Да реално се водат од 67цм, е сега со самото тоа што е од 9+ кг,значи дека може само во правец на возење да се мести, а не како и транспортерот. Чим исполни кг и цм слободно користи си го.
@kukla21 Аксис или Аксис фикс го имаш? Инаку Оли , не знам за која возраст ти треба и дали со изпфикс или без има повеќе модели. Од 9-18 значи до 4 години,јас ти го препорачувам Тоби.(ова е без изофикс) Тоби е седиште со кое буквално се има прпславено М.Кози во однос на безбедност. И од лоши случки што ги знам лично, знам колку добро се покажало седиштето. Едит: Инаку на Макси Кози сите седишта се тестирани на краш тестови во Германија,можете и на Јутуб да видите, а мислам и на официјалната страна,кој го интересира.
А со изофикс некое така безбедно? Мислев од 9 кг да земам, нели има и 9-36? Баш се зачудив, не се подобри тие со изофикс? Транспортерот е супер и голем, има фора уште да се вози во него, но ме нервира што се поти многу во него и едвај чекам да го тргнам.
Е после ова веќе ако мислиш да земаш седиште ,Родификс,толку тоа е последна категорија 15-36кг. @kukla21 инаку сега баш ја отворив страната има некое ново од 9-36 со изофикс, можеш тоа да го видиш, а малку се изнервирав, беа дојдени едни директори од Франција,тогаш уште работев во Бебеконфорт,таму ги држевме Макси Кози, толку не убедуваа дека седиште од 9-36 е преголем опсег, дека они не прават толкав опсег за седиште,дека не било безбедно,пошто нели седиштата 5 години имаат животен век... Сега гледам 9-36 седиште ама нејсе, види си која категорија ти треба зошто во принцип 9-36 има многу мал наклон и не е баш за дете од 9 месеци. Освен пак ќе кажам ново им е во живо не сум го пробала. Треба да ги посетам малку притисокот да им го дигнам
https://bebesupermarket.mk/product/Belize-3-in1-Modular-System-Gray-DRr3f Некој да има искуство со количкава? Ми се чини добра по карактеристиките, само никако не можам да најдам видео.
Не стигнав да се пофалам. Предновогодишно се подновивме со лилата, за да фатиме попуст на 31ви декември трчавме. Малку криво ми е што немаше тегет, односно беше само таа што беше изложена, а некако не ни се земаше и на крај за црна се одлучивме. Преубава ми е, едвај чекам да дојди беба за да ја шетаме. Ако не сака да се вози, јас сама ќе си се возам.
Здраво, разгледувам ON LINE колички. Некако опсегот на цени е многу голем од 10 до па до100 илјади Добро би ми дошол совет на што поточно да се фокусирам и што да гледам. Сакам да е лесна за сколпување, расклопување и да не е пластична со пластични тркала (цум видела такци и ми изгледаат ко да ќе се распаднат). Која марка се добри? колку пари е логично да се дадат? Фала
Според некоја моја скромна проценка, се што е над 20 000 ден е ок. Јас лично од количка барам да има убави тркала на дување, добра амортизација, корпа со убаво душече. Мене посимпатични ми се моделите со заоблени корпи, наместо коцкасти. И ние сеуште се немаме одлучено за некоја конкретно, но фаворити ми се на моделите на Kunert(Master и Mila) и Bebetto(Holland и Magnum) во Либерта Бебе Центар, да ги видиме во живо па ќе се одлучиме.
Ги отворив и ги видов, таква од прилика сакав и јас, јас гледав на Bebetto и пред тоа. ама не ми е јасно што е разликата мегу Holland i Magnum или кај другава марка меѓу Master i Mila? Има доста разлика во цена а мене ми се исти