1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да освоите некој хороскопски знак

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од julie77, 14 декември 2012.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Љубовта е основата на човековото постоење, бидејќи без неа не би можеле никогаш да ги почувствуваме вистинските убавини и задоволства што ги нуди светот во кој живееме.

    Сепак, не секогаш наидуваме на хармонија и исполнување, зашто за да дојде до такво нешто, потребен е партнер кој ќе умее духовно и интелектуално да не стимулира, спонтано и искрено освојува. Но, без разлика на честите разочарувања, човековата потрага по својата идеална “втора половина” никогаш не престанува, така што сигурно мошне често сте се запрашале?Како полесно да допрам до срцето на лицето кое го привлекло моето внимание. За да го олесниме вашето освојување, ви препорачуваме неколку “мали правила” што ќе ви овозможат успех во вечната игра на заведување, а што се под диктатот на ѕвездите. Имено, во зависност од тоа во кој зодијачки знак е родена вашата симпатија, добро проучите што треба да правите во моментот на насочувањето на аморовите стрелички, а што да избегнувате при воспоставувањето на односите.

    Значи, ако вашиот партнер е роден во знакот на:

    ОВЕН
    Пуштете го да мисли дека тој вас ве освојува. Бидете остроумни и способни за прилагодување, зашто со арогантно и суетно однесување ништо нема да направите. Употребете го умот исто како и телото за да го стимулирате и предизвикате. Иако длабоко сега знаете дека сте тип на човек која бара да се потпре на партнерот, покажете дека сте сосема независни. Развивајте ја смислата за хумор – Овните сакаат кога некој ги забавува. Бидете еротични, искрени и комуникативни. Никогаш не го прогонувајте саканото лице, дури и кога ќе помисли дека сте повредени. Не зборувајте му што треба да направи и не се поставувајте доминантно. Ви се препорачува да не го лажете и да не дозволувате со вашата врска да завладее монотонијата и здодевноста, бидејќи страста и искреноста најмногу го привлекуваат.

    БИК
    Бидете верни, подготвени за љубов и внимателен слушател. Не штедете на убави зборови, делете му комплименти, односно воздигнувате ги неговите вредности. Биковите сакаат да ги поттикнувате и да им ги фалите деловните потези и планови. Проверте каква музика и храна вашиот партнер сака, зашто преку трпезата и музиката можете на вистински начин да допрете до неговото срце. Избегнувајте да оставате впечаток, дека сакате брзо да ги реализирате желбите. Венерините деца не сакаат на нив да се врши било каков притисок. Не се фалите со своите поранешни љубовни врски. Не се повлекувајте кога бавниот, но сигурен Бик ќе ги покаже страстите и не заборавајте на обврските што ги имате во домаќинството.

    БЛИЗНАЦИ
    Обидете се да бидете сјајни и надвор од креветот. Флертувајте во мерка во која што и тој (таа) тоа го чини. Бидете добро информирани, за се што во светот се случува. Поставете се како добар пријател, исто како и љубовен партнер. Бидете му постојан предизвик, покажете отвореност, спонтаност и комуникативност. Никогаш – не ја манифестирајте посесивноста и љубомората. Избегнувајте да бидете здодевни и ситничави, зашто за Близнаците тоа е поголем грев од посесивноста. Не го сметајте сексот. во суштина на вашата врска. За Меркуровите деца секогаш постои нешто повеќе од тоа, а тоа е интелектуалниот контакт и духовното надополнување.

    РАК
    Развивајте ја својата чувствителност, бидете топли, нежни и заљубени, Вежбајте да бидете трпеливи, без разлика што тоа тешко се постигнува. Бидете повеќе врзани за домот отколку за надворешните активности, односно, бидете добра готвачка (готвач) и покажете дека семејството е суштината на вашиот живот. Манифестирајте ја романтиката и ориентираноста кон уметноста и префинетите области. Никогаш да не го предизвикувате саканото лице, зашто Раковите често бурно регираат. Не претерувајте со трошењето пари, бидејќи Месечевите деца се максимално економични и прагматични. Не покажувајте лажна скромност и срамежливост, зашто овој знак не сака кога некој ги крие сопствените чувства.

    ЛАВ
    Покажете дека под вашиот гламур и волшебен сјај живее топло и емотивно суштество. Бидете енергични и динамични се додека вашиот партнер го бара тоа од вас. Пуштете го секогаш да биде водач или во најлош случај да мисли дека е тоа. Натерајте го да сфати дека вие сте повеќе отколку сакани, и тоа не само на едно поле. Дозволете му секогаш да биде во центарот на вниманието и давајте му комплименти за неговата висока интелигенција. Никогаш не му се спротиставувајте пред другите лица. Не му наредувајте, но бидете свесни дека Лавот не сака максимална подреденост. Прифатете го како човек кој сака да им помага на другите и да управува со нивните животи. Не ја критикувајте неговата екстраваганција и желба да се истакне во јавноста.

    ДЕВИЦА
    Бидете емотивни и силни, посебно во деновите кога Девицата ги критикува скоро сите работи што вие ги правите. Пред потполно да се посветите на играта на заведување, обидете се од партнерот да направите пријател и човек во кој верувате. Во љубовната врска ќе мора да разберете дека Девицата може да биде вознемирена и хаотична до граница на параноидно однесување во врска со само од неа видливи ситници. Покажете голема способност за педантност и домаќинско работење. Почитувајте им ја професионалната ориентација. Бидете им интелектуален пандан, зашто Девиците го сакаат менталното надополнување и разбирањето на висока духовна основа. Никогаш не се критикувајте самите себе си, не доцните на состаноците и бидете одговорни и дисциплинирани. Како и да е, не ви се препорачува да ја нарушувајте довербата кај вашиот аналитичен партнер.

    ТЕРЕЗИЈА
    Бидете подготвени храбро да одлучувате во моментите кога треба да се преземаат важни одлуки. Пуштете го вашиот љубовник (љубовничка)да мисли дека неговиот совет секогаш ќе ви биде потребен. Покажете дека ве интересира уметноста. Бидете нежни, културни и внимателни во секој поглед. Дадете до знаење дека ги мразите конфликтите и расправиите. Не и зборувајте на Терезијата дека изгледа повозрасна, зашто овој знак многу држи до својот младешки изглед. Не го присилувајте саканото лице да донесува одлуки кога тоа не го сака. Ако сакате да имате мирна и стабилна врска ќе мора да разберете дека Терезиите тешко донесуваат одлуки за било кое прашање од животот. Ви се препорачува да посветите големо внимание на својата телесна линија.

    СКОРПИЈА
    Изгледајте секогаш предизвикувачки, но немојте да бидете нападни. Бидете подготвени отворено да зборувате за тоа што ве привлекува од сексот, но и што ве возбудува и продвижува, зашто срамежливите кандидати отпаѓаат уште на самиот почеток. Одржувајте го добриот изглед и телото во одлична кондиција, бидејќи на Скорпиите тоа многу им значи. Оставајте ги да ја откриваат суштината на вашата личност, зашто ја сакаат мистеријата и се максимално љубопитни. Научете да бидете “ноќна птица” – Плутоновите деца дури тогаш ја покажуваат својата голема сила и страст. Не покажувјате дека можете да бидете љубоморни. Не им ја критикувајте сексуалната храброст и гордост, освен ако не сакате да ја прекинете врската. Немојте да бидете премногу нервозни, напнати и драматични при манифестирањето на емотивните чувства.

    СТРЕЛЕЦ
    Покажете дека со иста леснотија можете да бидете и пријател и љубовница( љубовник). Истакнете ја позитивната страна од својата личност. Научите да ги прифаќате отворените и јасни забелешки без бурни реакции. Покажете дека можете да бидете енергични и либерални, исто како и вашиот партнер. Запаметете дека животот треба да биде забавен и интересен, тоа посебно важи за водењето на љубовта, бидејќи Стрелците не ја сакаат монотонијата. Не дозволувајте саканото лице да ве види во лоша форма. Не очекувајте работите да се одвиваат на начин како што вие сте замислиле, зашто Стрелецот ги мрази стеротипите, како во врската, така и во животот. Не очекувајте премногу љубовни изјави, зашто тој (таа) е личност од акција, а не од зборови. Одобрувајте им ги патувањата и следете го партнерот во секој поглед.

    ЈАРЕЦ
    Сфатете дека неговата ( нејзината) кариера е на прво место. Бидете трпеливи и чекајте страстите и љубовните емоции да се манифестираат, бидејќи Јарецот никогаш не брза и ретко ги искажува своите чувства. Развивајте ја сексуалната фантазија, но не претерувајте, зашто ќе помисли дека имате големо искуство. Запомнете дека Јарецот сака партнер која има визија во животот и амбиција за професионална реализација. Бидете одговорни, верни и дисциплинирани во покажувањата на чувствата. Не очекувајте моментно да ја искаже својата огнена страст. Не го прекршувајте даденото ветување. Никогаш не ги критикувајте неговите блиски, соседите, убедувањата или начинот на кој води љубов.

    ВОДОЛИЈА
    Обидете се да бидете ладни, недостижни и без чувства, за да им отворите предизвик, бидејќи сака личности кои мошне тешко се освојуваат. Запомнете дека овој знак го мотивираат и продвижуваат најразлични работи. Добро е ако прво им го заведете умот, а потоа и телото. Обидетете се да разберете дека Водолијата секогаш има либерален дух, кој не сака ограничувања и наметнати правила на однесување. Вашата техника на заведување мора да биде оригинална и внимателна испланирана. Пофалете ги амбициите и намерите на партнерот и помогнете му да ги оствари, зашто тој (таа) сака лица кои ќе умеат да го надополнуваат и мотивираат. Не обидувајте се Урановото дете да го врзувате за некое место или време. Не тргнувајте во заводничко освојување, ако ви е јасно дека овој знак се наоѓа во лошо расположение. Не му давајте до знаење дека сакате да го врзете и максимално да се вмешате во неговиот живот.

    РИБИ
    Смислете начин да му докажете како старите романси се уште постојат. Настојувајте да му оставите впечаток на мошне нежна и чувствителна личност, дури и во деновите кога не сте расположени. Припадничките на понежниот пол нека покажат дека не им е срам што плачат кога гледаат мелодрами. Покажете дека децата и животните се за вас важни суштества. Натерајте го саканото лице да поверува дека никогаш пред да го запознаете, не сте ја доживеале вистинската љубов. Не ги повредувајте неговите чувства. Не инсистирајте на непрактичноста со парите, зашто тој(таа) тоа многу добро тоа го знае. Бидете романтични, креативни и заинтересирани за следење на уметничките креации. Не ги гледајте по другите кога сте со него(неа).

    Извор: horoskop.com.mk
     
  2. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Охх Јарци, вечно комплицирани и недопирливи ...
    =)
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Добро го кажа ова хаха :)
     
  4. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Е мојата Водолија не е таква :D
     
  5. girl.heart

    girl.heart Активен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    4
    ДЕВИЦА
    Бидете емотивни и силни, посебно во деновите кога Девицата ги критикува скоро сите работи што вие ги правите. Пред потполно да се посветите на играта на заведување, обидете се од партнерот да направите пријател и човек во кој верувате. Во љубовната врска ќе мора да разберете дека Девицата може да биде вознемирена и хаотична до граница на параноидно однесување во врска со само од неа видливи ситници. Покажете голема способност за педантност и домаќинско работење. Почитувајте им ја професионалната ориентација. Бидете им интелектуален пандан, зашто Девиците го сакаат менталното надополнување и разбирањето на висока духовна основа. Никогаш не се критикувајте самите себе си, не доцните на состаноците и бидете одговорни и дисциплинирани. Како и да е, не ви се препорачува да ја нарушувајте довербата кај вашиот аналитичен партнер.
     
    На ana992 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Во вакво нешто ич не верувам