Мислам дека добро разгледав и дека нема таква тема. како го замислувате вашиот иден дом.. искажете се
Како го замислувате вашиот иден дом ? Како што е сега не би направила некакви промени , како на пример сакам своја соба за гардероба и штикли наместо таа гостинската со ја имаме ама нејќе он Да биде топол испунет со хармонија , среќка , смеа....некој ден и деца (ама некој ден мала сум уште ) И да живееме потполно сами поради тоа што сега живееме со брат му не бива да се оделат (близначиња) Искрено кажано како што си порано замислував така и се оставри, имаме голема кујна не морам да мијам садови хахах голема спална, деневна, веце, брат му си има соба, ходник, што друго ми треба Не мора да биде преголема куќа , мене ми е битно само да се има мир и разбирање, хармонија и среќа. а кога се има тоа и најдлабоките сонови моѓат да се остварат
Како го замислувате вашиот иден дом ? Сега засега се заљубив во ова, и дефитивно сакам да го имам! За повеке..ке напишам во некој друг пост.
Како би изгледал вашиот дом од соништата Ајде малце да фантазираме ^^ како би сакале да изгледа домот во кој ќе живеете (доколку сеуште не живеете сами..) Јас на пример би сакала да живеам во некој малечок стан ама да има мнооогу црно-бели детали, со зебрасти тапети.. бел мебел. .
Како би изгледал вашиот дом од соништата Мојот сон e да имам стан на некој повисок спрат.Во дневната и спалната сакам цел ѕид да биде со прозор и да има убав поглед кон градот... Еве на пример нешто вака
Како би изгледал вашиот дом од соништата Сакам да живеам во куќа на еден спрат, ама онака поголема! Нека има една спална, една соба за облека, детска (за децата кои ќе стигнат) и голема дневна. Потоа кујна со трпезарија и големо купатило со џакузи. Сакам да преовладуваа розовата боја! Нека има голем двор со базен и големи тревници!! Плус две гаражи: едната со мојот двосет кабриолет, а другата за мажот ми(автомобилот по негов вкус нека е)! И секако, мора да има едно кученце, мало, слатко! Толку засега. Скромно, нели?!
Како би изгледал вашиот дом од соништата хахах, па скромно да.. убава замисла си имаме..дај боже да ни се пружи шанса да си ги оствариме желбите..само да е подалеку од македонија, овде веќе не се издржува
Како би изгледал вашиот дом од соништата Јас би сакала малечок стан кој ќе биде естетски уреден по мој вкус. Сакам да преовладуваат топли и свежи бои и многу би сакала да си го уредам според фенг шуи. Доволен би ми бил и простор до 60 квадрати, ама ако се убаво се изорганизира, може да има доволен простор за се. Имам желба за вакви долги лустерчиња врз трпезариската маса
Како би изгледал вашиот дом од соништата Сакам гоооооолема, голема куќа. Модерна, со стаклени ѕидови. Ке биде во некоја елитна населба. Светла куќа во весели бои. Не многу мебел, минималистички уредена. Се да е функционално и под конец. Се да е убаво и уредно. (Добро редот не знам колку ке трае) Ке уредувам и според Фенг Шуи. (Шуи, звучи смешно ).И особено ми е важно да има средновековна нотка. Тоа е задолжително, инаку нема да се чувствувам како дома. (Шуи, звучи смешно ). Да има градина и базен. Мала џунгла и место за одмор. Приватноста е важна така да вискоки ѕидови околу неа се загарантирани. Да биде една од оние куќи кои кога ке ги видиш викаш wow. Скромноста е моја доблест.
Како го замислувате вашиот иден дом ? Хмм спалничка уредена по мој вкус во која ќе можам секогаш да уживам со милиот да нема телевизор у неа, тој у дневна нека биде која сакам да биде пријанта со топла атмосфера ништо пренатрупано, што поедноставно тоа подобро.. исто сакам да имаме џакузи во кое ќе одмарам по напорните денови и посебна соба за алишта пошо сум опседната
Како го замислувате вашиот иден дом ? да имаме голема спална со кружен кревет (ама неќи тој ) вградени плахари, тв обесен на ѕид, тоалетно масиче и лустерот да не биде на средина туку на спротивниот крај од креветот и да биде долг до земја. детски соби две ако имаме 2 деца (не сакам да делат иста соба) вц уредено по мој вкус со туш-кабина. кујна голема (демек јас голема домаќинка) обожавам да готвам трпезарија баш и неќам ама што се мора - мора се, и дневна со многу малку елементи сакам гарнитура масичка и тв на ѕид и полица мала за украси ете вака + во црно бела комбинација
Како го замислувате вашиот иден дом ? Минималистичка, елегантна голема бела куќа, светла пред се... Со фино среден двор и 3 палави деца што трчкаат наоколу
Како го замислувате вашиот иден дом ? Сакам средна куќа да не е многу голема,да има убава градина со мн.цвеќиња и дрва...со џуџиња и фонтана,и голема маса со церада. Сакам убаво купатило-поголемо,сакам убава дневна и кујна,внатре да преовладуваат топли бои и цветен дезен---многу сакам таков стил,вазни со цвеќиња,убави 2 ламби,неколку убави уметнички слики... Сакам убава спална соба,на розе-лилава боја,со голем кревет и голем плакар. И сакам 2 детски соби...и да имам куче,или пак 2ве кучиња МНОГУ САКАМ ДА ИМАМ ВАКОВ СВОЈ ДОМ.......
Не ви откривам ама да има некоја страна така да си направамм дом да го уредам сама (како што има програма онаа ивана од ајдедома ако сте гледале )
Сакам се да ми биде во две бои...на пример црна и бела ( може и комбинација и од други бои), кожен мебел во дневната....да не биде пренатупано....црн мебел, маса....бели плакарчиња (незнам дали така се викаат),црна ламба, плазма на ѕид...детската ( на моите деца де) би била розева-за женско...сина за машко....спалната огромен брачен кревет со црвена сатенска постелнина и бели детали на неа...а пред нас некое плазма телевизорче закачено на ѕид....за другите детали ќе размислам....
Не сакам огромни куќи. Не сакам ни од оние модерни домови, онака едноставно уредени и без никаква топлина, многу ми се безживотни. Сакам куќичка со многу зеленило и ситници внатре кои би ја правеле дом, а не обична куќа. Дрвена куќичка на спрат, со скалите внатре во куќата. Епа вака: Спална со голем кревет, пригушени светла и тераса доволно голема да собере масичка и две столици. Не сакам голем плакар, туку онакво старинско сандаче хоризонтално поставено што зафаќа помалку место. Теписон и компјутер не, може само ТВ на висечка полица. Во кујната сакам шанк и голем фрижидееер! Во бањата не сакам туш кабина, туку една голема када, да се распружам и изнауживам тотално. И нормално, детска соба, дневна со онаква плишана гарнитура (како да ја објаснам?! ) и плазма телевизорчич, двор ама не од напред на куќата, туку позади кај што нема да гледам луѓе ни тие да ме гледаат мене, со лулашка на која ќе читкам книги, дремам, и ноќе ќе гледам ѕвезди... И ќе заборавев за малку, неколку кутриња и мачиња обавезително да ми се шеткаат по дома! Еве една слика, спалната да ми ја видите Спојлер Колку неповрзани работи има во постов.. Тешко на тој што ќе ме земе за жена
Често знам да го запрашам татко ми да не случајно сме имале некои роднини од странство пред умирање, па да не ни оставиле ете така некоја куќа во наследство, но одговорот како и секогаш, добро познат, не. Не ми пречи и да е со 2 соби, но ако веќе фантазираме ќе ви ја опишам мојата куќа од соништата. Може да е на еден спрат, но може да е и на два, но може и на три. На првиот спрат сакам да ми биде подрумот, наполнет со зимница, пола подрум со ајвар го сакам, потоа да има и компот, слатко и сето тоа. Потоа на тој вториот спрат нека има 3 соби,тоалет и огрооомна тераса. Тоа ќе биде спратот за моите или пак за брат ми. Веќе на третиот спрат ќе бидам јас. Почнуваме. Прво низ цела куќа сакам излакиран паркет, низ сите соби сакам мали теписи или пак плетени черги, едни што ги имам дома, абе прекрасни се. Почнуваме со дневната. Сакам да има два удобни кревети и една фотелја. Некоја округла масичка и поголем телевизор. Тука сакам да има врата која ќе има излез кон терасата. Мојата соба. Ја сакам мојата соба со гооолем кревет, удобен и еден гооолем плакар во кој ќе ги сместам алиштата само. Кај плакарот сакам и едно исто така гоооолемо огледало. Скромна ќе биде мојата соба. Може и некоја посебна соба каде што ќе ги сместам чевлите и облеката, не дека ги имам многу, но сепак да бидат во една соба, мерак ми е. Потоа една соба во која ќе има едно гооолемо работно биро, а на друго биро сакам да ми биде компјутерот. Кујната ја сакам поголемка и тука да биде и трпезариската маса. Ја сакам цела со плочки. Тука стандард - судопер, машина за миење садови, фрижидер, шпорет .. .. .. Тоалетот сакам син да биде и тоа го сакам голем и сакам да има "завеса" кај кадата за да нема поплава доле. Терасата ја замислувам нај нај нај голема, колку цела куќа ја сакам. Тука ќе имам сопствен базен и мала масичка со неколку столови. Дворот го сакам со многу зеленило. Цвеќиња, дрвја, фонтана, може и некои склуптури, како и нешто слично на летниковец може да има. Градбата на куќата ја сакам во средновековна градба, поточно сакам со камења, како во некои села каде уште има такви куќи. Па архитекти, колку ќе треба за да се изгради мојата куќа од соништата?
Сакам прилично голема куќа и убаво уредена,на првиот спрат да имам голема и убава кујна со трпезарија,дневна соба и вц.На вториот спрат да се спалните,една за мене и сопругот и секое дете да си има посебна соба и посебна бања.На 3от спрат сакам да имам домашно кино,соба за вежбање и соба за забава. Сакам д ами биде ултра модерно,дворот да ми биде голем со убав базент и убава бавча.Секако и два прекрасни автомобили паркирани во гаража. Поскромно неможе..