1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кариера според хороскопскиот знак

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од LoVeR, 26 ноември 2011.

  1. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Овен
    Овенот е најмладиот знак во зодијакот и постои добра причина зошто е претставен токму од ова животно. Овните имаат силна волја, полни се со ентузијазам и енергија и имаат силен натпреварувачки дух. Најдобро се снаоѓаат во професии кои се плаќаат со провизија, а уште подобро е доколку има потенцијал за бонуси. Поради храброста, најчесто ќе ги најдете во професиите исполнети со опасности (полицајци, пожарникари итн.). Исто така, овните се одлични промотори, па многу лесно можат да влезат во светот на маркетингот. Најдобри професии: војник, спасувач, политичар, телевизиски презентер.

    Бик
    Биковите најмногу уживаат во стабилноста. Ќе работат напорно, но само ако имаат одредени гаранции: осигурување, одмор, добра плата и сигурност на работата. Одлучни се, трпеливи, чесни и методични, па така многу лесно се вклопуваат во секој тим и секогаш можете да се потпрете на нив. Наклонети се кон убавите нешта, па сакаат да работат со: цвеќиња, храна, накит и луксузни предмети. Најчесто имаат убав глас, па можат да работат како: спикери, говорници или рецепционери. Најдобри професии: сметководител, наставник, инженер, адвокат, дизајнер, градинар, готвач.

    Близнаци
    За близнаците да бидат среќни треба да имаат многу работа и таа работа да биде стимулативна. Близнаците многу добро се снаоѓаат кога се под притисок. Не издржуваат долго кога треба да работат нешто што постојано се повторува. Совршени се за професии кои бараат многу патување и интеракција со луѓе. Близнаците се оптимисти, полни со енергија, па треба да се поттикнуваат на самоизразување, наместо да се ограничуваат со традиционалните правила. Најдобри професии: брокер, техничка поддршка, наставник, архитект, машинист, спасувач.

    Рак
    Ракот е мајката на зодијакот (јарецот е таткото), па овие луѓе најчесто се снаоѓаат добро во професиите кои бараат грижа за одредени нешта. Сепак, ова не значи само работа со деца или кученца. Раковите се одлични директори, затоа што треба да се однесуваат слично како мајка која има премногу обврски во исто време. Раковите даваат одлични совети и се заштитнички настроени. Одговорни се и многу лесно ги решаваат проблемите. Најдобри професии: градинар, социјален работник, адвокат, наставник, директор, војник.

    Лав
    Никој не може подобро да ја одведе компанијата до успех и профит како што може моќниот лав. Тој е бестрашен, инспиративен и независен. Најдобро работи кога е во фокусот на вниманието и обожава професии кои со себе носат статус и моќ. Можат привремено да ја нарушат тимската атмосфера со високите побарувања, но шармот на крајот ги придобива сите. Не сакаат микро менаџирање, бидејќи се снаодливи и имаат интегритет, а најдобро им оди кога треба да водат, наместо да следат. Најдобри професии: директор, актер, туристички водич, агент за недвижности, декоратор, моден креатор, политичар, продавач.

    Девица
    Девиците се познати по перфекционизмот и добро се снаоѓаат во професии кои бараат големо внимание на деталите. Имаат одлично помнење, најдобро им оди со апстрактните нешта и се крајно уредни. Одлични се за професиите од услужниот сектор – невозможно е да бидете незадоволни со келнер кој е девица во хороскоп. Пишувањето, истражвувањето и статистиката се едноставни за темелните девици. Лесно можете да се разберете со нив, затоа што се многу весели. Имаат смисла за јазици. Најдобри професии: уредник / писател / новинар, наставник, критичар, техничар, преведувач, детектив, статистичар.

    Терезија
    Што би правеле без терезиите? Згодни се, шармантни, грациозни и забавни. Корпоративната природа ги прави одлични амбасадори и тимски водачи. Ако треба да разговарате со одделот за потрошувачи од некоја компанија, тоа ќе оди многу полесно доколку операторот е терезија. Повеќе од кој било друг знак, терезиите се народски луѓе. Не се личности кои би се затвориле во професија во некоја темна соба – напротив, тие просперираат во раздвижени професии, постојано опкружени со луѓе. Голем број терезии тежнеат кон уметноста и почесто би биле пејачи во бендови, кои имаат честа интеракција со публиката, отколку повлечени текстописци. Најдобри професии: дипломат, танчер, продавач, преговарач, агент во туристичка агенција, надзорник.

    Скорпија
    Скорпиите се интензивни. Ако Ви е потребен некој да деактивира бомба или да изведе сложена операција на мозок, тогаш ќе сакате тој некој да е роден во знакот на скорпија. Тие се способни да ги блокираат сите непотребни информации, да се концентрираат и да се фокусираат како ласер. Љубопитни се и често се привлечени од мистерии, па затоа никогаш не би сакале да Ве испрашува скорпија, бидејќи не само што се застрашувачки, туку и крајно интуитивни. Тежнеат да откријат како функционираат нештата и ги привлекуваат абнормалните нешта. Никогаш не треба да им висите над глава, затоа што ним им е потребна независност и доверба од работодавачот. Најдобри професии: детектив, адвокат, наставник, научник, хирург, физичар.

    Стрелец
    Стрелците се етични, енергични и философски настроени. Одлични се кога станува збор за носење одлуки и секогаш се фер шефови. Голем број стрелци се духовни, што може да значи дека ќе се ориентираат кон кариери во кои главна улога играат животната средина, животните, но и религијата. Сакаат да патуваат и да бидат на чист воздух. Како колеги се симпатични и тешко можете да ги мразите, затоа што тензичните ситуации најчесто ги решаваат со хумор. Не сакаат да бидат врзани на биро, а рутината ги убива. Најдобри професии: свештеник, дресер, уредник, односи со јавност, тренер и сите професии поврзани со патување.

    Јарец
    Јарците се крајно амбициозни и им се потребни предизвици за да бидат среќни. Исто како што дивите кози се искачуваат по најситните камчиња за да стигнат до врвот, јарците се одлучни и упорни и секогаш прават сè што е потребно. Најголемиот дел од нив се одговорни и самосвесни, а многумина уживаат во моќта. Се придржуваат до правилата и очекуваат сите други да го прават истото. Ако сакате нешто да биде завршено како што треба и според упатствата, побарајте јарец. Најдобри професии: менаџер, администратор, уредник, банкар, IT и сè останато што е поврзано со наука.

    Водолија
    Нештото што ги одделува водолиите од сите останати е нивната хуманистичка природа. Сакаат да ги истражуваат авангардните идеи и имаат љубопитна и авантуристичка страна. Секогаш имаат некоја неконвенцијална, можеби и тукушто настаната професија. Не се задоволуваат со завршување на нештата онака како што дотогаш биле завршувани, па затоа, ако Ви е потребен нов пристап, водолиите нема да Ве разочараат. Најдобри професии: научник (ако можат да истражуваат нови теории), иноватор, органски фармер, авијатичар, дизајнер, музичар.

    Риби
    Рибите се најстариот знак во зодијакот и затоа голем дел од нив имаат „стара душа“. Најчесто се креативни и страстни. Одлично им одат традиционалните уметности (музика, танц, фотографија). Исто така, имаат одлична интуиција. Ако Вашиот фризер е роден во овој знак, не само што ќе Ви направи модерна фризура, туку ќе се потруди таа фризура најдобро да Ви одговара на карактерот. Голем број астролози и специјалисти за тарот се родени во овој знак. Исто така, интуицијата им помага на рибите и во професиите во кои се бара сочувствителност. Најдобри професии: уметник, медицинска сестра, физиотерапевт, филантроп, ветеринар, психолог.
     
    На makgirl, cresa-jagoda и Cacy им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Бога ми, жива вистина :rofl: :rofl: :rofl: не одрекувам :!: :rofl: :wasntme: почнувам озбилно да размислувам за хорорскопов и неговите прецизни податоци :D :wasntme:
     
  3. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Јарец
    Јарците се крајно амбициозни и им се потребни предизвици за да бидат среќни. Исто како што дивите кози се искачуваат по најситните камчиња за да стигнат до врвот, јарците се одлучни и упорни и секогаш прават сè што е потребно. Најголемиот дел од нив се одговорни и самосвесни, а многумина уживаат во моќта. Се придржуваат до правилата и очекуваат сите други да го прават истото. Ако сакате нешто да биде завршено како што треба и според упатствата, побарајте јарец. Најдобри професии: менаџер, администратор, уредник, банкар, IT и сè останато што е поврзано со наука.

    Можно е малку да сум ја утнала професијата, не велам не.... :!: :wasntme:
    Инаку, Гордана10, се согласувам дека тие професии се како створени за скорпиите :D
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Кариера според хороскопскиот знак
    И јас како Горде :D прецизни податоци.
    Бога ми, жива вистина : не одрекувам :!: :rofl: :wasntme:
     
    На makgirl и Gordana10 им се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Рак
    Ракот е мајката на зодијакот (јарецот е таткото), па овие луѓе најчесто се снаоѓаат добро во професиите кои бараат грижа за одредени нешта. Сепак, ова не значи само работа со деца или кученца. Раковите се одлични директори, затоа што треба да се однесуваат слично како мајка која има премногу обврски во исто време. Раковите даваат одлични совети и се заштитнички настроени. Одговорни се и многу лесно ги решаваат проблемите. Најдобри професии: градинар, социјален работник, адвокат, наставник, директор, војник мозеби има вистина во хоросков :wasntme: или јас ја утнав професијата :D
    времето ке показе :)
     
  6. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Лав
    Никој не може подобро да ја одведе компанијата до успех и профит како што може моќниот лав. Тој е бестрашен, инспиративен и независен. Најдобро работи кога е во фокусот на вниманието и обожава професии кои со себе носат статус и моќ. Можат привремено да ја нарушат тимската атмосфера со високите побарувања, но шармот на крајот ги придобива сите. Не сакаат микро менаџирање, бидејќи се снаодливи и имаат интегритет, а најдобро им оди кога треба да водат, наместо да следат. Најдобри професии: директор, актер, туристички водич, агент за недвижности, декоратор, моден креатор, политичар, продавач.

    100% точно :lol:
     
    На Metal9Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Скорпија
    Скорпиите се интензивни. Ако Ви е потребен некој да деактивира бомба или да изведе сложена операција на мозок, тогаш ќе сакате тој некој да е роден во знакот на скорпија. Тие се способни да ги блокираат сите непотребни информации, да се концентрираат и да се фокусираат како ласер. Љубопитни се и често се привлечени од мистерии, па затоа никогаш не би сакале да Ве испрашува скорпија, бидејќи не само што се застрашувачки, туку и крајно интуитивни. Тежнеат да откријат како функционираат нештата и ги привлекуваат абнормалните нешта. Никогаш не треба да им висите над глава, затоа што ним им е потребна независност и доверба од работодавачот. Најдобри професии: детектив, адвокат, наставник, научник, хирург, физичар.

    Точно од збор до збор. :clap:
     
  8. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    и не баш. Бар за мене не е така. :|
     
  9. billyy

    billyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    15
    Има врска, има врска... не викам НЕ... Стрелец сум и едно време бев уредник.... сакам пак... ме бива што да правам :D
     
  10. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Овен
    Овенот е најмладиот знак во зодијакот и постои добра причина зошто е претставен токму од ова животно. Овните имаат силна волја, полни се со ентузијазам и енергија и имаат силен натпреварувачки дух. Најдобро се снаоѓаат во професии кои се плаќаат со провизија, а уште подобро е доколку има потенцијал за бонуси. Поради храброста, најчесто ќе ги најдете во професиите исполнети со опасности (полицајци, пожарникари итн.). Исто така, овните се одлични промотори, па многу лесно можат да влезат во светот на маркетингот. Најдобри професии: војник, спасувач, политичар, телевизиски презентер.


    Во многу хороскопи покрај горенаведените ги додаваат и професијата адвокат, цвеќар и психијатар. Инаку од сите горенаведени гледам дека добро ми оди маркетинг, обожавам реклами и во доста случаи сум се фатила себе си како несвесно рекламирам нешто и толку многу сум убедлива во тоа, што сум ги убедила луѓето околу мене производот да го купат.[​IMG]

    Од тие јас што ги дополнив, со една веќе се занимавам, но и другите три ме интересираат.
     
  11. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Терезија
    Што би правеле без терезиите? Згодни се, шармантни, грациозни и забавни. Корпоративната природа ги прави одлични амбасадори и тимски водачи. Ако треба да разговарате со одделот за потрошувачи од некоја компанија, тоа ќе оди многу полесно доколку операторот е терезија. Повеќе од кој било друг знак, терезиите се народски луѓе. Не се личности кои би се затвориле во професија во некоја темна соба – напротив, тие просперираат во раздвижени професии, постојано опкружени со луѓе. Голем број терезии тежнеат кон уметноста и почесто би биле пејачи во бендови, кои имаат честа интеракција со публиката, отколку повлечени текстописци. Најдобри професии: дипломат, танчер, продавач, преговарач, агент во туристичка агенција, надзорник.

    :clap:
    Со единствен исклучок - кога не сум на моите ,сакам да си се затворам сама в соба или да отштрумфам некаде далеку од гужвата и без дополнителни тензии да си ги завршам работите .
    На драго срце би била и пејачка и текстописец истовремено ,таман ќе ги избалансирам и двете мои фундаментални потреби - осаменоста и мирот кој ми го пружа ,воедно и фреквентната интеракција со остатокот од светот :)
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Не сум баш секогаш одлучна, знам често да се двоумам, да се мислам и предомислувам. Ама затоа сум страшно многу трпелива и флексибилна, па се вклопувам во секакво друштво. Гласот ми служи и за пеење и за јавно говорење, а веќе сум навлезена во правните води, па можеби еден ден тоа ќе биде мојата професија. Барем според хороскопов, би ми одговарала :)
     
  13. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Само болдираното е точно ;)
     
  14. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.978
    ЛАВ
    ...најдобро им оди кога треба да водат, наместо да следат...
    Е ова ме погоди. :)
     
  15. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Tочно е само до каде што е повлечено,обожам танц,музика,нешто што можам да го правам со саати,си ја лекувам душата со танц :D
    фризер бре нема шанси,иако на сестра добро ја шишав,не е за мене никако :yawn:
    и другиве болдирани работи не можам никако да се пронајдам во некои од нив :worried:

    Aј можеби во подназков ке ми се погоди-да си прочитам :wasntme:
     
  16. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    :nod: :geek:
     
  17. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Овен
    Овенот е најмладиот знак во зодијакот и постои добра причина зошто е претставен токму од ова животно. Овните имаат силна волја, полни се со ентузијазам и енергија и имаат силен натпреварувачки дух. Најдобро се снаоѓаат во професии кои се плаќаат со провизија, а уште подобро е доколку има потенцијал за бонуси. Поради храброста, најчесто ќе ги најдете во професиите исполнети со опасности (полицајци, пожарникари итн.). Исто така, овните се одлични промотори, па многу лесно можат да влезат во светот на маркетингот. Најдобри професии: војник, спасувач, политичар, телевизиски презентер.

    за професиите ми погоди :D
     
  18. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    1.082
    Пол:
    Женски
    Точно е, посебно болдираното за мене :)

    Скорпија
    Скорпиите се интензивни. Ако Ви е потребен некој да деактивира бомба или да изведе сложена операција на мозок, тогаш ќе сакате тој некој да е роден во знакот на скорпија. Тие се способни да ги блокираат сите непотребни информации, да се концентрираат и да се фокусираат како ласер. Љубопитни се и често се привлечени од мистерии, па затоа никогаш не би сакале да Ве испрашува скорпија, бидејќи не само што се застрашувачки, туку и крајно интуитивни. Тежнеат да откријат како функционираат нештата и ги привлекуваат абнормалните нешта. Никогаш не треба да им висите над глава, затоа што ним им е потребна независност и доверба од работодавачот. Најдобри професии: детектив, адвокат, наставник, научник, хирург, физичар.
     
  19. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Близнаци
    За близнаците да бидат среќни треба да имаат многу работа и таа работа да биде стимулативна. Близнаците многу добро се снаоѓаат кога се под притисок. Не издржуваат долго кога треба да работат нешто што постојано се повторува. Совршени се за професии кои бараат многу патување и интеракција со луѓе. Близнаците се оптимисти, полни со енергија, па треба да се поттикнуваат на самоизразување, наместо да се ограничуваат со традиционалните правила. Најдобри професии: брокер, техничка поддршка, наставник, архитект, машинист, спасувач.

    Или јас ја имам згрешено професијата или тука грешно е напишана,а се останато е точно...
     
  20. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.028
    Пол:
    Женски
    Јарец
    Јарците се крајно амбициозни и им се потребни предизвици за да бидат среќни. Исто како што дивите кози се искачуваат по најситните камчиња за да стигнат до врвот, јарците се одлучни и упорни и секогаш прават сè што е потребно. Најголемиот дел од нив се одговорни и самосвесни, а многумина уживаат во моќта. Се придржуваат до правилата и очекуваат сите други да го прават истото. Ако сакате нешто да биде завршено како што треба и според упатствата, побарајте јарец. Најдобри професии: менаџер, администратор, уредник, банкар, IT и сè останато што е поврзано со наука.

    Коза бе, коза. :)
    Добро точно е, само кај професиите ја нема мојата идна..