Па венчаница е доволно, не поднесував колку време живееме заедно. Тие документи од списокот се поднесуваат. Плус 4Д ехо, копии од лични карти, два смермограма и спермокултура (најновиот да не е постар од 1 година, а со вториот да се минимум еден месец разлика направени). Тоа јас сум поднесувала за првото инвитро. Но пак би те советувала да се јавиш и да прашаш дали да поднесеш такви документи. За да не губиш време ако ти речат мора уште две инсеминации. Да не излезе да мора уште, а си изгубила време, за тоа време уште една иуи ќе си направела.
@Dance27 како што ти пиша и @Оли ако сте без тежок машки или женски фактор а си без врски тешко даваат само со две. Хормоните во ред ти се? АМХ испита ли ,јас на твое место боље би прашала пошто кај нас се беше ок и сакавме со две инсеминации да пробаме за ваучер ама јас смотана кога не ги слушам членкиве овде си стаив и резултат од ниско амх па добив ваучер со донирани ј.клетки. А пред неколку години ми дадоа ваучер одма со основни испитувања,ни инсеминации ни ништо бараа,ама сега незнам што им стана.
Девојки еве поминаа 5 дена откако го прекинав утрогестанот а сеуште немам добиено дали на некоја и се има вакво нешто случено
Спермограм каде ќе правите? Само на клиника разбрав дека се правело . На Авицена и била одземена лиценцата , незнам од кои причини. Мм во Авицена правеше лани. Сега ќе барам упат или нз што да правам
Незнам кога ке одам за ПАП и микробиолошки брисеви ке прашам матичната каде треба да правеме спермограм бидејќи не сме од Скопје од друг град сме. А колку спермограми се поднесува за ваучер еден или два?
Ти пишала Оли, два спермограма и две спермокултури со повеќе од еден месец разлика, додека поновиот да не е постар од 1 година. Правете си на друго место, јас сум така изгорена од Авицена моја нога не стапнува таму ни случајно повеќе.
А срцка може ли и двата да се од иста лабораторија?.Мислам некаде дека прочитав требало да се разлика еден месец но и да бидат направени во различна институција?
Јас од иста сум поднесувала и не сум имала проблем. П.с спермокултура никогаш не сум поднела ,ниту ми побарале . Три ваучери имам земено
Мене Др ми рече спермограм и спермокултура. Ти со колку иуи направени поднесе? Јас сум само со две иуи неуспешни и извештај ми даде кај што предлага да се оди на ифв кажа кога ке поднесам и извештајот да го дадам
Со една иуи Ама јас сум со ектопични бремености . За тие со ванматерична бременост обично не бараат иуи
Денес ти е 16ти ден можеш утре да направиш.. знам и јас не ги сакам воопшто тестовите, никогаш не сум видела позитивен, посебно оној не го сакам sure check
Ќе пробам да соберам сила ептен затоа што утре ми завршуваат дабростонот,а ми рекоа до 18ти да ги пијам...(незнам зошто),мада можно е во секој момент да добијам...неможам више ни симптомиве пмс да си ги разграничам...све ми се измеша....
Напрај не си ја мачи душата,кога ти е ден за недобивање? Јас исто имам симптоми за добивање,исто ко секој месец и осеќам дека не сме успеале,ама секогаш е тука мала искра надеж дека симптомите биле исти ајде прај тест и дај боже ||
Мислам дека треба да не се постари од една година Ама не сум сигурна , навистина Јави се во фонд ,ќе ти кажат за најсигурно