Колачи

Discussion in 'Рецепти' started by soledad, Dec 7, 2009.

  1. karina8

    karina8 Популарен член

    Joined:
    Feb 26, 2010
    Messages:
    4,099
    Likes Received:
    5,545
    Дечки знаете рецепт за тие едни слатки царево око, со суви смокви што се полнат :?:
     
  2. annii

    annii Популарен член

    Joined:
    Apr 16, 2010
    Messages:
    3,338
    Likes Received:
    5,884
    ^Царево око
    32 смокви, ореви, 250 гр. шеќер, 150 гр. вода и 1 маргарин.
    1-2 шанги чоколадо, 200гр. мелени бисквити, 200гр. мелени ореви.
    Смоквите се ставаат 15 мин. во врела вода да стојат. Се сечат рачките и се полнат со цели јатки од ораси. 250 гр. шеќер со 150гр. вода се зовриваат и се става на млако маргаринот, чоколадото, бисквитите и оревите. Потоа се валкаат смоквите во филот па во кокос и се сечат на пола.

    Јас кај мајка ми во тетратката за рецепти го најдов ова. :)
     
    karina8 likes this.
  3. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Joined:
    May 11, 2011
    Messages:
    5,538
    Likes Received:
    174,338
    И јас ги правам овие по овој рецепт,само ги ставам во ладна вода да одстојат не повеќе од 10 мин.Прекрасни се.
    Доколку ти остане од смесата ,додади малку рум-а и немора- и направи бомбици

    П.С инаку кај мене не се царево око туку ,верувале или не,свекрвино око :lol: .
     
  4. innablood

    innablood Истакнат член

    Joined:
    Feb 23, 2011
    Messages:
    788
    Likes Received:
    1,324
    Не знам дали баш се колачиња, ама не сакав да отворам нова тема без врска.

    РУМ ШТАНГЛИ

    Потребни состојки:

    5 Белка/ки
    200 грама Брашно
    50 милилитри Вода
    5 Жолчка/ки
    5 лажица/ци Какао
    250 грама Маргарин
    1 кесичка/ки Прашак за печиво
    100 милилитри Рум
    100 грама Чоколадо за готвење
    400 грама Шеќер
    2 Шекер лажичка/ки

    Подготвување:

    Шеќерот, водата, маргаринот (растопен), какаото, и чоколадото се топат. Откако ќе се олади се додаваат 5 матени жолчки. Една шоља од смесата се остава на страна, во фрижидер а во преостанатата се додаваат брашното, прашокот за печиво и на крај матените белки со шеќерот.

    Смесата се пече во тавче, а врз тестото се сипува преливот. Прво, печете на 220, па по 10 минути и на 180 степени.
     
  5. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Joined:
    Feb 23, 2011
    Messages:
    792
    Likes Received:
    297
    Бајадера


    300 гр.мелени ораси
    300гр.мелени бискавити
    200гр.кух.чоколадо
    1 маргарин
    200гр. шеќер


    Подготовка: Во сад се става 200гр.шеќер и 200гр.вода да се прави шербет,маргаринот се растопува и се додава во бискавитите-се промешува со орасите .Во четвртаст плех се става смесата и се прави глазура од чоколадото и 50гр.маргарин се полива и сече на трангли.
     
  6. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Joined:
    Feb 23, 2011
    Messages:
    792
    Likes Received:
    297
    Галети


    1 јогуска чаша зејтин,1 јогуска чаша млеко, 1 јогуска чаша шеќер,3 јајца,3 чаши брашно,1 пециво и 1 банилица....

    Се замесуба и на тостер се пече...
     
  7. Marchesa

    Marchesa Истакнат член

    Joined:
    May 12, 2011
    Messages:
    308
    Likes Received:
    965
    Сакам да прашам...?

    Девојчици, да не знае некоја од каде можам да купам бои за колачи, торти, кремови? Итно ми треба! :)
     
  8. Gea

    Gea Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2011
    Messages:
    1,056
    Likes Received:
    11,606
    Gender:
    Female
    ФАНТА КОЛАЧ (КОЛАЧ СО ВИШНИ)


    [​IMG]

    Состојки:

    6 јајца
    300 гр шеќер
    3 ванили
    500 гр брашно
    1 прашок за пециво
    250 гр зејтин
    250 гр Фанта
    1/2 кг вишни
    Убаво се меша смесата да стане еднолична и се ставаат вишни.Тестото се пече во подмачкамно тавче.Кога ќе се испече колачот, се сече на штангли и се валкаат во шеќер во прав.


    КАПРИ КОЛАЧ
    [​IMG]

    Лист:
    10 белки
    24 лажици шеќер
    3 лажици оцет
    (се пече во тава обложена со хартија за печење околу 2 часа, на температура од 100 степени)

    Прв фил:
    350 гр шеќер
    200 мл вода
    250 гр замрзнато овошје (јагода,малина)
    1 пудинг од ванила
    ( шеќерот и водата зовриваат 5-10 мин., па потоа се додава овошјето и се вари уште 5 мин. Потоа се додава еден пудинг, претходно растворен со вода и смесата се враќа на оган уште 5 минути, да се згусне)

    Втор фил
    100 гр чоколада се топи на пареа

    Трет фил
    10 жолтки
    10 лажици шеќер
    1 маргарин
    ( жолтките се матат со шеќерот на пареа 5-10 мин.Кога кремот ќе се излади се спојува со 1 изматен маргарин)

    Врз листот се ставаат филовите по ред (прв, втор, трет) и најгоре се премачкува со шлаг.
    Колачот се става во замрзнувач и се служи ладен.
     
    maca78, caki.83, banakieva and 2 others like this.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2010
    Messages:
    5,566
    Likes Received:
    20,074
    КАПРИ КОЛАЧ
    [​IMG]

    Лист:
    10 белки
    24 лажици шеќер
    3 лажици оцет
    (се пече во тава обложена со хартија за печење околу 2 часа, на температура од 100 степени)

    Прв фил:
    350 гр шеќер
    200 мл вода
    250 гр замрзнато овошје (јагода,малина)
    1 пудинг од ванила
    ( шеќерот и водата зовриваат 5-10 мин., па потоа се додава овошјето и се вари уште 5 мин. Потоа се додава еден пудинг, претходно растворен со вода и смесата се враќа на оган уште 5 минути, да се згусне)

    Втор фил
    100 гр чоколада се топи на пареа

    Трет фил
    10 жолтки
    10 лажици шеќер
    1 маргарин
    ( жолтките се матат со шеќерот на пареа 5-10 мин.Кога кремот ќе се излади се спојува со 1 изматен маргарин)

    Врз листот се ставаат филовите по ред (прв, втор, трет) и најгоре се премачкува со шлаг.
    Колачот се става во замрзнувач и се служи ладен.[/quote]

    Ја направив тортава ... ммм превкусна е!
     
    Gea, maca78, mims-89 and 2 others like this.
  10. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Joined:
    Jun 15, 2010
    Messages:
    997
    Likes Received:
    1,467
    Медено срце

    Потребно - 500 мл млака вода, 500 гр. шеќер, 500 гр. брашно, 2 лажици мед, 2 лажици какао, 3 лажици масло, 1/2 кесичка прашок за печиво, пола лажиче цимет, мармалад, 1 чоколадо за готвење, 2 лажици маргарин
    Во подлабок сад се става шеќерот и се додава водата, па се меша за да се стопи шеќерот. Потоа се става медот и пак се меша за да се раствори. Се додаваат брашното, пецивото, какаото, маслото и циметот и се мешаат прво со лажица за да се соединат, па се бијат со миксер. Плехот се мачка со маргарин и се набрашнува и се пече 40 минути на 200 степени. Кога ќе се испечи колачот, се вадат форми срциња со калап за колачи и секое срце се мачка со мармалад. Чоколадото и маргаринот се топат на пареа или тивок оган и со преливот се премачкува секое колаче.
    - За мармаладот пишуваше да е од кајсии ама јас ставив од црни сливи и убаво излезе, па сигурно може и од друго овошје да биде ( праски, јагоди...)
    - Колачот не мора да се сече во колачиња-срциња, може и во коцки или пак во други форми.
     
  11. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Joined:
    Sep 26, 2010
    Messages:
    428
    Likes Received:
    88
    КРОШНИЧКИ

    150гр.маргарин,100гр.шеќер во прав,1 јајце и брашно по потреба.Се замесува тврдо тесто,се прават топчиња и се ставаат во калап и се печат.
    ФИЛ-400гр. шеќер и вода колку да го покрие шеќерот,1 чоколада од 100гр,мелени бисквити 250гр,250гр. мелени ореви и се полнат крошничките.

    КОЛАЧИ СО МАС

    2 чаши растопена мас,1 чаша млеко,1 квасец,1 пециво и 1 кг. брашно.Да стасаат половина час,се расукува кора,се сечат со чаша,се става јатка од орев се преклопува.Потоа се печат и се увалуваат во шеќер во прав.

    МАРГАРИТКИ

    200гр.мелеми бисквити,300гр. шеќер во прав,200гр. маргарин.Маргаринот се мати со 1 јајце па се додава шеќерот и бисквитите и се прават топчиња.Посебно се растопе 100гр. бело чоколадо,п одозгора со 50гр. црно чоколадо и малку желе се украсуваат.

    ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ

    4јајца,12 лажици шеќер,12 лажици врела вода,12 лажици брашно,ореви по потреба и 1 пециво.Се пече во подмачкан плех од електричен шпорет(четвртаст).
    Фил: 1 маргарин добро се изработе.4 жолчки се матат со 4 лажици ш еќер.И 4 бели ке матат посебно со 4 лажици шеќер.Се машаат со маргаринот и добро се мати.во таа смеса се додава 150гр. партопена чоколада.Кората се дели на два дела и се филува-кора,фил,кора,фил и одозгора се ренда чоколада.
     
  12. caki.83

    caki.83 Истакнат член

    Joined:
    Dec 22, 2010
    Messages:
    66
    Likes Received:
    34
    здраво Геа колачот со вишни ми се гледа интересен, но имам прашање? :) колку време се пече и на колку степени :$ поздрав :hai:
     
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2010
    Messages:
    4,832
    Likes Received:
    10,128
    Gender:
    Female
    Еве рецепт за преубаво, летно и лесно колаче кое оди совршено со кафе.
    Рецептот е од http://sitnoseckano.blogspot.com , каде што има многу необични рецепти, превкусни и интересни.


    Потребно:
    1 шоља сенаменско брашно
    1 1/2 лажиче прашок за пециво
    180 gr шеќер
    30 gr маргарин (или путер, само со маргарин тестото излегува помеко)
    2 јајца
    3 полни лажици мармалад или џем
    100 gr кокосово брашно

    Обајснета е целата постапка(не е комплицирано воопшто!)

    -тавче од 18 cm x 30 cm намачкајте со зејтин и обложете го со хартија за печење. поставете ја решетката во рерната малку поблиску до дното за да се избегне кокосот да загори додека долниот дел од тесто сеуште не е испечен.
    -измешајте го брашното со 90 gr шеќер. со прсти измешајте го маргаринот со брашното, па додадете едно малку изматено јајце и формирајте меко тесто.
    -притиснете го тестото во тавчето (брцкајте ги прстите во брашно за да не ви се лепат).
    -намачкајте го џемот рамномерно. ако е густ, загрејте го малку во тенџерче на шпорет или во микробранова за да стане полесен за мачкање.
    -со вилушка или маталка изматете ги останатите 90 gr шеќер и јајцето, додека мешавината не стане бледа, па додадете го кокосот.
    -ставајте со лажица од кокосот врз џемот и со вилушка размрдајте го да биде рамномерно распореден.
    печете го 28-30 минути во рерна загреана на 170°C, додека кокосот не се зарумени.
    -лабаво покријте го колачето со чиста крпа и оставете го да се олади. кога ќе се олади исечете го на коцки кои можете да ги чувате го кутија која добро се затвара. ова колаче може да се замрзне.


    Еве ги како излегуваат, ако го пратите упатството како што е напишано. Мене ми излегоа идентични, а ги правев со џем од јагоди. Мора да пробате, прекрасни се!
    [​IMG]
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2010
    Messages:
    4,832
    Likes Received:
    10,128
    Gender:
    Female
    Се почесто ја посетувам темава, зошто станав егзибиционист во кујната.
    Наидов на едни колачиња, и тоа пржени, па решив рецептот да го споделам со вас.
    Не сум ги правела, ама планирам наскоро, штом ќе имам слободно време. Ако се решите да ги правите, чекам фидбек. :)



    Потребни состојки:
    280 гр брашно
    80 гр маргарин
    3 јајца
    50 гр шеќер
    1 лажичка пециво
    мармалад


    Подготовка:
    Од состојките се прави тесто од кое се расукува кора и се сечат мали квадратчиња. На средината на секој квадрат ставаме по 1 лажичка мармалад. Се преклопува како триаголник, краевите се премачкуваат со изматена белка. Се пржат во врел зејтин и откако ќе се оладат се увалуваат во шеќер во прав.

    [​IMG]
     
    marama likes this.
  15. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Joined:
    Jan 10, 2010
    Messages:
    837
    Likes Received:
    400
    Ајде ве молам, некој нека ми остви рецепт за индијанки, ама испробан, само во ова кулинар најдов, ама сакам некој испробан ако има рецепт, фала однапред :D Да почастам дома за полагањето :D
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Joined:
    Dec 31, 2009
    Messages:
    14,369
    Likes Received:
    14,824
    Би сакала овде на темава да и‘ заблагодарам на Старфиш за еден рецепт поодамна постиран (и Кенди знам истиот го имаше пробано). Ги правев пред некој ден колачињата, малце додуша ја модифицирав по мое рецептата, но супер испадна и ми го избендисаа дома.
    Фала :)
     
    starfish likes this.
  17. cacikr

    cacikr Истакнат член

    Joined:
    Apr 22, 2010
    Messages:
    200
    Likes Received:
    243
    Еве денес јас што направив (незнам како се вика тортата )
    1 и пол чаша јогурт
    1 и пол чаша брашно
    1 чаша шеќер
    1 чаша масло
    1 пециво
    1 лајче сода бикарбона
    3 лајци какао
    се се меша и се печи на 200 степени во плех бр 30
    Фил:
    1/2 л. млеко
    10 лајци шеќер
    2 пудинзи од чоколадо
    (се вари пудинг)
    се додаваат :
    1 маргарин
    3 чоколада
    3 лајци какао
    да се стопат додека пудингот е жежок
    убаво се меша и потоа се мати со миксер и се филова тестото и се става во фрижидер да се излади
     
  18. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Joined:
    Jul 27, 2011
    Messages:
    924
    Likes Received:
    2,225
    Gender:
    Female
    Со оглед на тоа дека не сум многу искусна во овие работи, а сакам да се врткам во кујна, да правам торти и колачи, си ги одбрав овие најлесниве. Многу се вкусни, не се печат и брзо се прават. Мислам дека од Храна и Вино е рецептов, не сум сигурна:

    Рафаело со плазма бисквити

    - 250 гр. маргарин
    - 200 гр. шеќер во прав
    - 300 гр. мелени плазма бисквити
    - 200 гр. дробени лешници
    - 200 гр. кокосово брашно
    - 3 јајца
    - 1 ванилин шеќер
    - 50 гр. бела чоколада

    Во сад за матење ги ставаме маргаринот и шеќерот во прав, ги кршиме јајцата во садот и матиме со миксер додека смесата не стане пенеста. Во садот ги додаваме ванилиниот шеќер, кокосовото брашно, лешниците и плазма бисквитите и мешаме со лажица. Продолжуваме смесата да ја мешаме со рака и од неа формираме топчиња. Во тенџере на оган со малку масло ја кршиме белата чоколада и мешаме со лажица. Откако чоколадата ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган. Секое топче до половина го потопуваме во растопената бела чоколада. Ги украсуваме топчињата со по една бела и една кафена бонбона.

    :^:
     
  19. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Joined:
    Jun 15, 2010
    Messages:
    997
    Likes Received:
    1,467
    Месечинки

    2 пудинзи од ванила
    1 литар млеко
    Ресани
    Кокос

    Пудингот се вари. Секоја ресана се сече на пола и се прават сендвичи од 2 половинки залепени со пудинг (пудингот да е малку подизладен), па се пепелават во кокос од страните каде што има пудинг.
    *Ресаните може да бидат и цели, не мора да се сечат, а пудингот може и од друго да биде, не мора од ванила.
     
  20. Element

    Element Истакнат член

    Joined:
    Feb 3, 2011
    Messages:
    31
    Likes Received:
    14
    Девојки да ве прашам дали некој знае како се прави кејк? :/
    и ако знае некој нека пише рецепт :)
     

    Attached Files:

    Boka.A likes this.