1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Канење на починат на свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од bucule, 29 мај 2012.

  1. bucule

    bucule Активен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Имам починат родител и ми беше кажано дека треба да се оди на гробишта по традиција и да се покани пред да ги каниме гостите. Не знам што како се прави и ако некој знае да ме советува ја имате мојата благодарност.
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    поканување на починат

    не сум сигурна, не сум чула ништо такво, затоа неможам да ти тврдам ни вака ни така.
    едно што знам е дека недела дена пред свадба се оди нагробишта се посетуваат блиските, зошто после 40 дена не се оди по свадбата (така знам), е може тоа е тој адет.
    Нека ти пише некоја тазе невеста,што е сигурно сигурно си е некој со искуство да ти каже.
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    поканување на починат

    Колку што се сеќавам пред да правиме и ние свадба, свеки моја со свекор ми беа на гробишта поточно на гробот кај татко и` да го покани и него на свадбата, нормално нели фигуративно. Што и како носела не знам само знам дека зборела нешто како -татко ќе го жениме синот па сакаме да ти кажеме да знаеш и да дојдеш на веселба....така нешто, значи свои зборови се употребувале.
    И јас знам дека една година после свадбата не се оди на гробишта, ни на задушници ниту на помени. Семејството е во радост и затоа не се оди по гробишта.
    Непосредно пред нашата свадба ми починаа двете баби, моите не беа на гробишта да ги поканат (изгледа не го практува мојата страна тој адет :?: ) и цела година не им беа на гроб ни на едната ни на другата баба, само на погребувањата беа.
     
    На Cinderfakinrella, tessie и Angel4eeee им се допаѓа ова.
  4. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    поканување на починат

    И јас имам починат родител..т.е мајка :( ...и јас ке правам свадба есенва, и ниеден обичај на светов нема да ми влијае да не одам на нејзиниот гроб. Секако дека ке одам и ке ја поканам... и ке одам и после свадбата на секој празник и задушници и се.
     
    На Cinderfakinrella, Agatha и Hopeful им се допаѓа ова.
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    поканување на починат

    Умрените се канат на свадба со парастас (или света заупокоена литургија со парастос). Најдобро е во саботата, една недела пред свадбата, да се отслужи еден заеднички (со имињата на покојните и од машката и од женската страна) парастос во парохиската црква, како радоста на живите би се поделила со покојните. За таа намена потребно е поскура, варена пченица, вино и свеќи за секој од присутните. По парастасот, може да се направи и мала задушница. Потоа може да се појде и на гробовите од покојните, да им се запалат свеќи и секој посебно да се покани.
    Тоа дека оние кои се бремени, младенците итн, не треба да одат на погреби, помени и задушници е чиста глупост. Кога почина дедо ми дојде една комшивка која беше, ем бремена ем свршена, па фала Му на Бога ништо не и` е. Има среќен брак и две здрави и прави машки дечиња.
     
    На Witchman и melanie27 им се допаѓа ова.
  6. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    поканување на починат

    Сум слушала и јас за ова.

    А што и како се канат сум слушала различни традиции. Имено секој град си има своја традиција ако не и секое семејство. Така да...

    Не сум мажена, ама ке кажам за моја блиска личност која што се омажи а свекор и и свекрва и се починати.

    пред да прават свадба најблиските на момчето отидоја да гробишта да му кажат дека нивниот син ке се жени. (На мајката не, закопани се во различни градови).
    не носеа ништо , никакви парастаси, само им кажале во себе „брате, син ти таа и таа ден ке се жени, дојдовме да те поканеме( во себе). И како што ми кажуваше невестата
    ден пред свадба таткото на момчето го сонувала на сон. Дошол да ја види.
    Седел на местото каде што седел најчесто во домот каде што живеел, седел и ја чекал да се врати да ја виде идната невеста на синот, таа не била дома, била испадната. Кога се вратила, ништо не и презборел, само се ракувале. Станал и си заминал.

    Велат ако не презборе починатата/иот тогаш не е ѓаволот, ако презборе, тогаш е ѓаволот.
     
  7. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    поканување на починат

    мене понекогаш кога ми збори починат на сон зар ѓаволот збори????
     
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    поканување на починат

    Ќе одам офф топик во врска со сонување на починати.

    Пред некој месец јас ги сонував моите мртви баби, беа кај мене на гости и ме прашаа до кај сум со бременоста, дури и со кафе ги послужив и си правевме муабет.
    Утредента се сетив на сонот, искрено се вознемирив и кога дојде мм од работа одма отидовме во црква и им запалив свеќи.
    Потоа разговарав со мајка ми и таа ми рече дека ако сум ги сонувала умрени, тоа не било убаво, а тоа што сум ги сонувала како да се живи е добро, изгледа само сакале да посетат. :)
    Нека почиваат во мир и двете.
     
  9. bucule

    bucule Активен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Благодарам на сите за одговорите во врска со темата. Мислам дека не само на мене туку и на други во слична ситуација ќе им се најдат.
     
  10. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    И јас сум слушнала за ова дека починатиот треба да се покани на свадба, матура и слично. Ете јас пред и после матурата на брат ми ги сонував дедо ми и баба ми кои се починати, а тоа значело дека требало да ги викниме на матурата на брат ми, ама ние дома не знаевме отпосле разбравме дека тоа значело!
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    ^јас прв пат слушам за матура и слично....само за свадба знам
     
  12. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    За свадба имам слушнато дека требало а за матура и др прв пат слушам и во дилемам ме ставивте,ама сепак мислам дека тоа е само за на свадба да имаше нешто такво баба ми ќе ми кажеше
     
  13. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    колку што јас сум запознаена вцака оди канењето на мртвите за свадба
    се оди на гробот се пали свека и се носи нешти на гробот за раздавање обично нешто што починатиот повеке сакал да го јаде и се кане со зборовите НИЕ КЕ ПРАВИМЕ СВАДБА ЗА ПЕТКО ВО НЕДЕЛА ТЕ КАНИМЕ И ТЕБЕ АМА ДА СИ СТОИШ НАСТАНА
     
  14. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Јас за овај обичај не знам, сега за прв пат прочитав овде но сигурно дека пред да се омажам ќе одам на гробот на моите родители, :( :'( ќе им запалам свеќа и ќе им кажам дека се мажам и дека би сакала и тие да се овде.ЌЕ ми биди претешко без нив тој ден знам,но сепак тие ќе се таму со мене како што е и секогаш.
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Дали канењето на починатите, мора да биде директно на самиот гроб на починатиот, или може да се отиде во црква да се запали свеќа долу за починатите и да си кажеш што има?
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.111
    Пол:
    Женски
    Канењето треба да биде директно на гробот на починатиот. Не го применив овој адет, бидејќи дознав за него пред некое време, а свадбата ми беше пред 2 години.
     
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не само за свадба, туку и пред било кој убав настан дома (матура, веридба, дипломирање) се оди, за да им се кажи, да се запали свеќа.
    Ама баш дека се канат, не знам... Јас знам само дека се оди да им се кажи...
     
  18. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    266
    Дали за веридба треба да се кажи/да се поканат мртвите? дали некој знае?
     
  19. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    326
    Tреба. Mајка ми канеше за сите убави себапи во куќата, со зборовите :јас те канам ама ти да не ми дојдеш. Bсушност мртвите се канат на секој настан каде би ги поканил доколку биле живи.
     
  20. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски

    и јас за ова имам слушнато ама јас не го применив.
    татко ми го поканивме со мм на нашата свадба. после свадбата бев пак на гробишта,

    а мм беше кога се породив ,, да му кажи,,
    и после тоа не се одело ама јас пак отидов.
    на кој како му носи душата, јас отидов и воопшто не се каам.