Многу често ми се случува поради квалитетот на влошката да ми протече, а немам голем одлив на менструален течност. Какви влошки препорачувате?
мислам дека има ваква тема ама не сум сигурна Спојлер сретнав во некоја тема за некои влошки на ''С'' почнуваа се дискутираше
Ги користам YUP и сум презадоволна одлични се , но на реклама и во маркет ги сретнав новите Always ultra со некои мириси некаде околу 170 ден беа две мали паковања заедно.Дали некој ги користел и како е задоволен ?
Секогаш си користам YUP. Ама еве го моето последно патешествие. Си одев накај дома од чаршија. Пред тоа седев во кафич на кафе. Почувствував дека дека црвената тетка пристигна и платив кафето и заминав. Влегов во маркет да си купам влошки...затоа што знаев дека дома имам само онакви..секојдневни. Ама бидејќи требаше да имам пари и за такси купив влошки кои паричникот ми ги дозволи во тој момент.(Koлку да можам ноќта да ја поминам) Името на влошките ONA. И најважното, за да ја сменам...целата се залепила за гаќичките И така си ги фрлив во корпа
Libresse за менструација, од зелените со 5 или розевите со 4 капки, а секојдневни користев Carefree, најубави се и најубаво мирисаат, но последно земав Discreet и не се воопшто лоши.
Every day, од Always ич ама ич не ми се допагаат, многу шушкаат , и да ги земам тие со најмногу капки не помагаат