Здраво, дали некоја има скоро правено инсеминација во Систина. Ме интересира колку ви наплатија за инсеминација?
Мене во септември ми наплатија 10,500 мкд + 1,450 за фоликулометрија. Терапијата беше дополнително над ова, зависно што ќе примиш.
Девојки вчера ја направив мојата прва инсеминација. Многу едноставна процедура, што трае кратко, може да се каже како земање брис. Ендометриумот ми беше 11мм, а фоликулот 21мм. Ни рекоа наредните денови да имаме односи. Но ние за жал не сме во можност, маж остана службено во ск, а јас се вратив дома, заради работата. Не се поклопија работите, ама што е тоа е. Не се надевам месецов, зошто фоликулот не беше пукнат
Денес правев ми наплатија 11.050 а пред два месеци ми наплатија 10.500 ден. плус терапија и фоликулометрија
За жал секаде цените изгледа одат само нагоре. Нас се повеќе не има и они се повеќе се богатат на нашата мака
Овитрел, од аптека тука кај нас ја земав. 2200 мислам ја платив. Ама за нареден пат ако имам потреба ќе одам ако треба сама и од Солун ќе си ја набавам.
Мила јас правев сега во ноември ме чинеше 11050 плус 1690 за лабароторија што ми испитуваа хормони,таму толку платив.Плус терапија ама тоа од аптека кломифен,две инекции триптофем,фемибион и дабростон и јас дополнително за генски мутации примам имприл
Денес правев втора инсеминација и толку ме кошташе а претходна 10.500. Затоа сакав чисто да прашам дали и на други толку им наплакаат. Мене ми дадоа терапија Утогестан вагиналети, аспирин 100 и фемибион 1 секако во аптека плус си платив за терапијата