И мене ме интересира. Сестра ми баш преска ме прашуваше, јас го делетнав мојот инстаграм така да не сум многу во тек.
Сигурно дека тимот на Инстаграм ќе остави ваква „неписмена“ порака со сто извичници после точка. Мене не ми е ова веродостојно. Туку, функционира ли нотификацијата кога некој прави скриншот на стори? Ме интересира дали се обрукав денес или не. Ај среќа храна беше, ќе ми простат ако им стигнала нотификација.
ОМГ нотификации за скриншот стигнуваат!?! Без разлика обично поставена слика или стори, постои тоа? Ако е така јас одамна сум обрукана. А стигнува нотификација ако нечија слика ја препратиш во ДМ ?
Демек дa ги верификувaaт, дa им стoи штиклирaнo дo никoт кo нa пoзнaтите. Кaкo не... Инaче не стигнувa зa ништo нoфитикaцијa oсвен зa следбеник, лaјк, тaг и кoментaр.
Леле живи смешки ако само заради тоа цел ден се тагираат по сториња. Јас сепак си го известив авторот дека направив скриншот. Добив и рецепт за јадењето - win win ситуација.
Не само тоа Кеч, туку демек некој апдејт ќе имало поради кој многу акаунти ќе биле избришани, па наводно за да си го зачуваш. Глупости... Иначе @Mishela Мишелке, дефинитивно и со експеримент што го правевме со @Читател ти потврдувам, не стига никаде нотификација за скриншот од стори на инстаграмов.
Уау, Инстаграм ќе стане апликација за буржоазијата, еве плачеме. И јас мислам дека не е вистина, немојте да заследувате вакви профили, за секој случај.
Дај боже да се плаќа Инстаграм. Барем навистина да биде за олигарси. Таман ќе ја избришам аплилацијата хаха. Не тука само со слики да се претставува дека "се има".Така ќе има мала филтрација на акаунти.
Во време кога конкуренцијата на социјални мрежи се труди да постигне што повеќе следбеници со поупадлив интерфејс и бесплатни услуги, на тимов на инстаграм случајно му текнало да си го наплаќа оноа што вчера го нудел за беспари. Која намештаљка...
Мене ми е верификуван преку телефонски број. Јас немам правено скриншотови на стори а и моите следбеници не објавуваат којзнае што. Мислам дека горенаведената слика е можеби за новите регистрирани корисници. Ма да, и на фб се ширеа такви приказни така да не верувам во тоа.
Леле, и сеа ќе бришеле акаунти или ќе наплаќале? И за Фејсбук имаше порано вакви дезинформации дека ќе почнеле да наплаќаат... Фејк дефинитивно
Немам инстаграм. Но да беше ова вистина тоа би било објавено од акаунтот на самиот инстаграм. Со сликата што ја објавиле предизвикале узбуна кај луѓето и со тоа што им ја ставаат на Story сите, им го промовираат профилчето кое прави дезинформации за пусто внимание и лајк.
Мислам дека стигнува нотификација за скрин ама на оние директни слики што се праќаат, што исчезнуваат после неколку секунди. Или не?
Ќе се логираш на инстаграм од мобилен броусер или пак од компјутер. Ќе одиш во Edit profile. И ќе вртиш надоле и ќе наидеш на Temporarily Disable my account. Ќе ти бара да пишеш пасворд и готово. Пак го активираш ќе треба да чекаш 1 недела за потоа пак да го деактивираш.
Здраво, сакам да прашам дали можи story на инстаграм сами да се отворат? значи не отварам, а ми ги покажва отворени? И она кругчето шо е околу профилната слика на некој шо го следите е розево ако има story шо ја немаш видено, а сиво ако ја отвориш.. епа мене некој ми ги кажва сиви, т.е отворени, а јас не сум гледала.. дали е можно вака?