1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да подготвам ракчиња?

Дискусија во 'Рецепти' започната од UbavkaBube, 13 март 2011.

  1. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    Драги феминки, Ве молам за помош. Јас не сакам и не јадам морска храна арно ама ќе имам гости кои сакаат исклучиво таква. За риба и за лигњи знам што како, ама поима немам како да ги подготвам ракчињата? :^) Сестра ми ми вика на плотна на скара само неколку минути на маслиново масло да се потпечат/пропржат и готови се?! Споделете некој рецепт/ искуство Ве молааааам. :hai:
     
  2. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Искрено, никогаш не сум подготвувала ракчиња, но еве на оваа страна има рецепти со ракчиња можеби нешто ќе ти се допадне... Позз ;)
    http://www.kulinar.mk/recepti/Koktel-od-rakcinja.html
     
    На Zimone и UbavkaBube им се допаѓа ова.
  3. dan1

    dan1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    Ако подготвуваш чистени ракчиња тогаш можеш да ги пржиш во тава намачкана со путер или на плотна , а ако подготвуваш нечистени вкусни се на скара и им треба многу малку печење....пробај па пиши резултати :hai:
     
  4. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    259
    Еве како ја ги подготвувам за јадење ракчињата. ( имав среќа па го најдов рецептот напишан да не го куцам ја ) ................... :)

    Крокети од ракчиња
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

    * малку Сол
    * 100 грама Сирење
    * 100 грама Ракчиња
    * 50 грама Презла
    * 100 милилитри Млеко
    * 100 милилитри Масло
    * 1 лажица/ци Маслиново масло
    * 50 грама Маргарин
    * 1 лажица/ци Лимонов сок
    * 100 грама Брашно
    * 1 Јајца/це
    * малку мала лажица Црн пипер



    * Време за подготовка: 20 мин.
    * Време за готвење: 30 мин.

    КРАТОК ТЕКСТ:

    Крокети од ракчиња
    ПОДГОТОВКА:
    Истопете го маргаринот па додајте го брашното и измешајте. Полека додавајте го млекото, со постојано мешање. Сварете крем. По желба додајте едно изматено јајце. Смесата од брашно и млеко (своевиден бешамел сос) истурете ја во ракчињата, сирењето, сокот од лимон, сол и црниот пипер, потоа измешајте и се заедно варете уште неколку минути.

    Префрлете ја смесата во друг сад и оставете да се олади. Можете да ја ставите и во фрижидер.

    На работна површина посипете малку брашно па земајте од смесата и правете топчиња. Секое топче прво валкајте го во изматеното јајце (со маслиново масло), потоа во лебни трошки и пржете во загреано масло. Откако крокетите од сите страни ќе добијат златно кафеава боја вадете ги на кујнска хартија.
     
    На Zimone му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bootilicious

    Bootilicious Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Еве еден рецепт и од мене
    Стави ги ракчињата да се варат во вода околу 15 минути, потоа остатокот од водата истури го. Во тенџерето каде што претходно се вареа стави малку маслиново масло (сосема малку да се прекрие дното од садот и пропржи ги кратко, вртејќи ги од сите страни. По околу 5-10 минути во тенџерето стави околу 200-250 мл бело вино и зачини- вегета, црн пипер и оригано. Остави ги да динстаат (во полупориен сад), се додека виното не испари. Ракчињата ќе бидат меки и сочни. Може да се гарнираат со свежа салата, ориз и компири.
    Истиот рецепт може да се користи и за подготовка на јастог и други морски плодови.
    Добар апетит :)
     
  6. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    За колкава количина ракчиња е рецептов? Ми изгледа интересен, би го пробала... Јас ги правев на плотна еднаш, ама не беше нешто WOW...
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.743
    Допаѓања:
    130.734
    Јас ги правам со бело вино, малку лимон, рузмарин, маслиново масло и лук. Понекогаш им ставам и сос од домати, ама почесто ги прелевам со еден купечки сос за морска храна. Често ги сттавам и во салата со марула и домати. Важно е дека морската храна бара нешто кисело.
     
    На vikidebarlieva му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marince87

    marince87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    160
    Баш пред некој ден направив. Ракчињата можеш или да ги пржиш или на скара сеедно. За сосот користи Томатино има во поголемите маркети со босилек и оригано е во него. Ако не најдеш Томатино, земи Томатело италијанско и додај му сама босилек и оригано и сето тоа остави го малку да поврие со ракчињата за да впијаат од сосот. Малку лукче сецкано , малку рузмарин и малку бело винце околу 4-5 лажички колку за вкус и добиваш типичен медитерански оброк . Пробај , па кажи :)
     
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Најдов тука супер промоција на замрзнати ракчиња и си земав ама проблемот е што не знам како се припремаат. Некоја идеја за да кажеме тестенини со ракчиња или ризото со ракчиња??

    Отворена сум за предлози. :D
     
  10. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    ТајгерЛејди, да не го пишувам рецептов на ново, еве го истиот на интернет го најдов.
    Мајка ми често го прави, на нив им е превкусно и сите го фалат а мене ми е премногу ,,остро'' на вкус, некогаш дури и блуткаво од ракчињата, што е нормално.

    Како и да е, еве го рецептот се надевам ќе извлечеш некоја идеја :).

    Состојки:
    250 г тестенини(јуфки, шпагети или нешто слично..), 10 лажици путер, 250 г сечкани свежи печурки, 2 чешниња лук, 150 г крем сирење, 2 лажици сечкан свеж магдонос, 1 лажица сечкан свеж босилек, 150 мл врела вода (може да искористите од водата во која се варат тестенините), 450 г обрарени ракчиња, сол и црн пипер.

    Приготвување:
    Ставете да се загрее вода во сад, посолете ја и откако ќе почне да врие ставете ги тестенините. За тоа време обарете ги ракчињата, па ставете ги да се изладат. Во голем сад истопете 2 лажици путер на средна температура, па додајте ги сечканите печурки да се пржат додека станат меки и кафеави. Зачинете со сол и црн пипер. Тргнете ги во сад печурките, а во тавата ставете да се загрее останатиот путер. Додајте го толчениот лук, сирењето и зачините. Мешајте постепено иако сирењето можеби ќе се згрутчи. Префрлете го во блендер, додајте ја водата и миксирајте додека добиете воедначена хомогена смеса. Префрлете го сосот во сад, додајте ги ракчињата и печурките, промешајте и оставете на тивко да се вари околу 10 минути. Кога ќе биде готово измешајте го готовата паста и сервирајте.
     
    На tigerlady му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.402
    Пол:
    Женски
    Купив пред неколку дена, јас и дечко ми ги обожаваме, ги ставив во тавче на фолија да се испечат, само со малку бибер од Вегета, тоа му иде микс од неколку вида бибер и ѓумбир, значи ги ставив смрзнати, се испекоа за 10 минути, беа таман печени, бојата воопшто не ја сменија ама внатре беа меки и сочни. На маслинов зејтин испржив печурки, кога се испржија, значи сменија боја и омекнаа, ставив ориз, јас оризот не го мијам, така ми имаат кажано, да го ставам сув, се испржи оризот и додадов пченка од конзерва, измешав убаво и додавав постепено три мерици од оризот вода топла, да зоврие, ама да не изврие целата вода, во тавче огноотпорно ги ставив и ракчињата и оризот со се што испржив заедно и го ставив да се потпече, сосем малку, да доизврие целата вода. Јас не знам колку изеде дечко ми, а и јас богами, превкусно беше. Салата се разбира бидејќи јас користам многу зачини и е прејак вкусот, па така направив салата од краставички со копар и таман му дојде. Ова не е некој рецепт од некаде најден, едноставно го зготвив по вкус.
     
    На Mishela, baby-star, Srekicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Денеска планирам да потпекувам ракчиња за вечера, па се навртив на темава :P
    Обожаваме ракчиња, најчесто ги приготвувам на сличен начин како Ариел.
    Во една тава ги ставам предходно измиените ракчиња и додавам 1 до 2 лажичиња маслиново масло, пола шолче бело вино, и околу 1,5 шолче вода(зависно од големината на тавата и колку приготвувате, од око можете да зголемите или намалите ).
    Озгора попрскувам со лимонов сок и убаво ја размешувам смесата од вода, лимонов сок и вино.
    Ракчињата да бидат целосно потопени, отприлика еден прст над висината на ракчињата да е нивото на течноста.

    На крај ставам само зачини(по вкус и ова се додава или одземаа состојки) тенко исецкано лукче, биберче, вегета, сол, петерсилие, оригано и потоа сето тоа се потпекува .
    Спремањето трае само една минутка и после се чека околу 20/30 мин(зависно од нивото на течноста) да се потпечат.
    Може да се комбинира првен со фолија, две третини од времето а потоа да ја извадите или без фолија.
    На крај се поцрвенети и малку крцкави, но внатрешно сеуште сочни.
     
  13. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Свежи ракчиња (за нас тројца 600-700г), им ги отстранувам главите и ги мијам убаво. Не ги чистам од черупката. Потоа ги обарувам 2-3 минути во вода. На загреано маслиново масло само кратко ги пропржувам колку да се зацрват, додавам малку бело вино и ги динстам 2-3 мин додека да испари виното.
    Ги зачинувам, задолжително лукче и лимон. Најчесто ги сервирам со рижото со зеленчук
    И потоа следи -лупење, јадење, мљацкање, лижење прсти...
     

    Прикачени фајлови:

    • P2184791.JPG
      P2184791.JPG
      Големина на фајлот:
      51,1 KB
      Прегледи:
      371
    На Annath, danichap, Shelea и 2 други им се допаѓа ова.
  14. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Еве два рецепта со ракчиња :)
    Тестенини со ракчиња

    Состојки:


    · 500 g тестенини

    · 2-3 лажици маслиново масло

    · 20-тина ракчиња

    · 3 главчиња лук (иситнети на ренде)

    · сушена црвена пиперка

    · ¾ чаша бело вино

    · 1-2 шери домати

    · ¼ шоља исецкан босилек

    · сол и бибер по желба

    Подготовка:

    Тестенината ставете ја да се вари во солена зовриена вода и варете ја согласно упатството на вреќичката. Во меѓувреме на добро загреано масло пропржете ги ракчињата (околу 4 минути). Извадете ги ракчињата, а зејтинот оставете го во тава.

    Во истиот зејтин пропржете го лукот и сушената црвена пиперка, околу 30 секунди. Додајте вино и се заедно пропржете уште минута-две. Додајте ги и шери доматите и исецканиот босилек. На сето тоа додајте ги ракчињата, солта и биберот и добро промешајте.

    Сварената и исцедена тестенина додајте ја во смесата со ракчињата и сервирајте.
    Ориз со ракчиња

    Состојки:

    2 лажици путер

    500-700 г ракчиња

    1 кромид, ситно сечкан

    4 чешниња лук, здробени

    2 чаши ориз

    1 чаша суво бело вино

    5 чаши зеленчукова супа од коцка, загреана

    1 лимон, исцеден и со изрендана кора

    1/2 лажичка сол

    1 лажичка црн пипер

    2 супени лажици неутрална хопла

    18 листа босилек, сечкани, плус уште малку за украс

    рендан пармезан за украс

    Приготвување:
    Загрејте го путерот во голема тава на средновисока температура. Додајте ги ракчињата во еден слој и пржете ги од двете страни околу 3 минути. Пренесете ги на штица за сечење и исечкајте ги крупно. Оставете ги настрана.

    Вратете ја тавата на рингла (не ја мијте) и додајте ги кромидот и лукот. Промешајте и гответе 2-3 минути, или додека кромидот да почне да станува стаклест.

    Намалете ја температурата на среднониска. Додајте го оризот во тавата и мешајте го неколку минути, внимавајќи да не загори. Прелејте го виното и промешајте, за оризот да ја впие течноста.

    Откако оризот ќе го впие виното, почнете да ја додавате топлата супа чаша по чаша – додајте една чаша, па оставете оризот да ја впие, па додајте уште една чаша и така сè до крај.

    Повремено мешајте, па меѓу додавањата на супата зачинете со сол и црн пипер. Откако оризот ќе впие 4 чаши супа, пробајте го. Ако ви се чини несварен, додајте ја и петтата чаша супа и варете го оризот додека да ја впие и да биде сварен.

    Кон крајот на готвењето додајте ги кората и сокот од лимон. Додајте ја хоплата, промешајте, додајте го босилекот, украсете го јадењето со рендана кора од лимон и пармезан и послужете веднаш.
     
    На Nadja_22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Не знам како ја ископав темава, ми се пријадоа ракчиња синоќа. :$
    Никогаш порано не сум приготвувала дома, па се водев по микс од рецептите на @Ariel и @danichap.

    Ситно сецкано лукче пропржив на малку путер, ги додадов ракчињата, додадов 1/2 филџанче бело вино, прстофат сол и сок од половинка лимон.
    Ги издинстав и како за прв пат испаднаа одлични - сочни, прекрасни на вкус.

    Ги измешав со нудли и прв пат да ми се допаднат нудли без никаков сос. Си примија од сосот во кој беа динстани ракчињата и немаше потреба од ништо дополнително. :)
     
    На Minci13, joy1, Ariel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.704
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Женски
    Мене исто ми се многу вкусни и претходно обарени,па после ги валкам во брашно со зачини и сол и ги пржам.
     
    На joy1 и Mishela им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Ќе ги пробам и така, со твој рецепт нема утка. :)
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.071
    Допаѓања:
    17.212
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум пробала. А баш ме интересира каков вкус имаат? Каде може да се најдат и по која цена?
     
  19. vikidebarlieva

    vikidebarlieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Isto i jas vaka gi podgotvuvam. Koga se marinirani imaat ponezabelezitelen vkus koj na dosta lugje im e odbiven. Isto taka odat dobro vo kombinacija so prsti od lignja isto marinirani so origano
     
  20. vikidebarlieva

    vikidebarlieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Gi ima vo site marketi, firmata sto gi uvezuva se vika Metro. Gi imam nacekano vo vero vo tinex i vo kam duri