Пошто седам како турците.. скрс нозе незнам како да кажам, препоните ми се испечија денес на плажа. Само тие и рамениците црвени жар ми се од позата што ја држев дур игравме Макао. Абе најубава занимација за на плажа се. Било да играме табланет, макао, магарец, црн поп, покер, итн, итн, никогаш не е досадно со картите
Мразам карти. Не ми се забавни, знам да играм некои игри, но одбегнувам, шо знам, глупаво ми е. Цимерите често играат од што нема што да прават, јас тогаш ептен па од што немам што да правам им се лутам.
Летно време обично остануваме додека не не раздени со братучедиве и играме кент. Навидум проста игра, ама од многу играње може и глава да те доболи. Припазуваш кој што собира, па правиш финти да не откријат ти што собираш, па скришни знаци, па блефирање... Исто многу сакам да играм бриџ и макао. Летно време на плажа, картите ни се најголема занимација.
Не знам ниту една игра со карти без претходно да ми дадат добро образложено потсетување, освен макао која последниот период почесто ја играме (ми нема рамен бее ). Инаку се снаоѓам со Кент, Џандар збира и заборавив како се викаше оваа кога се собираат исти знаци или бројки (Црн поп или така некако)... поточно последнава колку можам повеќе ја избегнувам зашто ме дразнат толку многу карти на едно исто место .
Обожавам да играм карти. Знам повеќе игри со карти, како хант, магарец, кент, табланет, џандар збира, бунар, црн поп, макао и покер знам. Многу играм, најчесто со другарки, кога преспиваме и ноќта ако неможеме да спиеме играме карти. На базен секогаш играме и на одмор кога одам. На базен е многу интересно црн поп, место да се чкртаме, скокаме во базен, кој се топи - кој не се топи. Исто е многу интересно кент, знаци, концентрација, внимание.. Хант ми е интересно, но треба да се мисли. Тоа најчесто играм со мама, обожава да игра хант. Макао најчесто играме на бакнежи, кој губи - бира кој да го бакне. Најчесто сме со деца кои ни се допаѓаат или ние ним им се допаѓаме. Многу ни е интересно, кога ќе ни поцрвенат обравчињата ..
Дома имам карти, али уште да ги најдам каде се. Иначе, последен пат играв со дечко ми, излезе подобар на хант или бриџ (така тој ја вика играта) Интересното е што никој освен мене не може да победи, а јас сите освен него. Иначе, многу поинтересно ми е една партија шах да изиграм со дедо ми. Ептен ми работи тогаш мозоков.
Oбожавам да играм карти..со моите братучеди , со моите другари/рки и понекогаш играм со татко ми и мајка миии Знам да играм:макао,војна,покер,кент,џандар збира,црн поп.......
хаххаа и јас немав играно одамна, ама последнот месец од 4 година се рушивме од играње хахаа и тоа нашколо, игравме магарец и кент, ама магарец беше поинтересно, си бевме како првачиња, а не 4 гоина хахаах тој што беше магарец викаше на големиот одмор,хаххахах замислете сите да ве гледаат
Обожавам да играм карти , омилена ми е хант а знам и други игри како што се макао , табланет , кент , магарец, војна , реми , тонч , покер , и не се сеќавам на други
Ете јас сум најверојатно единствен од тие што сами ги собираат картите. Станува збор за Trading Card Games или скратено TCG's,каде што картите имаат колекционерска вредност,и освен тоа имаат одредена игра со истите. Единствената допирна точка со обичните карти е тоа што се нели,карти. Станува збор за стратешки игри,налик на шахот,каде што во игра е и логиката и развивањето на стратегија и собирањето на картите и составување на добар шпил. Моментално светски лидер во TCG's е Magic:The Gathering,тука некаде се и сега актуелните World of Warcraft TCG и помалку детската Yu-Gi-Oh! Интересно е да се има како хоби,кај нас има единствена продавница која си има и своја хоби лига,и се одржуваат турнири,има интересни награди и тн. Вака изгледаат некои од тие карти: Magic:The Gathering: World of Warcraft TCG(базирана на истоимената онлајн игра): Yu-Gi-Oh!:
Јас сум картоманијак. Можам по цели денови да играм, и нема да ми здосади. Само грев, немам со кого. Ќе ми се погоди еднаш месечно сестра ми да сака, и толку. Најактуелен ми е бричот. И покрај тоа што уште незнам како да ги држам сите карти. Ги делкам, и делкам. Еднаш ќе ги наместам, ама кога ќе треба да сменам карта, одма ми се растураат. Ама многу има математики у тоа запишувањето, а јас како што сум по математиката.. Битно обожавам кога на некого ќе му начукам 200. А ќент ми е дефинитивно омилена. Ама нацки што ќе најдам 3 играчи. Порано играв со братучетките, ама сега, слабо. А кога играм ќент, секогаш гледам у тој што е со мене у тим, и одма кажувам ќент. Ама затоа јас ретко имам ќент. И кога ќе имам ќент, одма се возбудувам, се штрекам, осмех од 6ка до 6ка, ме приметуваат и ај стоп. Тонч играв порано со баба ми, ама сега ми е по досадна играта. А знам да играм уште црн петко, макао, покер. Додека џандар збира, магарец и таблантет незнам да ги разликувам, мора некој да ми објасни, пред да почнеме со игра.
Со другарчињата најчесто играме брич, во случај да се деси да сме 4ца тогаш играме кент. И исто така „чат пат“ се случува да играме и покер, макао или магарец. А кога играме фамилијарно играме планирање ! Убедливо најинтересна игра.