Кај кој доктор? Имам прва неуспешна инсеминација во New Born. Овој месец планирам на Гак без стимулација, така ми кажа Тофовски. Ќе идам да си пробам среќа,без очекување Па разгледувам опции за понатаму дали пак new born или систина. Во new born поскапеа 18.000 ден е само инсеминација
Дали пред инсеминација примаше клексани? И јас сум со мутации. Бев кај Јани и ми кажа од позитивен тест клексани, се мислам да не треба и пред инсеминација..
И јас бев кај Јани, на извештајот ми стои клексани по позитивен тест, ама на последната инсеминација докторот што ја правеше ми рече да примам од првиот ден на инсеминацијата. А пред инсеминација не сум примала.
Од први октомври е 18.000 ден. Мене ми ја сменија цената у сред процедура. На денот на инсеминација прашав, дека прво ми кажаа една цена после 10 дена друга. Ми дадоа само 15 % попуст, не по стара цена. Имаат промени на сите цени..
Кај димитров 2 правев првата биохемиска втората неуспешна. Јас без стимулации бев само со стоп инекција а после инсеминација аспирин и добростон
прва неуспешна инсеминација. Ме интересира пошто читав дека преку еден несец се правело на Гак инсеминации дали еве ако се одлучам за два три месеци да правам на државно дали ако треба инвитро на крај сепак ќе ми се рачунаат сите инсеменации без разлика фали се преку еден месец правени.. и ве молам процедура да ми објасните за на државно за инсеменација како и добар доктор кој да побарам а да знам дека тој сам ќе се ангажира а не негови/нејзини студенти асистенти како што читав дека они правеле инсеменации. Реално мн е скапо приватно па да пробам еднаш и државно.
Јас овој месец планирам на државно да правам. На преглед бев кај Тофовски, али не верувам дека он ќе ми ја прави. Ќе видам како ќе поминам, па ќе ти пренесам искуство.
Втора неуспешна инсеминација. Овој пат без стоп инекција бидејќи фоликулот беше 22мм. За жал на сопругот овој пат му извадија многу помалку материјал 4мил, па ни препишаа терапија пред да правиме уште една последна инсеминација пред IVF. Дали некој има искуство со новите грчки витамини OvaSem за подобрување на спермограмот? Што друго имате испитано освен хистероскопија, ХСГ, хормони, спермограм, спермокултура?
16к без стоп инекција. Мислам уште 2400-600 беше стоп инекцијата. Ме интересира за државно, дали се закажува преку матичен?
ДНА фрагментација испитавме, мар тест, кариотип, генетски мутации, антитела, инсулинска резистенција, Д витамин, торч…
Дали до сега си имала позитивен тест? Јас ниту еднаш и кога го прашав Димитров што друго треба да испитам не ми кажа ништо од овие работи...
Да, имав позитивен тест со инсеминација. Бев кај Димитров и јас, кога му кажав дека на своја рака испитав мутации и кариотип, ми рече зошто си испитувала, од фуфка ли? А на крај испадна дека имам мутации и дека треба да примам терапија…
ме интересира според ова колку материјал е извадено односно колку минимум материјал треба да се извади за да се зголемат шансите за да успее инсеменацијата.. Докторот не ни кажа ни дали е добро или не па ме интересира пошто читам дека и тоа голема улога игра ..не го разбирам баш резултатот зошто не успеваат инсеменацииве кај сите