јас сум од Ск, или па што дечко ми зима најголема плата, али тие постојано не навредуваа - немаше никакво почитување. Не ми е јасно зашто.
    ЈАс пак ако приметам дека на некој не му одговарам нема шанси да му се лизнам мазнам. Факт е дека светот денес успева само со лицимерие, но јас не сум таква. И така полека полека ептен се одалечивме од нив. Не викаа на родендени ама ја не идев, беше само дечко ми, на искачање исто не отидовме и толку. Сеа пробувам да се снајдам со ситуацијата. Сите мои другарки се сами, немаат дечковци, па неможе и дечко ми ајде на искачање со нас. И најчесто си седиме дома, гледаме филмчиња, идеме на вечери :inlove:. Уживам секоја минута. Малку е проблем неговото работно време за искачање.
    Планирам сега да му предложам да се запишеме на некој курс заедно, на танцување, преку викенди.
     
  20. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Па да се каже дека и мојата ситуација е слична.Со дечко ми не излегуваме многу во друштво и искрено мене ми е многу поубаво кога си излегуваме сами.Си имаме посебни друштва кои и меѓусебно се познаваат и некогаш јас и дечко ми нормално посебно си излегуваме со друштвата.Почесто излегуваме со моите другарки и другари зошто се повеќе приземјени,да се изразам така,за разлика од негови двајца другари,кои ме покануваат да излезам и јас со нив со пола уста.Секогаш настојувам коректно да се однесувам со нив,но едноставно они се такви,му зборат уште од почетокот на нашата врска да ме вара,да не ми обрнува толку внимание дека тоа било папучарски итн,значи ова ми го има кажано дечко ми поради тоа што и он смета дека не е ок нивното однесување,како што кажав никогаш ништо им немам згрешено.Имаме и двајцата видено дека не му се баш прави другари,но сепак одржува контакт со нив дека од мали се дружат и фамилиите нивни исто така.Јас не му имам ништо лошо зборено за нив,само му имам кажано дека не ми се допаѓа тоа што така имаат зборено,но како и да е,само ако е глупав дечко ми ќе ги послуша.За среќа до сега не ни имаат направено проблеми.Другите негови другари му се од маало и се многу пријатни.Со нив обожавам да седам.Многу се опуштени и за муабет и за зезанции.Ми се допаѓа нивниот однос кон мене,навистина гледам почит,кога се договараат за некакво излегување директно мене ми пишуваат и ме прашуваат.Малце го издолжив мојов пример ама ете сакав да напишам и да те прашам дали само тие неколку другари му се на дечко ти? На пример ако има и некои другари што не е толку близок како со овие кои не те прифаќаат,зошто да не одржува контакт со нив?