1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да ослабам?

Дискусија во 'Диети' започната од olgata, 27 март 2015.

  1. olgata

    olgata Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Здраво. Се викам Олга. Од неколку години имам проблем со несаканите килограми. Опитавах неколку диети, но не постигнав резултат. Немам време за спорт и не знам што да правам. Дајте ми совет?
     
  2. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Спортската активност ти е клучна за слабеење, но мора да се внимава и на исхрана. Јас откако ги тргнав лебот и благото од исхрана, симнав неколку килца. Пиј многу вода. Јади почесто, ама помалце. Поздрав
     
    На Nausicaa и XMaN им се допаѓа ова.
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Истото што ти го кажа @Mini90. На прво место:

    1. Тргање на лебот и тестенините од бело брашно а другите многу намалени.
    2. Тргање на бел и жолт шеќер (и сите произвводи што ги содржат)..
    4. Намалување на калории од помфрит, сувомеснати, паштети, маргарин и слични на нив.
    3. БЕЖБАЊЕ

    Тоа дека се немало време за спорт е изговор секако се имаат 20 мин во денот за физичка активност, треба да се има само воља и мотивација :).
     
    На tanjamkd, mamma, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Ако не можеш да пиеш горко кафе, шеќерот замени го со стевиа, таа има нула калории.
    Ќе најдеш време! На почеток е најтешко и ќе сакаш да се откажеш ама кога ќе ги видиш првичните резултати, не само што нема да сакаш да престанеш туку и сама ќе го зголемиш времето кое го посветуваш на вежбање :) Ако ти дозволуваат финансиските можности, купи справа за вежбање (пример со орбитрек, за 20 мин вежбање трошиш 200 калории)
     
    На Hristov, mackica1, mamma и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.407
    Пол:
    Женски
    Probaj I so Sassy vodata..Osvezitelna e I efikasna (barem kaj mene) ! Receptot ke go najdes vo temata hrana I pijaloci. Probaj ;)
     
  6. tiesto

    tiesto Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    13
    Само почни да се храниш здраво и со редовно вежбање за еден месец сигурно ќе ослабиш ;)
     
  7. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Има една многу добра замена за вежбање - пешачење. Најди си некоја релација која можеш да ја пешачиш секој ден, на пример патот до работа или факс...Ама секој ден таа километража ке биде доста добра кога ке пресметаш на неделно или месечно ниво. И внимавај по малку што ставаш во устата, намали со благото. Тоа би било за почеток. Внеси многу овошје и зеленчук. Тоа би било се. Значи - не режим на живот, истиот живот води го - само малку изменет. Инаку кога сакам да ослабам, само редовното пешачење кај мене има влијание, верувај, ништо друго....
     
    На jance.kristince и only44you им се допаѓа ова.
  8. Sonjata

    Sonjata Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски

    Олга, само применувај здрави навики , почни да се храниш здраво, и примени некој краток циклус на вежби наутро дома, и ќе имаш резултат ...
    повели нешто интересно, кратко, а ефикасно :
     
    На mamma му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Мн.ми се смешни луѓето кои постојано се жалат за нивната тежина а ништо не превземат во врска со тоа...
    Како сакаш да ослабиш кога постојано го користиш твоето време како изговор НЕМАМ ВРЕМЕ ЗА СПОРТ како да другите луѓе кои спортуват само тоа да го прават во животот,твојот изговор е повеќе и од смешен...
    И мене денот скоро цел ми е пополнет со активности па секогаш имам време да одам 1 сат во теретана или претпладне или попладне нормално...Исто така имам пријателка која е мажена оди на работа оди на факултет и редовно оди во теретана а за телото 20 годишна девојка не му е рамна и рака му пуштам на жената...Така да тие изговори одамна станаја клише,на луѓето денес секогаш му е подобро да тргнат по полесниот пат за било што...И не е само вежвањето има и пешачење во парк трчање купување на справа и дома вежбање значи милион опции,а исто така нормално да се пази и на храната и на калорите што се внесват...За да се одржуваш и да изгледаш добро треба да држиш до себе и да вложиш,сигурно тоа нема да дојди од дома седење пред тв и гушнат со порцијата...
     
  10. Heart *21*

    Heart *21* Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2015
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Здраво Олга, за секоја диета да има ефект покрај тоа што се јаде одреден тип на храна, треба да се внесуваат многу течности во организмот, покрај тоа треба да се пешачи.

    Постојат апчиња за слабеење Slimline Acai Berry и се многу ефикасни јас ги имаѓ конзумирано и за еден месец успеав да намалам 7 килограми но покрај тоа што ги пиев апчињата пиев по 3 литри вода на ден, и после 19.00h не јадев ништо и секој ден пешачев по 1h. Поздрав
     
  11. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    Sekoe utro da pies limon I voda, I da ne jades voopsto leb ili eventualno dietalen nekoj, ima efekt , no sekako kako I za se sto treba vreme taka I za ova. Nemozes od edna nedela da gi postignes sakanite rezultati.
     
    На crazylady, Robin25 и mackica1 им се допаѓа ова.
  12. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.348
    Допаѓања:
    83.696
    Пол:
    Женски
    Апчињата можеби се ефикасни но се штетни :) Се слабее бргу а уште побргу се враќаат изгубените килограми,сите апчиња имаат јојо ефект.
    Не ги трошете пари на глупости изберете правилен режим и слабејте здраво :)
     
    На ennaz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Помалку или ИЧ леб или па интегрален исто во мали количини, благо ептен ретко, шеќер само кафеав или ако е обичен во помали количини, пржена храна колку што е можно поретко и на вечер многу јадење не и ако јадеш, лесно нешто. 20 мин трчање во ден прават чуда ако се храниш како што треба
     
    На Oscar Lady, Nausicaa и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  14. Robin25

    Robin25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    138
    Најмалку 2 литри вода на ден, зелен чај во изобилство, половина лимон секое сабајле (јас имам пробано со цеден лимон и топла вода затоа што многу ми беше кисело на почеток, но кога се навикнав, со обична ладна вода го мешав цедениот лимон) обавезно! Кога ти се јаде благо, јади мед, а овошје во изобилство.
    Другите промени во исхраната за намалување на тежина кои ги применувам и препорачувам се следниве:
    - газирани сокови и преработени џусеви никако - алтернатива вода и свежо исцеден сок: природно и со помал број на калории!
    - исклучиво варено месо, наместо пржено, ако мора да биде пржено нека биде со многу малку маслиново масло.
    - се што е сурово и со природно потекло е добредојдено, значи да не се користи мајонез, кечап (освен ако не се домашно направени) преработена храна во конзерва никако, крем, пудинг, чоколада и слатки работи кои се преработени.
    - растителен маргарин, млеко со намалена растителност.
    Идејата на овој начин на исхрана е : ако се најдеш во село, каде нема продавници што би јадел секој ден? Тоа што го има во градината, па така одбери ги и секојдневните прехранбени производи.

    Не заборавај утрото да го започнеш со едно од следниве:
    - 2 чаши вода или
    - пола цеден лимон или
    - било кое сезонско свежо овошје.
    Секогаш легнувај си навечер барем 2 часа од последното залче што си го каснала (вечера, ужина што и да е, остави му на телото доволно време да ја обработи. Ако јадеш и си легнеш, додека спиеме телото работи успорено па така храната што си ја јадела последно нема да биде процесирана, напротив само ќе се наталожи во различен вид наслаги).

    Јас ја одржувам линијата со тоа што и многу време ја џвакам храната кога јадам. Татко ми се зеза со мене дека ги бројам залаците, но проблемот е што не треба да се оптеретува желудникот - стомакот, па колку потечна и помека храна внесуваш толку подобро е, побрзо ќе се вари и обработува. Така имаш и помали а почести оброци.

    Ако немаш време за спорт, тогаш сигурно имаш време да направиш 10 стомачни вежби кога се будиш или пред легнување, реално ќе "ти одземат" само 10 минути од сонот, но и толку малку допринесува до намалување на тежината верувај, сите од малку сме почнале.

    За крај, морам да кажам дека не сум експерт во ништо поврзано со нутриционизам ниту медицина, овие работи погоре ги напишав од лично искуство. Поздрав
     
    На Apina, mamma, ennaz и 3 други им се допаѓа ова.
  15. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    секој ден јадење по 1 кг портокали и одма се слабее :)
     
  16. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    И јас ги пиев и ослабанв 7 кг. Ама уште првиот месец штом престанав да ги пијам вратив 4 кг. а другите брзо потоа. Плус здивот ми корнеше цело време додека ги пиев, и после желудникот си го расипав. Да не зборувам за тоа колку ме правеа нервозна, само викав по некого. Воопшто не ги препорачувам.
     
  17. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    За се се сложувам тука само растителен маргарин никако. Најштетниот производ на планетава. Верувајте ако нешто бактерии не го јадат не сакате ни вие. Еднаш внесен маргарин во организмот останува во него, само пречи а не може да се употреби. Го оштетува желудникот, цревата, крвните садови, прави тромбови и е еден од главните виновници за мозочни изливи и инфаркти. Прочитајте убаво за маргаринот има многу студии. Никако не употребувајте го. Подобро полномасен путер поретко.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  18. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Каков е тој растителен маргарин, зарем има нерастителен маргарин? Ми се подразбираше дека маргаринот и млеко со намалена растителност не треба да се консумираат иако не разбрав што е тоа „намалена растителност“? Веројатно погрешен превод :).
     
  19. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Сигурно дека нема, само дека така пишал Robin24 па затоа така пишав. Се мислело на намалена масленост веројатно.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Robin25

    Robin25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    138
    На XMaN и ennaz им се допаѓа ова.