1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да запазите на исхраната после фитнес

Дискусија во 'Фитнес' започната од bubu1, 9 декември 2012.

  1. bubu1

    bubu1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    12
    Одам на фитнес некое време и имам мал проблем. Неможам да се контролирам што јадам после фитнесот и тоа многу штети. Незнам што да правам, ако имате некој метод помагајте. :worried:
     
  2. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Значи после вежбање за да не ти е за џабе маката , обавезно да си внимаваш што јадеш .
    Треба да пиеш вода , да надоместиш за таа што ја губиш при тренинг
    Доволно ти е чаша јогурт со овесни трици и ленено семе
    или половина динстан стек со салата или само шопска салата
    Во секој случај нешто полесно и по правило треба да е протеин
     
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Јогурт ,белки од јајце ,мало парче сирење или кашкавал ,месо печено или варено (никако пржено).
    Имаш голем избор ,важно е да се протеини.
     
  4. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Барав тема и посоодветна не видов. Не само по, туку и пред вежбање ме интересира што се јаде и колку време пред вежбањето? :)
     
  5. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    2.786
    Пол:
    Женски

    Пред вежбање, а особено пред трчање ништо не се јаде. Можеш да јадеш 2 часа пред вежбање...
     
  6. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Најдобро е саат ипол/два пред вежбањето да се снабдиш со енергија т.е со јаглехидрати, затоа што телото прво црпи енергија од нив. Житни плочки, житарици, банани...

    Исто важно е и да имаш доволна количина на вода во себе, значи треба и доста вода да се пие - за да хидратацијата ти е нормална. А после тренингот не треба да се внесуваат само протеини, него треба да се има избалансиран оброк од јаглехидрати и протеини. Пример од некој зеленчук и протеин. Е сега, ако сакате да качувате на мускулна маса, ондак се зголемува и количината на протеините што ги внесувате по вежбањето.

    А мене лично воопшто не ми годи леќа пред вежбање.
    Ми создава тегоби невидени и не ми е на памет веќе да јадам леќа пред да вежбам.
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.736
    Пол:
    Женски
    Бананите помагаат да се елиминираат тегобите кои се случуваат поготово при вежбите каде што е потребно да се извиткате или наведнете, чучњави и стомачни, често се случува да се почувствувате како да ви се вратила храната назад, а тоа се киселини, не чини во секој случај, затоа саат време пред вежбање една житна плочка, во моментов најдобри се овие на Гранола и една банана, вода ама дури откако ќе започнете да вежбате и не е лошо некој зелен чај да се испие претходно, ќе ги снабди со доволно кофеин вашите клетки а нема да ви биде тешко како од кафето, и тоа често пред вежбање знае да се врати назад.
     
    На K.Mari4ka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Velvet

    Velvet Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    Што после тренинг?

    Што ви е обичајот да правите после тренинг? Што јадете и пиете? Дали внесувате некои посебни напивки или било што?

    Јас после тренинг се воздржувам да не јадам или тоа што го јадам да е нискокалорично и богато со протеини а воедно и нешто што ќе ме засити. Поентата на сето тоа е да не биде за џабе тренингот и сите тие вежби. Имам забележано на тренинг дека си носат различни напивки и протеински шејкови и било што. Јас сеуште не сум пробала нешто такво,а би сакала така да дадете и предлог за некој таков додаток :)
     
  9. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Најчесто јадам јајца варени или омлет бидејки имам читано дека се полни со протеини.Или пак салата,ориз со зеленчук или спанаќ :?:
     
  10. lextravagance

    lextravagance Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    604
    Туна, јогурт или варено јајце(едно цело и белки од уште 2 или 3), некогаш зрнца соја или бадеми. Сум јадела и банани или лепче со путер од кикиритки или крем сирење, но овој месец јаглехидратите ги сведувам на минимум, па од следниот пак назад на нормално :)
     
  11. tibia

    tibia Нов член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Добро е уз вежбање да се пие зелен чај? или сепак подобро вода?
     
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    После тренинг обавезно јадам голем оброк полн со протеини, јаглехидрати и масти, значи обилен но избалансиран оброк, во кој обавезно има месо или/и јајца. И често пијам шејк кој го правам со путер од кикиритки, банана и млеко.
    Се обидувам да накачам маса и се надевам дека ова е правилно за да ја остварам мојата цел...

    И да додадам, огромна грешка е исфрлањето на јаглехидратите од исхраната, особено ако сте физички активни. И после тренинг потребно е да се јаде пообилно, за да се хранат мускулите.
     
    На Mr. Right и Summerlover им се допаѓа ова.