Без гајле, 36.8 не е ниска температура. Ниска е, на пример, ако падне на 36.3 Биди си позитивна и чекаме да не' израдуваш Кога ќе провериш бета?
До вчера како да имав надеж, базалната ми беше околу 36.9 степени цело време, утрово 36.3 така да изгледа треба да ја чекам вештерката, а не двете цртки
Јас ставам кринон и сега забележав на секојдневната кај грутките од вишокот кринон како ептен бледо розово ...малку ама сепак имаше бледо розово..уште се надевам дека нема да добијам ...и Thallia се додека не добиеш не губи надеж..пуштам среќа и за тебе
Девојки, со колку милиони сперматозиди ви била направена иуи. Во сабота правев 4та,со 10 мил. Од денес сум на утрогестан вагинално
Лаурче ти посакувам што поскоро да си ги видиш двете цртки и да ја изгониме баба рога да не иди повеќе не ни треба. Ти држам среќичка да успееш. Јас утре завршувам со кломифен и сабота одам на мерење фоликули па инсеминација Кога се прима прегнил инекција?
Фала ти и тебе ти посакувам успех а за прегнил ќе ти каже др.треба да се фоликулите од 18 до 22 мм па се прима
Со 16 мил на прочистена сперма. Д-рот рече пред тоа дека само испод 1мил не би се нафатиле да ме инсеминираат. Сепак не е пресудна бројката,еден здрав и брз сперматозоид е потребен.Мислам дека повеќе е среќа
И официјално ја прогласувам мојата прва инсеминација за неуспешна... Дојде вештерката, баш ме “израдува“ за роденденот... Тоа е што е, одиме понатаму... Со надеж и верба дека се ќе биде добро Мора да биде!
Баш ми е жал..се надевам следната ќе ти биде успешна...јас сеуште се борам со БТ и со "вештерката" ама што и да биде одиме понатаму се до успех
Така е! Колку и да си вели човек ајде прва е, не очекувај и не се надевај премногу, сепак секогаш постои едно малечко минијатурно зрнце надеж дека ќе биде со успех... Дека баш ти ќе бидеш во тие 10тина % успешни случаи од прва инсеминација... Како и да е, нема откажување.
Нема разочарување дај Боже втората да биде со две. Јас во петок ке одам на мерење фоликули... На кој ден правеше инсеминација?
Мила мема правила за тоа кој ден ќе боде инсеминацијата се зависи од фоликулите еве јас н а пр.правев на 33 ден ..со среќа
Јас правев на 13ти ден од циклус, претходниот ден имав два зрели фоликули, по еден од двете страни и тој ден примив Прегнил. Се согласувам со @Лаура82 нема правило, инсеминација правиш кога ќе имаш најмалку еден зрел фоликул. Ви благодарам на поддршката девојки, дај Боже кај сите со плод да заврши што поскоро, да се израдуваме
Јас утрово направив домашен тест и за жал само 1 црта....а БТ сабајле ми беше 36.95..така да озгледа треба да очекувам да добијам
Не знам колку време мериш БТ и дали секогаш ти се движи по надолна линија пред менструација, ама не е ова превисока температура за да добиеш? Инсеминација правеше на ден на овулација или порано? Не очајувај, додека навистина не добиеш има надеж