Хааааа баба ми ми кажа дека сум бремена бев на гости кај нив и не можев да ручам од ручекот ми беше лошо, и јадев само сирење и љути пиперки и таа вика лелеле оваа е бремена ајде сите надвор со цигарите... Види и светнале очите како филџани ... И викам свадба ме чека немам време за бебе сега.... После една недела правев тест и прво им кажав на сопругот, свекрва ми, и мајка ми ... После 3 месеци на кумовите и поблиските роднини и пријатели... Така ме советуваше докторката. .
уште истиот момент кога дознав (веќе бев 5та недела)и кажав на мајка ми, бабите и двете најдобри другарки. по една недела им кажав и на колегите од работа. Со мм сакавме да ќутиме до три месеци ама едноставно од возбуда ми идеше на секој што ќе го сретнам на улица да му кажам дека сум трудна. Не си го тупете мозокот со уроци и слични работи, споделувајте ги среќните моменти со драги лица за да ви бидат уште посреќни
Домашните одма дознаа одма по тестот дојде кум пресреќен хаха така да сите блиски одма знаеја после 4 месец сите знаеја ставив слика со стомаче така да не се криев
За првото кажавме на сите веднаш после првиот преглед. Имаше и срцева акција тогаш, а јас ги бев испомешала деновите од циклус и одмор па кога отидов на преглед веќе бев 7ма недела За второто исто веднаш кажавме на сите ама во 10та недела престана срцевата акција па затоа овој пат почекавме и кажавме после скринингот во 12та недела.
После првиот преглед им кажавме на моите најблиски и најблиски на сопругот. Потоа на некои личности на работа, иако мислам си кажуваат меѓусебно. И на три другарки. Сега сум крај на 8ма недела.
Кај мене поблиските роднини и пријатели скоро сите знаат. веќе од утре 16 недела почнувам, Мене ми се вика дури на цел глас од радост да кажам на сите, ама уште постои тој страв во мене да не се случи нешто лошо - НЕ ДАЈ БОЖЕ, многу ми е страв дека претходно имав два абортуси. еднаш си мислам и да кажам и да не кажам што е пишано тоа е, нека не чува господ сите и да се заврши со добро само.
само јас мажот ми и мама знаеја дека сум бремена,пошто ми забранија да возам и од лошење а мажот ми е шофер седам кај мајка ми,откако видов срцева реакција им кажавме на најблиските,еве денес сум 9+5 не кажувам на секој некако до почетокот на 4ти не ми е за кажување.А заборавив и на работа кажав пошто ипак треба да знаат не смеам да дигам да одам многу на почеток затоа кажав да ме имаат во обзир
Епа дознавме многу рано и не кажавме никому. Знаеше само роднина на дечко ми која воедно е и гинеколог и од неа побаравме совети. Кога веќе бев 7-8 недела тој му кажа на брат му и уште на 1 другар. Веќе кога стигнав12 недела им кажав на 2 другарки,потоа следуваа нашите фамилии,па сега кажав уште на 2 другарки и на моите тетки, значи цела фамилија знае,а наскоро сите ќе дознаат. Штета што си го деактивирав инстаграмот, за џабе ќе ме пребаруваат
на почетокот кажав само на најблиските, а и многу се лутев кога сопругот ќе кажеше некому, сега веќе и да сакам не можам да скриам, ме издава стомакот. Иначе колешките случајно дознаа, бевме на една прослава, носев широка туника и една колешка искоментира во смисла од нејзиното салце да ми даде малце мене, спонтано ме фати за стомак и припипска кога допре трудничко меше
Веднаш откако ќе направев тест, а бидејќи планирани бремености, ги правев уште пред да ми изостане циклусот.
Мм беше со мене и за првиот и за вториот позитивен тест. После одма и се јавив на мајка ми, а на најблиските другарки им пратив слика со тестот и една по една ми се јавуваа да си вриштиме и плачеме. Сега сум пред пораѓај со второто и си се подрасплакав сеќавајќи се како беше на почетоците.