Аја Напа ако не сакате многу да шетате по други места..или ако рентате кола. Ларнака нема баш убава вода/плажа ма да мене воопшто не ми смета тоа што плажите и водата се како на краците, за цена упола од тоа во Пефкохори годинава Ние во Ларнака бевме и пак и пак таму би одела ...само што не би мрднала подалеку од градска плажа, видов што имаше да се види .. за пливање можам секаде, јас немам проблем
@Dust фала ти што сподели впечатоци. И јас се враќам импресионирана од таму и веќе правам планови за наредно лето барем 10тина дена супер што Визз почнуваат со летови нареден месец па не мора да одиме по соседните држави. Ние летавме од Солун, супер се, само 10+ часа дури да стигниш, а кога стигнавме тоа што кажа и ти, влажноста убива, но само првиот ден можеби, потоа навикнавме. Бевме преку агенција, сместени бевме во Аја Напа, во близина на центарот, па ни беше блиску се. За одење по убавите плажи имавме постојка пред хотелот па си фаќавме автобус за 2 евра и за 10 минути бевме таму. Првиот ден бевме на Vathia Gonia, таа ни беше најблиску за пеш, убаво, чисто сабајлето, но попладне не се влегуваше од треви, алги, што и да беа... Следно бевме на Makronissos, па на Landa, Nissi свесно ја одминавме. Бевме и на другата страна на Konnos, но искрено не ме воодушеви. Планиравме и на Fig Tree да одиме, но последен ден ни беше, па отидовме по втор пат таму кај што највеќе ни се допадна - Landa Beach, мој фаворит од овие што ги набројав. Бевме само една недела и што попрво да видиш, а малтретирање ќе беше на повеќе плажи во еден ден да пројдеш, иако овие Makronissos, Landa, Nissi се во размак од километар - два. Еден ден одвоивме и за Никозија, со автобус е саат и пол од Аја Напа, 6 евра во правец карта. Отидовме и на турската страна, видовме тоа што има да се види во тој дел (анови, џамии, пазарот), за јадење во тој дел некако не ми се седнуваше, но веднаш после влегувањето во грчкиот дел најдовме преубава грчка таверна, се изненадив колку беше ефтино, а сепак главен град. Го посетивме и кипарскиот музеј, а на пешачката патека има кула - Shacolas Tower, за 2,5 евра се качуваш на 12-13ти спрат и имаш поглед на градот на двете страни. Ќе ставам некоја слика во спојлер во продолжение, другото Даст веќе спомена, па да не се повторувам. Spoiler
Аја Напа. Најголем дел од убавите плажи се блиску и до сите има јавен превоз, со повеќе постојки во центарот. Навечер е преубава, богата со автентични ресторани и кафулиња. Пријатно е за прошетка по пристаништето.
И погледот од горе е преубав Не ми ги отвара сликите твои нешто ме зеза овој тел...треба да го средам...