Се изненадив што не најдов ваква слична тема и решив да ја отворам, ако има - заклучете ја и бап во канта. Овде можете да опишувате или да постирате слики од конбинации од облека, накит и чевли кои во моментот се на мода или пак им поминала модата а вас се уште ви се допаѓаат. Исто така некои интересни конбинации што стојат убаво а можеш да ги направиш без многу да се потрошиш. Мислам дека сега се на мода пастелните и јаките бои, кои оставаат впечаток. А од парчињата фармерки во сите бои, мрежени маици, кошули со тенко каишче, некои маички во морнарски стил како и сличен накит, плетени чизмички со дупчиња, кратки панталони со висок струк, сакоа во иста боја со панталончињата, лаковани балетанки во свежи бои, и контра комбинации како на пр. сина маичка, розеви панталони и жолти балетанки, “балерина“ сукњи до над колена и уште многу кои можат да се искомбинираат со накит во големи димензии. Ако грешам со мислењава, ве молам исправете ме. И да напоменам : ова мислам дека ќе биде стилот оваа пролет (што уште малку ќе си отиде) и ова лето (2012) ! Еве нешто од мене, уживајте... кога ќе имам повеќе време, ќе прикачам уште
пааа... океј ама таму се идеални знаеш, тие што за вас се идеални а оваа е всушност креативни и што се во мода, не би рекла дека темата е дупликат, ама сепак нека одлучат модераторите.