Гледам се зголемил бројот на кичевчанки на форумов, баш ми е мило Во почетокот кога се зачленив мислам дека беа само Lux i FortuneTeller.xD а потоа се зачлени и LittleDevil
Прв пат слушам од теебе, ама 70% сум сигурна дека нема такво нешто А да би имало,супер би било,али да БИ имало
Кичево или Кичаа, градот на баба и дедо, на мама и сите роднини од женска страна Прво сеќавање ми е куќата во с. Белица, шетањето по ридови и планини и јадење шумски печурки на жар, со дедо и брат му, на мало магаренце, се до Брждани. Е сега, светот е мал, па комшиките мои, имаа баба и дедо во с. Козица и две, три лета таму одевме. Од фудбалски натпревари, музички собиранки во селските диска (старите училишта пренаменети во диско клупчиња), јадење леблебија и пиење украдена ракија, абе, срце ми застанува кога ќе се сетам какви убавини имам од овие села и времето поминато во нив. Да не спомнувам Бржданска убавица, одење пеш по ниедно време од Белица до Козица и назад, возење без светло, смеење до мугри и први симпатии. Радост. Градот е друга димензија. На неколку пати отидовме на шетање, демек девојчињава се од Скопје, да ги раздвижиме Памтам дека јадевме пица во Мини, а вечерта беше резервирана за Стефано. Ни ја пуштија Скопјанка од ПМГ (пред три години беше ова), и се смеевме колку ентузијазам и радост ни пружаа само за да се чувствуваме пријатно. За Кичево ме поврзува и мини екскурзијата со еден другар, кога јадевме лиснато во Драго или Даго беше, не се сеќавам дали постои тоа место, ама ми остана вкусот во уста. И бурекот исто. Крушино и целиот комплекс зеленило што ме воодушеви. Дијалектот ми е и мене малку смешен, ама зошто цел живот ги слушам баба ми и дедо ми како си кичевуваат, навикнав
Первекс јас колку што знам нема.А има Пренди и се наоѓа во близна на ОСУ "Санде Штерјоски " А иначе Сноу нема шанси утре да врне,штом денеска не заврна за утре не верувам А иначе можит и да врнит,пошто Сону ќе идит во Кичеаа ( на кичевски ) А Shaela постоит уште Драго како не,иначе а кај е тоа бе Мини во Кичево го имат уште?
Ана бе, не ме разочарувај. Мини е онаа пицеријана на плоштад. Исто е позната и како Јаху. Можда така ја знаеш. Сноу, убав помин во Кичево, чекаме импресии. Иначе, информација за тие што го спомнаа Крушино. Мотелот више не постои, затворен е. Сега луѓето одат само на игралиштата (фудбалското, кошаркарското и тениското, како и цела патека за трчање). Исто има уште 3 од 4 лулашки, и фонтаната. Ту бед, ми недостигаат палачинките што ги правеа и шумскиот чај.
Поголеми импресии немам, еедноставно паметот не ми беше насочен таму, цело време гледав во дечко ми....се ми се вртеше околу него.Вчера беше тежок ден за мене. Единствено што можам да речам е браво за тоа колку ефтино е да се седне некаде на кафенце, да се утепаш од пиење кафиња,мафиња...не ќе можеш да потрошиш парите.
Дали некоја од феминкиве од Кичево може да ми каже дали во Кичево има солариум и во лп да ми пише детали како локација и контакт тел. Фала.позз
Мислам дека има во козметичкото студио Фрајла, ама не ме држи за збор не сум сигурна, не сум била на солариум, таму само веѓите ги правам. Мислам имаше уште едно козметичко студио кај што прават солариум ама да прашам како се викаше и кај се наоѓаше па ако сакаш ќе ти кажам.
Солариум има во козметички салон што е во близина на црквата. Името не му го знам Одев таму неколку пати, 150 денари е едно сУнчање.
Нема во Фрајла , барем до пред 1-2 месеци немаше. Има кај Божана солариум идев јас 1400 денари 10 пати
Јас пак сум слушала дека имало солариум кај Сандра.Е незнам како и се викат козметичково студио,ама е знаете во оние зградине кај Капмус.Не во таа зграда кај што е капус туку одма другите згради кафеавите Во вториот влез на први спрат.А колку пари е.Е тоа незнам
Онака ја чисто информативно да кажа,Кичево имат саем за мед. Од плоштадот : Пошто ние Кичевчани многу сме познати по медот,па сега и саеми прајме.
Кичевчанки сте слушнале за ова? Знае ли некој дали е со карта или како е влезот? Иначе знам дека преубаво ќе биде,па планирам да одам