Здраво, би сакала да направам репорт на еден стар мој профил на инстаграм, па дали ако од мојот нов профил направам репорт на стариот ќе се избрише за сите или како ?
Дали вашите сториња во архива што ви се ви се прикажуваат сите или? Кај мене некои се црни скроз од пред 2-3г на пример.. Исто и кај брат ми е. Пријавив bug, се средија пола и се прикажаа, пола останаа така црни слики. 3 дена веќе е вака. А, некои па нејќат да се избришат, пример пред 5 дена во close friends што имав ставено стори, цело време ми вика error и си стои сторито, не можам да го делитнам од архива.
Црни stories, не покажува број на views, нотификации каснат пола ден, на профил пола слики ги покажува, пола не (стои на loading), некои stories не се покажуваат а објавени се, некогаш целосно блокира, errors на highlights. Секој ден нов bug.
Па или така малку исечени ќе ги ставиш или преку некоја no crop апликација за да е цела величина ама од страни ќе има како бели линии сликата (ваљда ме сфаќаш за какви слики зборам, порано често така ги постиравме ). На ова црното хоризонтални слики обично ми дава целосно да ги објавам без да се исечени воопшто. А, со вертикални слики најчесто имам проблем, тие ми ги сече некако. Ако е слика од далеку и не е толку проблем, за селфи најчесто е проблемот.
Мислам дека пред се е до формата на сликата. За стори треба да се користи формат во сооднос 9:16 (вертикално снимај/сликај), а за постови 1:1 или 3:4 (Повеќе како хоризонтално му доаѓа). Отвори камера и горе меѓу опциите би требало да имаш и ratio. Кога ќе одбереш ти дава опција дали да се слика/снима вертикално, соодносот тука е 9:16 пример, хоризонтално или фул екран.
Здраво, додадов еден дечко, гледам отворен му е профилот и кога кликнав кај тоа кој он следи и кој ги следи го имаше мојот профил, сега гледам поголема е бројката на тие он што ги следи и што го следат ама кога влегов да видам кој, не покажуваше мене како што ме покажа кога се заследивме, инаку отворен му е профилот, ако добро се изјаснив, не се разбирам многу од инстаграм ама зашто сега не можам да видам кого заследил?
Не, не ме сфати, тој мене ме прифати ама гледам кај следачи бројката му е зголемена ама не покажува кој заследил, бидејќи мене кога ме заследил видов го имаше мојот профил и сеуште го има ама друго не покажува како мене што ме покажува
Не ми ја прифаќа лозинката,можеби ради тоа што порано ја имав апп па го сменив пасвордот.Како да го решам проблемов?
Внимавајте со тие апликации што демек ќе ти покажат кој ти го посетил профилот, бидејќи на крај ќе останете без него. Јас не верувам на такви апликации.