Kalitea se naoga na prviot krak Kasandra, me interesira kakva e klimata,nokniot zivot, dali ima pesocni plazi ili izgledaat kako diviteplazi (karpesti) planiram da odam nekade kraj na juli. (Se izvinuvam za latinicava,od mobilen sum)
Kalithea (Grcija) На првиот крак сите плажи се песочни а ти најдобриот крак си го одбрала јас бев во Ханјоти, другарка ми беше во Калитеа и вика дека имало многу туристи дека навечер имало журки сепак нема да ти биде здодевно.
Kalithea (Grcija) Јас бев лани и многу ми се допадна местово, за мене е најубаво од сите места на првиот крак, заедно со Ханиоти. Плажата е супер, песочна е, водата е чиста. Местото е доста раздвижено, има журки и убав ноќен живот.
Ние планираме да одиме калитеа после 20 август, ме интересира дали некој бил во вилата Ставрос како се движат цените за храна излегување...па девојки пишете нешто повеќе за калитеа..
Напишав во темата за Пефкохори дека е убаво али 3то место, Хањоти ми е нијанса поубаво второ место, али Калиета прво! Калитеа има намногу странци, а и за нијанса е најскапа од кракот баш ради странците, али подобро Пефкохори и Ханјоти се веќе српски гратчиња ечи турбофолк од некои ресторани Најпрвин во Калитеа беа големите хотелски комплекси најголеми на тој предел од Грција, а потоа се разви и гратчето. Градот е горе, а плажата е доле по удолница. Апартманите на прв ред плажа а ги има 10тина мотелчиња се по 100 евра на ден. Како иде нагоре се поефтино. Водата е најбистра од цел Халкидики гарантирам! Плажа песочна голема дел со кафулиња и изнајмувањето на чадор и 2 лежалки е по принцип нарачуваш кафе 3/4 евра и со тоа ти е лежалката за цел ден. Дискотеките се на 500/700 метри од центарот на градот, има неколку дискотеки блиски се една до друга постојано со журки и многу народ. Вршам притисок да отидам во септември на некој ден во Калитеа, најубавите 2 одмори си ги имав во Калитеа . Сликава е од крајот на заливчето кај палини хотелот, затоа има тревки во водата, тука нема ни лежалки, но за да се види колку е бистра, ова е сликано ради плавата риба ако ја гледаш инаку водата на други места е иста само доле ситен песок. Но тие слики се прајвт Spoiler Калитеа е за степен до два подобра од другите гратчиња на кракот, а од Паралија, Неа Пори и тие други гратчиња од таа област под Олимп е за 10 скалила подобра, водата не може да се спореди, на другиве места е тиња, јас се исфрлив кога се бањав таму а и медузишта огромни имаше Во Калитеа нема такво нешто, тревки има само ако фатат ветрови и силни бранови, а од животинчиња може и делфинчиња да видиш јас на 2 пати видов
Јас бев пред некоја недела во Калитеа.Плажата е песочна,водата на почеток е многу плитка па треба малку повеке да поодиш за да може да пливаш но поради тоа е многу многу топла.Плажата на која бев не беше многу голема и така по опуштено е без гужва(кога бев јас немаше многу).Има голем центар за шетање но онака нема многу кафичи туку повеке продавници Мене многу не ми се допадна бидејки мала населба а јас сакам големи градови со луд нокен живот
Потполно се согласувам со Расоњерка. Оваа ќе ми е 3та година по ред како одам на одмор во Калитеа. Најубаво ми е. Градчето ми е океј, има каде да се изнашеташ,каде да си седнеш на кафе. Веднаш надвор од градчето има ноќни клубови ако веќе си за добри журки. Има убави бутици да си исплакнеш очи. Најмногу од се Калитеа ми се допаѓаше бидејќи немаше многу Македонци. Повеќето беа странци бидејќи како што кажа Расоњерка за разлика од другите Калитеа е малку поскапа, па не многу со овој стандард можат да си го дозволат тоа. Па од оваа причина си се осеќаш баш како на одмор, опуштено, никој не познаваш и не се замараш ни со изглед ни што правиш ни како правиш. Но оваа година веќе се приметува дека има повеќе заинтересирани македонци за таму. Плажата е најубава. Повеќето плажи во Грција се песочни и убави, но ретко каде морето е такво убаво. Значи многу ретко да има бранови бидејќи самата плажа е сместена како во мало заливче, водата е бистра и ако погледнеш надолу се се гледа. Толку години по ред имам одено таму и само еднаш се има случено да го заварам морето заматено и со алги. Oва е слика од плажата, но не гратската плажа на Калитеа, туку Палини бич пред истоимениот хотел кои се на 2 минутки одалечени од градот. Незнам колку може од сликата да приметите колку само е чисто и бистро морето. Ова е слика од хотелот каде што бевме сместени.
лани за одмор бев во калитеа ми се допадна водата сино - зелена и плажата само нокниот живот му е слаба страна... сеедно ако одиш за одмор го одбра вистинското место поззз
не па баш ноќниот живот е појаката страна на км од гратчево има 5 диска едно до друго кое од кое поинтересно ,место кое вреди да се посети е..плажата убава кафиќи ма све супер е!
него барав смештај за пефкохори во темата соодветна за тоа но никој не пишал еве и овде ако некој има информација за сместување таму нека пише плс позз
И јас потврдувам дека водата е пречиста, топла, а погледот од горе кон плажата и морето е волжебен, не се опишува со зборови таа глетка на градација на боите на морето. А дека нема Македонци, не се согласувам, имаше, и тоа доста ама имаше и многу странци, навистина. Во Паралиа врие од Срби, а овде не беше така, ги имаше но не во толкав голем број. Мене само не ми се допаѓа што нема толку маркети и сендвичари во близина на плажата како што е на пример Паралиа, таму има на секој чекор па можеш во секое време да си купиш нешто ако ти се присака. И Роси бре, не е толку ужас Паралиа не ми ја вреѓај паа
Devojki dali nekoja znae kako e vlezot vo diskotekite?slusnav deka za vikend vo Stigma i Ahoy bilo po 15evra so 2piva ili eden koktel !dali samo za vikend e taka ili pak preku nedela ne se plaka?koga bev lani vo Paralia zenskite ne plakaa i si dobivaa po 1pijacka gratis.gledav bas na you tube ima poveke diskoteki pa ako ste nesto zapoznaeti VE MOLAM pisete!sorry za latinicata od mob.sum.mwaaa
Калитеа повторно Овој викенд водата беше без бранови, имаше и поголеми рипчиња кои се гледаа низ бистрата вода, повеќе шетавме па впечатоците ми се зголемија двојно - уште малку и ќе станам пристрасна како Роси Ама мислам дека доволно видов од Калитеа- слетна станица Ханиоти и Пефкохори Eве ви и некоја слика да не коментирам “ на суво“
Преубаво место - јас минатата недела бев таму Водата е пречиста, песокот е бел едноставно прекрасно За одмор местоно е закон - па и ноќниот живот не е лош јас останав само два вечери но супер беше Единствено треба да одиш десетици метри во морето за да стасас на подлабоко место но мене ми одговараше Еве и сликчина
два три здрака сонце надвор и опааа ајде за одмор одма муабети почнувам значиииии оваа година сакам калитеа да одам со либето ....и ме интересира ...од лани како било со цени сместување итн
Како е годинава со цените??? Се наоѓа ли отприлика по 10е од ноќевање (од 10 Јули) или пораснаа цените??
Kaлитеа ми е многу убаво местенце,на почеток на Касандра,мало,ама сепак пријатно.Единствено ми сметаше што моравме да се симнуваме надолу за да одиме на плажа,за разлика од другите места на кракот.Сепак би одела пак
Ај ве молам тие што биле да дадат повеќе информации:::: дали има само една или повеќе плажи местово, зошто нели мало место е, и дали плажите се широки и долги, која цена се лежалките, и какви се цените за јадење во ресторани???? Тоа ми е посебно важно ако се сетите отприлика некоја цена како ориентација да знам зошто читав дека најскапо било таму од сите други места. Инаку не сум одела досега натаму уште се мислам ама некако од коментариве добивам желба ПС: И дали има многу комарци???