1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како изгледа типична македонска свадба...?

Дискусија во 'Насмевка' започната од Offspring, 21 јуни 2011.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Еве како изгледа една типична македонска свадба прикажана низ 24 часа:

    06:35 Невестата стануе узбуџена од спиење мајка и и трпа дијазепамче у уста да се смири, комшиките ѕвонат на врата дојдени за да спремаат руска и кифлички уз мајката на невестата.
    07:00 Невестата оди на фризерај (у фЛизерница), нормално по могучност кај најскапиот фризер и обавезно паѓа некоја фризура од типот на банана, сарма или новогодишна елка.
    08:30 Невестата се враќа од фризерај, долази дома и со комшиките ги вежба уше еднаш сите ора и како да каже у црква - ДА, ГО ЗИМАМ, а притоа на попот да не му паднат перверзни мисли на памет :)
    09:00 Младоженецот стануе од спиење и обавезно со кумот дрмаат по едно ракииче, а ако е некој мутав седи и дреме, док кумот пие ракија.
    10:00 Невестата се заклучува у соба (по могучност спавацча, или дечја соба нали) и ко трнорушка чека да дојде зетот да ја спаси од аждаите (читај у превод: братучеди, браќа, комшии, комшики, тетки) што стојат на врата и бараат пари од зетот и неговата тајфа ако сакаат да ја земат невестата и да си ја носат при себе :)
    11:00 Кај младожењата почињаат да стигаат гостите (буквално цела родбина до 6 колено сосе пријателите што ги упознале мајка му и татко му пред 20 години на одмор у врњачка бања и од тогаш не се виделе).
    Почиња да се вие коло, да се певаат песни од типот на 4 месеци свадба се спрема, обавезно има некоја тетка од страна на мајка му на младожењата со бркови и недепилирана мишка која е најжива од сите, лупа на дајре ко разулавена и вика ју ју ју, са са! У меѓувреме кај невестава се дешава истото, једина разлика е што невестава запаѓа у трансои у соба закључена док чека у неизвесност (леле абе ќе дое ли овој да ме земе или не).
    13:30 Од кај младожењата се трга по невеста... сите коли се украсени со пешкири, цвече, а кај патриотите и знамиња со лавови, сонца и Александар Македонски.
    Обавезно пред куќа док не тргнат по невестава, се собира цело маало (читај: све од женски род и ќоро и сакато од 5 до 95 години, облечено у тренерка и летна влечка, најчесто марка - Лајнарки Чик Куманово, придружена
    со вунена чорапа, нормално за да пукнат сеир, да видат кој шо носи, кој со кого ке иде у кола и тако даље и тако ближе). По пат обавезно се свири со аутата ко на утакмица Шкендија-Вардар (едино нема само извици од типот на уа судија).

    [​IMG]

    13:45 Стигаат сватовите кај невестичето... и таму пред куќа е собрано цело маало и се дешава истото како и кај младожењата, само овдека комшиките имаат од Бога поклон да ги видат гостите и од невестинска и од младоженска страна. Се вие коло и се влага дома кај невестулево, а обавезно пред улазак едно моме им кити гранчиња од елка, бор, јавор и рузмарин на сватовите директива на сакич и на кошуља.
    14:00 Младожењата заедно уз неговите пајташи трга накај собчето кај што е закључена невестата и пола саат се расправа со аждаите што ја чуваат (ДАЈТЕ МИ ЈА, НЕ МОЖЕ, ДАЈ ПАРИ, НА ПАРИ, Е НЕ ТОЛКУ ДАЈ УШТЕ, АЈ ОВИЕ ДОСТА СЕ, АЈДЕ ДОБРО ВЛАГАЈ...) и од коа ќе влезат деверот и облака ципела на невестата.
    Од коа ќе бидне драмава се влегува у дневна кај што е поставена храната, па таму свекорот и свекрвата и сватот и сваќата кршат леб и у меѓувреме со залак леб док го џвакаат меѓу зуби се бацуваат у уста (и маж со маж) по 3 пати и така се посватуваат. Пак се вијат кола и више време е да се трга у матично.
    16:00 У матично се потпишува завет (смртна казна) дека се зимаат младиве, а тука потпишува кумот и старосватицата, као еве демек им даваме на младиве суппорт да се земат. Од коа ќе се деси свечениот чин... обавезно сите 656 гости се љубат по три пути у образ со младожењата, невестата и сведоците, а најупорните баби директива У УСТА ШЛАПААТ и тоа онака сочно од дно душе и срца, али може да се начука и некој пијан сват кој ке и се џитне на старосватицата.
    Обавезително една буцка дели по луѓе грижоте бонбони, или краш бајадери и од време на време си подлапнуе од истите.
    На искачање од матично се праи групна фотка као у ДИНАСТИЈА и ти дотрчаваат 4-5 ромчиња што кунат - дај пари жити швалерката... и тука настануе фрка со суеверни жени, одма мислат дека Ромите се видовити па се караат со мужите околу нивниот швалерај.
    17:00 Се иде у црква. Се редат сите низ црква, кој до Богоројца, кој до Исус, а младожењата, кумот, невестата и старосватот насреде заедно со поповите.
    Тука почињаат да певаат попоиве небаре се на Макфест (све исти шлагери се пеат по свадби - И ТОГАШ ГОСПОД РЕЧЕ, ЗЕМИ ЈА ОВАА ЖЕНИЧКА ДА ТЕ ПРИЧЕСТВУВА И ТОЈ МУ РЕЧЕ ДА, ЌЕ ЈА ЗЕМАМ И ТАКА БИДНА РАЈ АМИИН).
    Па се дегустира црвено вино уз леб, па се праат фори (демек попоиве шалајџии) и коа се мењаат круните од глава на глава, увек настануе драмотија прибидејќи невестата и старосватицата не може да си дојдат при себе пошо попот им ја уништил фризурката док им стаал круна на глава. Се фрлаат бомбончичи и ситни пари низ црква док невестата и младожењата три пати кружат околу попоите, верујте у тие моменти најбоље е да се склоните у ќош ако нејќете да се осечате као кога го бомбардираа Перл Харбор.
    18:00 На паркинг пред црква 2-3 жени им ги поправаат фризурите на невестата и старосватицата док овие уште бесно го пцујат попот.
    19:00 Прием у ресторанТ. Пак честитки и три пати цмокси цмокси цмок, примопредаја на поклони, поздрављање со далечна родбина.
    20:00 Играње кола (сите познати и непознати ора од Вардар, па до Триглав за да се запази вкусот на сите гости), пијани женички што цупкаат у место за да не се испотат, пијани женички што најватрено играат узичко коло и 6 напред 3 назад, док цицурајките (шо би рекла баба ни), им рипаат до небо, пишуење музички жељи на салфетка,
    фрлање бидермаер (групна тепацка), па љубоморни жени на таа шо го фатила букетот и изјави од типот на - НЕКА МИ ГО ДАЕ МЕНЕ И ОНАКА НЕЈЗЕ НИКОЈ НЕМА ДА ЈА ЗЕМЕ, сечење торта, играње Бечки валцер и пијанчење сè док може да се остане у ресторанот
    02:00 Свадба је завршила. Сите среќни, весели си одат по дома, освен најпијаните кои продужаваат кај младенциве дома да се дотрескаат.
    04:00 Фајронт... али двајцава млади шо се земаа, од прва брачна ноќ ќе видат... ОД ТРИТЕ ПОДУГАЧКОТО ЌЕ ВИДАТ. ПРАВАЦ УТЕПАНИ У КРЕВЕТ, ЌЕ САЊААТ КРУНИ, ПОПОИ, КОМШИКИ, ХАРМОНИКА, ФРИЗЕР И ТАКО ДАЉЕ!!!

    Текстот е преземен од http://www.crnobelo.com
     
    На spacegirl92, poi, SnowWhite8 и 31 други им се допаѓа ова.
  2. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    обавезно има некоја тетка од страна на мајка му на младожењата со бркови и недепилирана мишка која е најжива од сите, лупа на дајре ко разулавена и вика ју ју ју, са са! врв :D
     
    На ColoursOfTheRainbow, shushu, Madonna и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Мене ова ми е нај вистинито :D

    Обавезно пред куќа док не тргнат по невестава, се собира цело маало (читај: све од женски род и ќоро и сакато од 5 до 95 години, облечено у тренерка и летна влечка, најчесто марка - Лајнарки Чик Куманово, придружена
    со вунена чорапа, нормално за да пукнат сеир, да видат кој шо носи, кој со кого ке иде у кола и тако даље и тако ближе)

    :rofl: :rofl:
     
    На poi, butterflu, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  4. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Уствари,нема нешто што не е точно овде. :rofl:

    И обавезно после свадбата, комшиите, аа убава беше невестата убава... а позади грб, море стомаче имаше,сигурно трудна е,затоа ја зел.

    :D
     
    На poi, ColoursOfTheRainbow, Buttterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Хахахахаххах Офи ме изнасмеа :lol: :lol:
     
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Така си е, така си е хахаха инаку и јас порано коа го прочитав ова многу се смеев, го имав ставено во СДК хахахахаха :rofl:
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Ужас! Искрено, многу мразам вакви свадби! Дефинитивно нема да дозволам да имам типична, може не само македонска, балканска свадба. Да дозволам да ми се случи вакво нешто би го сфатила многу трагично :)
     
    На WhiteButterFly5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Најтрагично ќе биде на мојата свадба да ми дојдат рода на мајка ми првите братучеди. Значи луѓево на пат се прават дека не ме познаваат, ама затоа на свадба највесели се. Голема рода се од таа страна, еден куп народ, и јас секогаш избегнувам на нивните свадби да одам, башка што ги имаат ептен овие типичните свадби, ма јок бре, нечууууу :D А има една, на мајка ми прва братучедка ќерка и, девојчево значи, која и да е невеста или младоженец од таа страна, недела две пред свадбата се упикува за на свадбата да е главна, она оди со невестата/младоженецот, она дели од тие бакнирака (колку бапско), и она го фаќа букетот. Ние ја викаме Кумата, по онаа поговорката, каде ум таму кум или како и да беше :D :D
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.832
    Причините поради кои јас нема да правам свадба (типична македонска) :rock:
    Не го можам јас тоа (Ту мач фор ми) :shake:
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Вакви всушнсот и се свадбите кај нас во Мк...Барем кај нас во Струга колку што слушам и заприметувам е така. Сериозно да направи некој некоја свадба на пример со помалку луѓе само најблиски,а не некои роднини 6то колено одма муабети да не го почешале џебот,не ги сакале... |(
     
  11. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.832
    Јас освен домашните и закониците никој друг нема да поканам и око нема да ми трепне.
    А дека ќе ми се налутат воопшто нема да размислувам за тоа на мојот меден месец ,на некое од моите дестинации од соништата (медениот месец кој ќе биде овозможен со парите од порциите кои нема да ги дадам за лицемерни и нелицемерни роднини).
    Колку само убаво ќе си поминам и колку само нема да ми биде гајле што мислат другите,
    нека си мислат за нив.
     
    На janafilth, JuLleE и Trendafilka им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Абе да се насмееме луѓенца, реалноста е таа, сакале или не. :D

    Да додадам уште дека обавезно се свири ,, Од овој ден,, за прв танц. :rofl: Ова станува традиција, мајке ми. Демек само од денеска тие ќе се сакаат и ќе се љубат, абе ајде. :rofl:
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.832
    Да не го изоставиме моментот - Черешна се од корен корнеше мома се од мајка делеше
    И сите вакви
    [​IMG] :rofl:
     
    На bertold, Feminka22, poi и 27 други им се допаѓа ова.
  14. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    хахаха аман бе пак и вие, па излив на емоции нели има тој ден...хаххахах :D :D :D
    глупости најживи, џабе слупани пари, џабе нервози, џабе не спиење :lol:
     
    На WhiteButterFly5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Хахахах се изнасмеав, ама вистина си е вистина :D
     
  16. Miss.Bass

    Miss.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    206
    Последната свадба на која присуствував беше пред едно 4 години, неам нерви , солзи, комбинации и насмевки да приложам ... не ме прима ... дај боже моја свадба друго два посто ...или кај блиски али ипак...
    малку оф топик поздрав до зетот од бабата играј коњу играј :lol: :lol:
     
  17. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Искрено оваа е се вистина...али кј мене во село сее најинтересни онаа баш ваквите свадби...и тоа понеделникот...невестата ја носат на вода, се живо и диво е пијано и измачкано со кал, и даваш пари на невестата ти бакнува рака и ти турива вода да се измијаш и така оди тоа... :) :P
     
  18. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Хехе, такви се такви, шо да прајш?
    Ја не би таква свадба да права, ама, делот цела вечер вртење ора, е тоа не се пропушта.
    Играорка во душа сум, ќе вртам 3 дена и 3 ноќи и нема да ми здосади :lol: .
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    А многу битен е моментот што момата од мајката после овој тажен момент ќе живее на максимум 20тина километри оддалеченост, а не често и на неколку спратови разлика....али битно се исплакуваат :D
     
    На joelle и kate-the-great им се допаѓа ова.
  20. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    А што е со нас на 20000 км подалеку од мајката? :'( леле па треба да се утепаме од плачење...мамоооооооооооооооооо :rofl: