Се начекуваат многу попусти на колички во бебе хоме. Ние ја земавме Стела со плус транспортер за 23.000. Многу, многу сум задоволна. Толку е лесна, со голема настрешница, нема каде не е возена, во кал, во песок, во снег. Не купивме ни летна количка, немаше потреба.
И мене истото ме одвраќа од Макси Кози, не сакам модуларна. А цврстите корпи се скапички. Сепак зависи и од потребите. Транспортерот си е за транспорт, не е за долги прошетки. Да, ортопедите се ок со два часа во транспортер па раздвижување, ама нивната намена е за патување. Да прашаш ортопед дали да поминува часови во транспортер наместо корпа за прошетки секој ден, не верувам дека би биле ок. Деф ќе земам со посебна, пространа и удобна корпа, затоа што сакам да се вади и ако бебето спие да продолжи во неа. Многу ќе ми се најде и за денови во викендица, да не купувам посебно креветче за почеток. На крајот, се' зависи од потребите. Ако се пешачи често од почеток, транспортерот не е идеално решение и не е наменет за да замени корпа. Кај модуларните не можеш да ја извадиш корпата и да го оставиш да си доспие, па засега не ми се опција. Планирам да земам количка два-во-едно плус седиште 0-25. Транспортер за почеток можам и да позајмам и да користам по потреба, ако ми е потребен за до доктор на пример. И тоа веќе договорив. А тоа дека може да не ја сака корпата, се' може. Може и количката, и транспортерот, и релаксаторот, креветчето, ништо да не сака и да бара само во раце. Ама како ќе знам ако не пробам? Секој со потребите. Ако си тип излегуваш од дома и шеташ, корпа си треба. Во град ко нашиов, тоа е стилот. Ако се возите во кола до негде па движењето е кратко, ок е транспортер на количка. Онака, само нафрлено размислување. До крај уште сто пати може да се премислам, ама и тоа е во ред. Нешто сепак ќе се купи.
@LivingGlam јас имам 3во 1 со цврста корпа, која остана џиџе нова оти детево не сакаше да чуе за неа. А не сме ни луѓе што седат дома, напротив шетавме и шетаме секогаш кога се може. Кога се роди беше идеално време за шетање, па сме биле и цел ден надвор со транспортерот на количка. Го вадев повремено и пак назад. Само така прифати да се вози. Ова не ми е за да те разубедам. Таман работа. И јас мислев дека ќе ја користиме корпата и ми беше прв избор, ама во нашиот случај не беше така.
@LivingGlam не знам за другите модуларни колички, конкретно кај макси кози лила во спортското седиште што се модулира како корпа има анатомски додаток што е цврст. Корпата е пространа (бидејќи истата се модулира во спортско седиште во кое што може да седи дете од 18 кг) и секако дека се вади. На сите колички се вади корпа/седиште/транспортер. А ако си решена за 2 во 1, оди на таа варијанта. А ако планираш да купуваш седиште за во кола 0+,тогаш воопшто нема да ти е потребен транспортер, в кола ќе си се вози во седиштето, во количка во корпата/спортското седиште и готово. А за тоа за сакање и несакање, јас потполно те поддржувам. Можеби сѐ ќе сака, можеби ништо нема да сака. Ама нема да одам на лотарија и да купам количка што е неквалитетна за во случај да не ја сака, па да треба по 5 месеци да купам уште една. Поисплатливо ми е да вложам во квалитетна количка, оти и да не ја сака ова дете, можеби наредното ќе ја сака. Нема да дадам многу пари за поситните и минливите работи како релаксатор, дубак... ама за количка што сметам дека е најискористена, ќе вложам. Ама, секој си знае најубаво.
Да да, знам дека се вади ама поинаку е. Нема цврста подлога и страници, не можеш да ја земеш дома и да доспие во неа. Или да ја користиш преку ден во викендица, пример. Ја гледав и јас Лилата, таа ми беше прв избор. Од модуларните е дефинитивно најдобра опција. Тоа на втората слика е посебна корпа, не е модуларната верзија. @duffi јасно, секако. Ама има и многу бебиња што уживаат во корпата. Секако ќе му земам се' што мислам дека ќе му треба, а корпата сакам да е цврста... засега
@LivingGlam јас корпата повеќе за дома ја користев. Точно е дека цврста корпа е неспоредлива со тие што се модуларни, и јас не би купила 2 во 1 никогаш. Корпата мека и нестабилна а потоа седиштето мало. Ама синко се будеше кога го вадев од транспортер и го преместував во корпа. Потоа баталив и само транспортер вадев од кола и ставав на основа на количка. Ама никогаш не излегував пешки од дома, 99% со кола бев. За долги прошетки каде излегуваш од дома и пешачиш дефинитивно корпа.
Би те советувала во Локо Кроко да одиш и во живо да ги видиш количките. Сè што гледав онлајн и таму, благе везе немаа, ништо не ми се допадна. Не значи дека и тебе нема да ти се допаднат, но во живо да си ги видиш најдобро е.
Локо Кроко е едната, а другата од Енци Менци, не знам што да правам, морам да одам да ги видам, тоа секако. Мислев некоја искуство да не има.
Првата, од Локо Кроко не е лоша, не знам дали си ги разгледувала,ако не џабе ќе ти споредувам,ама се многу слични на Киддо количките. Алуминум рамка ти е,полна гума тркала, од исто местп ги нарачуваат со Киддо, само што материјалот може е различен. Газдата на Енци Менци и газдата на Локо кроко си ги имаат направено како бренд. За парите си е топ.
Околу корпа и транспортер, ортопедот наш стрикно ни кажа дека транспортер не треба да служи за прошетки во парк, туку дека неговата единствена намена е безбедноста на детето при транспорт со автомобил и поради тоа не се направени за да им се удобни на бебињата. За прошетки ни посочи да ја користиме корпата. Јас се согласувам со неговото мислење, бидејќи има логика, а и човекот е образован во странство.
A za podolg pat sto praime togas? Jas planiram.moeto na 2-3 meseci vo kola da.go vozam 10 saati, sekako vo korpa ne moze mora.vo transporter.
Бебе од 2/3 месеци нема да седи 10 саати без да мочка,кака,јаде и слично.Ќе се застане ќе се извади,ќе се пресоблече. Секако транспортерот се препорачува 2-3 часа,па ќе си направиш пауза, немај гајле, тоа си е во ред,ќе си патува во транспортерот. Транспортерот си има ембрион положба така да некој мислел наместо нас, кога ги произведувал.
Еве една добра статија на тема транспортер. https://www.motherandbaby.co.uk/first-year/baby/safety/how-long-can-baby-be-in-car-seat Главната поента A baby should always be in a car seat on journeys and they provide excellent protection and safety measures in the case of an accident. However, parents should ensure they limit the amount of time babies spend in a car seat, where possible. Дизајнирани се за безбедност во сообраќај и се неопходни за во кола, а тоа правило за раздвижување на секои 2 часа е затоа што позицијата не е идеална за бебето. Новороденче треба да се надгледува дали дише правилно додека е во транспортер. Намената не му е да замени корпа секојдневно. Еве уште едно https://www.health.harvard.edu/blog...w-not-to-use-an-infant-car-seat-2019071217205