Парфемот го заокружува комплетниот впечаток за една жена. И свадбениот ден не е исклучок. Каков парфем одбравте за вашата свадба? Откако сте одбрале фустан, долна облека, фризура и шминка, се двоумевте ли во изборот на парфем за Вашиот свадбен ден? Екпериментиравте со нови или пак се придржувате до веќе проверени опции? Претпочитате дискретен или пак впечатлив парфем? Колку типот на свеченоста (на пр.дневна / формална вечерна свадба) влијае на изборот на парфем? Јас лично ги сакам флорално-ориенталните парфеми, но мислам дека таков избор за нашата дневна свадба никако не оди. Цитрусните пак никако не ми зе допаѓаат, а чисто флоралните ми се премногу сладникави. И така сега сум во потрага по идеалниот парфем за свадбената свеченост. Идеи, совети, искуства се добредојдени...
Незнам како би можеле ние тука да ти помогнеме со парфем. Тој на пример јас што го користам со години, мене ми мириса перфектно, на мојата кожа. Не туѓа кожа може ќе смрди, мирисот на парфемот е индивидуален, зависно од природниот мирис на твојата кожа. Можеме чисто да си ги предложиме тие што ги користиме. На сликата подолу е парфемот кој јас го користам од кога постои, пред тоа користев еден што исто има таква цитрусна нота.
Фала Елена.мак... Тема ја отворив со цел споделување на предлози и искуства. Секако дека изборот на парфем е индивидуална работа, но тоа е и изборот на фустан и секој друг детал, па сепак споделуваме тука. Не дека изборот на парфем е егзистенцијален проблем, но од друга страна понудата на парфеми е зашеметувачка, па некаква насока секако дека би помогнало. Инаку, си имам и јас парфем што ми е нешто ко заштитен знак (Lacoste Pour Femme), но размислував да побарам нешто поразлично, а сепак да ми е блиско по сензибилитет.
Јас мојот за жива глава не го менувам. На лето не користам парфем бидејќи ми пречи, а останатиот дел од годината исклучиво овој. Се случува да поминам некаде и да прашаат тие што ме познаваат, абе Елена беше??? Е толку ми е препознатлив. Мене ми одговараат исклучиво цитрусни парфеми, никако сладуњави во стилот на ванила или нешто такво што потсеќа на благо. Исклучио цитрусни и лесно цветни. исто Lacoste Touch of spring ми се допаѓа, ама не сум го купила до сега некако овој не ми се остава ќе ми фали премногу...
Незнам како се закачува слика, пробувам, ама не ми успева. Мене најомилен парфем ми е Dior J'adore L'absolu, баш ме потсеќа на невеста
После неколку недели разгледување и многу проЧитани коментари на basenotes и сл. го стеснив изборот до 5 парфеми:
Секоја жена има омилен парфем кој го користи почесто, знае како мириса на нејзината кожа, знае колку трае. Зар убаво треба да се мириса само на свадба. Според мене, би го користела истиот парфем што го користам за други побитни моменти. Нормално е да се прскам преку ден со еден, а онака за вечерни излегувања и побитни настани со полуксузни парфеми. Нема потреба да барам нешто ново, дека била свадба кога веќе имам испробани варијанти. Мене ми се интересни некои типки кои цел живот се прскаат со дезодоранс и сеа дошла свадба, ми глумат Шанел филм.. Ма ајде сестро те знаеме цел живот, сега за свадба Ким К ќе глумиш
Тоалетна вода е, не е парфем ама мириса ептен убаво и многу трае, си ги почастив сетилата за тој ден Yves Rocher ме фасцинираа па станав нивен редовен муштерија
AngelOfArt,мислев дека сум единствена која ги овожава yves rocher.Бравос,и мене ми се дури и појаки и нивните тоалетни води од некои други парфеми.... Среќа,ни отворија и тука салон во Skopje City Mall.
Даааа.... пред да отворат ми даваше сестра ми, нејзе и праќаа од Германија и бев презадоволна, сега пак кога отворија и овде, уф мераци, и картица си набавив и собирам више печатчиња за подароци и супер сум задоволна од производите ама богами и од цените, сосем нормални за тој квалитет
Јас одбрав Antonio Banderas..моите омилени парфеми..поточно овој на сликата..сет е, парфем и лосион за тело со светки ама кожа боја не онакви сјајни и фактички му дава на телото бронзен тен... а парфемот преубаво мириса