1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инхибитори на протонската пумпа PPI и нивниот ребаунд ефект

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Guns N` Roses, 16 март 2021.

  1. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.127
    Пол:
    Женски
    Долго време истражувам на оваа тема поради тоа што се соочувам со личен медицински проблем, се решив да отворам тема бидејќи верувам дека не сум единствената личност што се соочува со ова.

    Прво на кратко за инхибиторите на протонска пупма PPI. PPI претставуваат група на лекови чие што дејство е долготрајна редукција на производството на желудечна киселина. Денес претставуваат едни од најупотребуваните лекови во медицинската пракса, се употребуваат при диспепсија, хроничен гастритис, чир на желудник, ГЕРД, Баретов езофагус, езофагитис и многу другу состојби. Најчесто користени лекови во клиничката пракса се пантопразол(Нолпаза), омепразол, есомепразол(Еманера), лансопразол(Ланзул) и др. Овие лекови се препишуваат во голема мера од страна на лекарите како сосема безбедни лекови, но нивните несакани ефекти се потврдени со голем број на студии, како што се потенцирање на пстоечките симптоми, замор, чуство на зашеметеност, тврда столица што доведува до опстипација, болки во мускулите, коските, анксиозност, депресија, спречуваат апсорпција на железо што доведува до анемија, како и на многу дурги потребни витамини (б12, д) и менерали и многу други несакани ефекти. Како и многу други лекови и инхибиторите на протонската пумпа имаат т.н ребаунд ефект, тоа значи дека после прекунување со терапијата се јавуваат истите симтпми кои пред тоа биле под контрола. Се смета дека овој ребаунд ефект може да биде од неколку недели до три месеци, но искуството на пациентите покажало дека може да трае и подолго се до 6 месеци. Според искуството од пациентите после употребата на овие лекови дури и при лекување на блага форма на гастритис, после прекинувањето на терапијата значително им се потенцирале симптомите, состојбата се влошила, а прекинувањето со терапијата е скоро невозможно.

    Сакам да го споделам и мојот проблем. Скоро две ипол години сум под терапија со PPI Еманера од 20мг порад хроничен гастритис. Додека сум под терапија немам никакви симптоми ни тегоби, си јадам нормално, но штом прекинам со нив веднаш се враќаат симптомите, како жарење, зголемено лачење на киселина, а потоа и болка во желудникот која не се смирува се додека не земам повторно таблета и не ја продолжам терапијата. Така поминаа веќе две ипол години во обид да прекинам со терапијата, најдолго што сум била без терапија е еден месец. Сум се консултурала повеќе доктори за оваа состојба, но ниеден од нив нема решение за мојот проблем. Дали некој се соочил со ваков проблем? Како сте го надминале?
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Trexane

    Trexane Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2023
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали се уште ги пиеш бидејќи и мене ми препишаа, но како што прочитав не можат да се користат премногу долго време. Бидејќи мене гастритисот ми е предизвикан од стрес и од симптоми имам непрекидно жежење освен неколку саати откако ќе се напијам апче, дали со текот на време болката се намалува? Пред да ги земав ппи немав чувство на печење туку повремено ми се јавуваше ептен блага болка и одма после земањето на апчињава откако прекина нивниот ефект почна желудников да ми 'гори'. Дали сметаш дека е подобро воопшто да не земам ппи и да пробам прво со промена на исхрана и намалување на стрес? Во мојот случај станува збор за блага форма и се мислам дека слузницата би требало сама да заздраве по некое време??
     
  3. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.127
    Пол:
    Женски
    Да ги прекинав. Процесот на прекинување траеше со месеци, со постепено редуцирање на дозата од недела во недела, а потоа замена на еманерата со фамосан, па редуцирање на дозата на фамосан и на крај со антациди.
    Да слузницата треба да е заздравена, проблемот е во наглото прекинување на лекот, кој многу силно го супримира излачувањето на желудечната киселина, па со негово нагло прекинување се излачува и повеќе киселина, повторно се враќаат симптоми на жарење, печење, болка. Прекини ги со минимално редуцирање на дозата од недела во недела, се додека не ги прекинеш целосно.
     
    На Trexane му/ѝ се допаѓа ова.