Ете , јас сенес си добив , на 18 ден од иуи . И искрено , не сум тажна . Ами надежна за следен чекор . Е сега идеме на хормонски статус . Имајте убав снежен викенд
Ајдее ајдее ситно бројам 12ден ми е уште два три дена ке почекам...Како се ближи времето за тест се повеќе сум нестрплива,се надевам ке видам ll
Да ми рече да продолжам со терапијата и по 10тина дена да одам Од кој ден се број бременоста која недела треба за срцева реакција Многу се плашам мислам позитивно ама пак нешто ме пецка
Тоа ти е прв ден, од тој ден ти се рачуна бременоста. Што значи од прилика си околу 4 и пол недели бремена. Затоа ти рекол за 10 дена на преглед за срценце да чуете, кога ќе бидеш 6 недели бремена
Здраво на сите. Без да должам , правев прва инсеминација овој месец на 14 февруари, четврток. Во неделата 17 ти, градите почнаа да ме болат и еве уште ми се преболни на допир. Си реков ете генијалец, менструален симптом уште веднаш за ниту надеж да немам. Но кога малку се замислив , прерано ме заболеа дури и да наговестуваат циклус, 13 дена. (Последниот циклус ми беше на 30ти Јануари) Друг момент е тоа што јас секогаш по овулација веднаш ми се јавува исцедок во обилна мера се до денот на циклус, нешто што сега искрено немам, скоро никаков исцедок. Ставам Кринон Гел секоја вечер. Една недела помина а оваа што следи ќе биде уште потешка. Дали некој се соочил со слични симптоми ? Верувам во овие 105 страници има многу случаеви па би сакала од некого да слушнам барем и утеха. На секоја тука и посакувам исполнување на желбата.
Ти честитам од срце! Нема поголема радост и дај Боже сите да си исчекаме. Веројатно секое тело си има свои симптоми и на различен начин јавува промени. Некаде ќе прочитам обемен исцедок најавува бременост, некаде отсуство на исцедок... но ми дава надеж тоа што овој пат е поинаку, барем се надевам дека ќе биде. Ти благодарам за одговорот.
Честитки @Lara 27 и со лесно да си ја износиш бременоста, уживај во секој момент од периодот кој ти претстои... Ти си ни пример дека со позитивна мисла и упорност се е можно! Многу се израдував!
Ти посакувам успех и две црти да видиш.Симптоми не барај,не и попуштај на подсвеста да работи за тебе.Најсигурен показател е тестот.
Женички 13 ден од иуи и повторно розев исцедок.Дали и оваа пат нема да успеам Немам храброст тест да правам се си викам рано е може нема да покаже реален резултат.На првата иуи се беше многу различно ниеднаш немаше никаков исцедок,а сега ете трет пат вака а од иуи нон стоп менструални болки како во секој момент да добијам.
Бета денес провери си ако сакаш, ако има бременост, можеби ќе покаже. Иако мислам дека е рано, нека ти доцни прво, па после тест. Ајде нека е успешно