Дали само кај мене сеуште нема "инстантс"? Апликацијата ми е апдејтирана, пробав и на друг телефон на тазе симната апликација да се најавам и ги немам. ГПТ вика дека на корисници во повеќе секвенци пуштале вакви апдејти, ама веќе неколку месеци откако постои опцијата, имам чувство дека само кај мене ја нема. Дали е можно да ја имам опцијата, ама да имам исчепкано нешто и на грешка исклучено?
Користам од септември 2018. Моментално не ме следи никој, а следам 6 профили. Сепак, пишувам со луѓе кои ги познавам (пишувам со околу петмина луѓе), иако не се следам со такви профили. Го користам за гледање рилови, читање постови и понекогаш да се информирам за нешто.
..малце така како неупатена во „новитетите“, на попрост начин да кажете што е финтата со тие што прават втори профили и ги бришат првите т.е старите без притоа да имаат некаков повод? Генерално се истите луѓе, скроз исто сѐ. Јас ова го сфаќам како начин за привлекување некакво внимание, како начин да „се праша“; модерен крик за себепостоењето?
Имаат отпоќе слободно време за губење и сакаат да додаваат ликови од кои добиле блок на претходниот. Швалерска работа бајо.
Да дообјаснам, истите луѓе ги додаваат (на тоа мислев, тотално ништо нема промена на листата). Баш се ок луѓе, ама еве не ми се јасни. Можеби.