1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да постапам со бившиот?

Дискусија во 'Канта' започната од artemis, 24 јуни 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Првпат поставувам тема и јас. Ми треба мислење. Имам врска 10 месеци. Но одеднас ми се јави бившиот со кого бев 4 месеци и гаев многу силни емоции. Врската беше убава, искрена, без ниту една кавга. Но тогаш ме остави без збор и многу страдав, не знаев ни што ни како, а сега ми рече дека тогаш сакал да се затвори во себе??? Јас имам убава врска сега и мислам дека е погрешно да излезам со него, без разлика на емоциите, зашто пак ќе ме остави без збор и ќе го снема. Во меѓувреме тоа повлекување значело нова кола, многу шетање, слики со многу жени. Ни трага од оној порано, или пак јас не сум го понавала. Попладне треба да ми се јави, и мислам да не одговорам воопшто, сега едноставно мене да ме снема. Многу го замислував овој ден, и тоа што ќе му кажам, и како ме повредил и за тоа колку сум страдала и што мислам за се, но сега дури и мислам дека немам волја за тоа, нема поента, најдобро е да не кажам ни збор, да не одговорам на позивот и да гледам напред во иднината. Сега мене да ме снема без збор. Што мислите вие?
     
  2. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    немој да паѓаш на негово ниво.. кога ќе ти се јави крени и кажи му на куптурен начин како си се чувствувала тогаш и како ти е сега.објасни му и дај му на знаење дека и тебе некогаш тој ти значел а него го снемало едноставноо.(додека ти си била дома, тажна).... сега кажи му дека си со друг и дека не ти е во план да си ја упропастуваш врската за некој што после една година му текнало да те праша што правиш и како си?? па не си ти на дугме и на почек.. зарем не?? нека си тера по неговиот пат..
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Ти го познаваш најдобро каков е тој. Па ако велиш дека те повредил, може пак да го направи тоа, што го спречува? Ако ти треба мислење, јас ќе те советувам да го откачиш културно кога ќе се јави. Ќе му кажеш дека си продолжила со животот и дека во тој живот нема место за него. А штом велиш дека си задоволна од својата сегашна врска, нема што да бараш со бившиот. Самата велиш дека се променил, дека не е оној што си го знаела ( а можеби и никогаш не си го ни познавала). Зависи ти што сакаш, како се чувствуваш. Ама штом мислиш дека е погрешно да излезеш со него, тогаш не прави го тоа.
     
  4. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    23
    се сложувам со Annath, ако се чувстуваш среќна во врската не си прави проблеми. Кога ќе ти се јави прашај го зошто го снемало и зошто те бара... пошто знам какви сме ние женските сигурно после ќе се прашуваш како што викаат србите шта би било кад би било, ако толку сакаш отиди на кафе.. ама само кафе, разговарај што било во меѓувреме па така лице во лице ќе ти биде полесно да му ги откриеш намерите
     
  5. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Фала на мислењата. Решив да не излезам (а и мојата намера беше само кафе, ништо повеќе), зашто и веќе и не е важно што се случило и зошто така без збор ме оставил. Тоа го поднесов многу тешко, и мислам дека ниеден изговор не вреди и не е важен. И тоа сто сум сакала да кажам, ќе си го задржам за себе, зашто мислам дека ако некој со кој тогаш многу сме си значеле ме оставил без збор, сега по толку време уште помалку ќе му биде важно како сум се чувствувала. Се сеќавам дека секоја вечер доцна се возев сама низ град, слушајќи музика и плачејки, еднаш и се дерев во кола: Нема љубов, нема љубов! Не можам да простам некој да ми даде толлку љубов тогаш, да вика те сакам, да биде прекрасен и да го снема без збор???? Ќе го закопам ова, одиме понатаму. Има некој сега што мисли на мене и вечер ме чека.
    Фала на сите! :)
     
  6. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Еве на крајот што се случи.
    Кога ми се јави, се договоривме да се видиме. Муабетот течеше нормално се додека не ја начнав темата зошто го снемало. Ми рече дека ништо не ми направил, дека тоа е минато и дека не е важно. Збеснав, му реков дека е себичен, дека не сум го познавала, дека емотивно ме искористил, дека не му е грижа за лугето, а он само повторуваше не сакам муабет таков. И откако кажав се, станав и мртва ладна му реков дека ке се мажам за тип од неговото маало ( а случајно навистина е така) и си отидов. Такви типови ништо не ги допира, ама ова е за памет човек да биде внимателен посебно со оние што се слаткоречиви.

    Отидов кај дечкото, му кажав за средбата, ме ислуша, ме гушна и ми рече дека не сум виновна што сум си кажала се што ми лежи на душа, а тоа што другиот е бесчувствителен е негов проблем и минус кој кога тогаш ќе си го плати во животот. Мегускаше пола саат, беше убаво, мирно. Прекрасно постапи, и сега уште повеќе го сакам мојот сегашен.
    Позз! :)))
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што се завршило добро. Ти посакувам многу среќа со сегашниот дечко! ;) :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.