Pak jas,ispadnav ko seznajka denes hahaa.Spermatozoidite prezivuvaat i do 72h taka da i da bilo rano i da nastanalo prskanje na folikulite podocna sepak tie se sretnale Me bockale na 22,24,20
Да, да, баш Е јас само уште димери не сум испитала.Дај Боже кај сите, ќе биде, мора да биде Искрено се чувствував толку осамена оваа година (кога не бива и не бива) и мислев само мене ми се случува ова (иако реално знам дека не е така). Сега барем за сите се надевам дека ќе биде што побрзо
Не, не е рано, го прашував докторот баш за тоа, вика подобро порано па дури и неколку часа пред овулација со оглед дека сперматозоидите преживуваат повеќе часа во матката.Полошо е доколку се врши покасно бидејќки јајце клетката е само неколку часа оплодлива. Првата и мене ми беше околу 26 часа после прегнил, втората после 36 е сега и третата ќе биде околу 36 часа по прегнил.За првата фоликулот ми беше 23, за втората нешто помал. е сега за последната баш вчера ми даде два хормони за побрзо созревања (зашто беше околу 15), па 4 часа после тоа примив прегнил.неможам да знам колку биле до прегнилот.
Прегнилот ги вратиле во продажба? Зш знам ги немаше,јас си имав резерви,ја форсираа една друга Овитрел така нешто 2000 ден шо е ://
Да, и јас вчера баш приметив дека пак ми го дадоа. Најпрво уште пред да почнам со инсеминациите ми даваа прегнил, (чисто само за пукање фоликули), после за инсеминациите ми даваа Хоримон нешто поскап од прегнилот (околу 800 денари, ако не грешам), со иста функција како и прегнилот, а вчера пак прегнил што е доста поефтин.
Добро утро женички .Денес ми е 9 ден пост иуи и знамм дека е пре пре рано ама.. Вечер славиме моминска на другарка и ме интересираше дали смеам да испијам енда чаша вино по тој повод затоа што многу внимавам инаку , знаев чат пат да запалам цигарче сега не ни помислувам Сакав да ве прашам дали можам да се напијам две тро голтки од виното или сепак само да глумам ?Направив тест ,знаејки дека е пре прерано - мислам дека сеуште сонувам - видов втора пребледа линија ! Стоп инекцијата ја примив пред 11 дена ,не би ваљда да е таа , знам дека до 8 ден се чисти од организмот. Мислев дека халуцинирам и го разбудив и маж ми ја виде и тој Утре ке правам друг се надевам бар малку ке затемни , во бунило сум . Се исплакав рано сабајле . Не знам сеуште дали е реално ..
Дај Боже за 2 дена линијата да е жар црвена не мислам дека неколку голтки вино би биле проблем,ама ако ти е шубе,тогаш не пиј за да ти е помирна глата
Сега почна да ме јајт црвот и јас да напрам тест хахаха,11ти ден ми е денес броејќи го и денот на инсеминацијата ,иако си ветив овој пат дека ќе чекам 14 дена како шо ми беше кажано,ќе видиме дали ќе издржам
Мене само 9 ден после иуи ,вчера козметичарката ме праша да не сум бремена затоа што чудно сум реагирала (без да знае ништо се разбира) и некако тоа ме поттикна да го направам толку рано и за мое изненадување имаше премногу бледа само на светлина видлива втора линија(и мм ја виде ) Ке го повторам се разбира . Белки нема пречат две голтки ама сепак не ми се ризикува после ова . Си плакам цело сабајле ,што од среќа ,што од неверување. Земи некој посензитивен тест доколку правиш драга (после мене си ти штом ти е 11 ден )јас правев со Шурчек а тој баш и не е сензитивен ,утре ќе земам од оној Престо (Рано) и ке проверам пак Стискам палци и ти пуштам среќа драга ,доколку правиш тестче
Пред тебе ми беше инсеминацијата,на 22.05,истрчав сабајлево напрајв тест од оние ефтинитие од ebay,негативен испадна,на 7 дена до добивање сум.
Затоа ти кажав да пробаш со посензитивен, дека и на двете не ни доцни сеуште тестираме пред доцнење .. не знам какви се тие тестови немам користено од нив .Причекај ако не уште ден два и купи за рана детекција Како и да е многу рано е, немој да си се разочарувала ни случајно Мене срце не ме трпи , ќе купам утре друг
И јас се прашував за истото.јас вчера правев инсеминација а денес имам важен настан.затоа го прашав докторот дали смеам да се напијам чаша вино, рече може една чаша црвено вино или пиво.жестоко не.мислам дека нема да штети една чаша.и со среќа, верувам дека тестот ти е сигурно позитивен
Добро утро женички Сабајлево го повторив тестот два направив и Шурчек и Престо и линијата се гледа убаво не треба ни светлина да се види .Сеуште не ми се верува ,на секоја една од вас ви ја посакувам да ја доживеете оваа среќа што поскоро Денес ми е 10ти ден од иуи, утре ќе правам друг , да ја гледам прогресијата на линијата и кога ќе се изедначи ќе проверам преку крв Женички пресреќна сум
Благодарам драга ,што побрзо на твоја глава па заедно да се радуваме Ќе проверам утре преку крв .Ајде па да повлечам нога за сите вас што чекате