Дома купуваме и ги криеме. Кога ќе ни дојдат гости или кога ние одиме некаде, не му бранам, а тогаш не знае колку да изеде. Шунка обожава. Но тоа се случува 1-2 пати во месецот. Мислам дека почна некаде од кај 20 месеци, не ми текнува точно. После 2 години знам дома да направам пица и да јаде и тој, исто и тостови во кои ставам по малку шунка, или на сабајле за доручек да му пресечам 2-3 тркалца чајна, ама и тоа ептен ретко.
Зависи од детето,ако сака се да јаде ќе почне и забранета храна да бара па ќе треба криење и бранење. Домашно месо нека јаде,сувомеснато не му треба. Мојот и дома и на гости софра да има поставено ќе си гледа ќе си вика ам ам и уста нема да отвори освен к.млеко или кифличка. Викам ај да му дадам нешто забрането може му е здосадено се од домашно едно исто па исто. Проба пица со кашкавал ја држи во уста па плука мачката да јаде.
Чајната не дека ја јаде, така шмука и плука. Пица кога бара од нашата, давам само лепче и кашкавал каде има, а шунка баба и и дала со тост, па уште на два пати има земено и исто шмука,па повеќе плука. У реду,фала жени.
Два-три пати. Еднаш лапаше пршута па ја плукаше (незнаеше што со нељ изгледа а убава му беше ) а два пати кркаше сланина со сласт Не планирам да давам,не ни нудам ова кога доаѓа да краде од нас . Секако , не е во ред ...
Мм му има еднаш давано сланина демек домашна без конзерванси и еднаш ми дрпна виршла од тањир, следно кога јадевме виршли плачеше буквално да му дадеме па од тогаш и за нас не сум купила. За друго сувомеснато уште не пројавил интерес и секако планирам колку подолго можам да одложуваме. Инаку во Германија ако со него влеземе во месара обавезно ни нудат лионер да му дадат да си грицка ама не разбира па нормално одбиваме.
Јас сум дала пршута неколку пати, ама ова ние кога сме јаделе. За него специјално не сум сервирала. И еднаш чајна зошто пиштеше кога виде дека јадеме па само проба. За сега гледам колку можам да одложувам сувомеснато.
Мојот има 3+ и до сега не сум му понудила сувомеснати производи. Порано маж ми јадеше често сега изретчивме. Дури и тогаш не му нудевме, си јадевме скришно. Сега летово бевме со другари на викенд и сите јадевме паштета па сакаше и он да проба нели. Изеде пола лебче и почна да плаче дека му лути (обичан Аргета беше) па сам си сврте на леб и путер. Додуше мојов е генерално не нешто голем јадач па може и затоа не бара. Ама и кога пробува ако имаме сервирано за гости не пројавува некој интерес да јаде нешто многу. Само пробува и остава (мислам дека не е научен на солени работи и затоа).
И јас кога одиме по родендени нудам да апне пица, пастармалија, што и да е. Ама и мојот интерес за храна никаков, само кисело млеко дај му. Па ништо не пробува друго. Не бранам, нека проба еднаш у месецот, само да е сит.
Нејадачи се затоа,мојот и за двата родендени ни тортите ги нема пробано. Често гледам една баба си пазари внучето во количка тегни сланина дали година има детето. Се тешам поарно со молење да изеде малку а здраво отколку да јаде се што ќе стигне. Исто по продавници деца јадачи пиштат по се мојот ќе го погали јогуртот и толку.
Моментално ко што не јаде и тоа би дала, само да јаде, ама... Еве во план ми е стратегија да разработам вечер тост да му направам со кашкавал, ако сака да јаде, мада...Не сака ништо да јаде после одмор, само пробува, дури ни омилената супа не ја јаде. Земав да декорирам храна, да правам свашта ама не и не. Милкчик, какао, бевиплекс и бадемово млеко ќе испие, некогаш додавам и бисквити ако сака или имам, јогурче, сиренце, лубеница, ако се живее на тоа ок, ако не па ок. Пие сок само од малинки домашен, ама ќе се напие и купечки, али не е луд. Чај од нане пие, со лимон и мед. Се потепа за коасанче со 7ца, два пати ќе грицне и толку. Не ми јаде и не ми јаде, со недели манџа нема вкусено.
Ја имам проблем со мојава, буквално ништо не јаде, само сув леб, овошје и јогурт,др. не ни сака да проба. И го скрив лебот,од сега нема леб да јаде, ама незнам кој трик да го употребам за да почне да јаде, ми тера инает. Еве сабајлево и направив oatmeal со банана и не ни сака да го проба, направив и јајца со сирење божем да и дадам избор и ни тоа го нема пробано, ене седат така.Планирам ништо др да не и давам додека не го изеде тоа. Многу ме нервира со јадењево.
И мојава врти неколку јадења. Макарони(строго ситни да се) Омлет,супа,рижото,кифла, ретко к.млеко,слива,грозје, краставица.Толку. Ништо друго од овошје и зеленчук. И месото почна да не го јаде.
Мојава е 13+. Јаде се', да не ја подречам. Само кога сме на викенд некаде, обавезно количински помалку јаде и тогаш дозволувам и комбинации со купечки каши. Инаку откако почнав со исхрана, има домашно готвена храна, и така ќе се трудам да ја учам и понатаму, дека дома ќе јаде манџички и здрави работи, а на гости и по одмори, можеме и да се опуштиме малку. Нема пробано чоколино, чоколади, смоки. Ништо од тоа не давам и не сакам да ја учам на полесниот пат кон џанк исхрана. Има време, ќе научи што е што, кога ќе оди во градинка, по родендени - ќе и понудат, ќе проба. Не сум ригорозна ама не сакам да јаде глупости. За мене е несфатливо детето да нема барем еден готвен оброк во денот. Сувомеснато не доаѓа предвид, кашкавал, моцарела давам. Правам домашни пудинзи и сутлијаш, еднаш од зорт и понудив Монте и го плукаше (преблаго е тоа чудо). Јаде сама, ја учам и со вилувче и лажица, се шлапа ама учи. Јаде со раце, јаде крупни парчиња, не блендирам веќе два месеца. Ама се окозив учејќи ја на погруба текстура и пасирано само со виљушка. Гледам да ја научам сама, затоа што вежба координација и моторика со раце, плус стои мирна кога јаде. Голем влог е и тој момент, да го научиш детето да почне да јаде самостојно. Живци се кинат. Ама мора некако.
И јас тек сега прв пат на 19м дадов сувомесно онака малце да проба . Му се бендиса, малку печеница. колку за проба, иначе ни јас не би давала, некад онака за частовка. А свинско давам, убаво кртина во манџи, варено печено По 50гр сигурно. Новитет, грозје и смокви ептен сака Јас да си се фалам за овошјето де Сам со лажичка не јаде уште, Празна си ја става во уста си емитира јадење. Ама сам да брцне во чинја уште не знае. со раче сам јаде само грицки, чипс, бисквитки ресани си зима. Си брцка и во ќесенце си вади сам И сега скоро почна сам да лиже сладолед Си го држи убаво стапчето и си јаде. Исто и од чашка сам пие веќе неколку месеци, нормално со мала помош. Ептен има мерак да пие од чашка Дека нас не гледа и само бара Мора просто да проба од твојата чаша, иначе невидени тантруми се дешаваат Од забранети работи ептен сака пиво Еднаш му дадов една голтка, бидејќи урла чим пиеш од чашка, мора да проба нели.... И го слушнав најголемото ММММММММММММММ што може да постои Бекрија мајкин. Газирани сокови не пиеме, нити купечки така да една брига помалце
Не можам да се редактирам нек ме среди модератор Ме интересира од која возраст убаво почнуваат да се хранат сами Кога мислам убаво не мислам на она типично шлапкање со лажичка, туку брцкање убаво и прецизно во уста Ако се разбираме Мојот у празни тањири меша со лажица и демек јаде, во полн тањирповеќе шлапа и прска и лиже а јас тоа и не го сметам баш за самостално јадење со лажица. Убаво да наполни лажичка и во уста сам не знае се уште
На 3+ па не е прецизен 100%, не брзај. Јаде супа сам, манџи, ама уште му капе и паѓа. Иначе почна од лани на 2ипол кога премина во поголема група во градинка.
Мојата е 23 месеци. Јаде сама веќе месец дена. Единствено течни работи избегавам да и давам сама зошто тогаш не е прецизна со лажицата и лом прави, затоа во потечни работи и дробам лепче за да е посуво и полесно и е така. Скоро почнав и со вилувче да ја оставам. И сецкам овошје и демек да боцка, ама така се нервира кога нема да и успее и фрла. Во секој случај, чистење и перење после секое јадење е задолжително
Бебе мое скоро 15м освен блендирано друго ништо не проаѓа,блендирано све јаде. Овошје во рака не сака да фати за да го грицка сам,се гади од што е влажно,пробав со оние мрежите како цуцла,исто му доаѓа влажно и фрла. Е да само животинско грицка. Како да го учам на пасирано и парчиња, сум пробувала неколку пати,одма нагон за повраќање има. А и нема нешо мн заби,само единиците му де убаво пораснати,двојките сега растат,ако нешто има тоа улога.