Ќе се самоцитирам. Мислењево ми е од 24ти јануари кај мене уште ги нема гифовите на стори. Да, ја имам најновата верзија и два пати имам пробано со деинсталирање и повторно инсталирање на апликацијата ама неќе. Сите ги имаат досега, што да направам повеќе?
Дали сериозно може да се види screenshot на инстаграм?? Ви има стигнато нотификација? Ако да, совети за менување идентитет и некое добро место за криење.
Да знам дека се во GIF, но тоа го нема кај мене. Пробав да се најавам на телефонот од дечко ми на инстаграм и таму ми го немаше GIF, а кај неговиот профил го има, си мислев до мојот телефон да не е нешто, но изгледа со профилот нешто не е в ред.
Знаете ли некои како прават на Story да се менуваат оддеднаш брзо многу слики - нешто како видео му доаѓа или?
Нема нотификации за скриншот од стори бе луѓе, сталкајте си слободно и спијте мирно Со @Читател 167489234 пати пробавме и не стига ништо
Мене ми стигаат нотификации кога некој ќе ми направи скриншот. Баш другарка имаше сликнато нешто од кај некого и дури отпосле и текна да се запраша дали стигаат нотификации, па сликаше и кај мене за да видиме дали ќе ми стигне и - ми стигна. Е дали е до мојот профил, дали има некоја опција или нешто не знам, битно нотификации ми стигаат.
Нотификации стигнуваат само за скриншот направен во приватен чет, за стори кои сите пријатели го гледаат не стигнува.