Јас ја купив, ама искуство немам уште, многу е лесна, практична, и мала, јас си ја бирав дека јас сум малечка
Ми изгледа океј, денес ќе одам да гледам во живо па да видам дали ќе ми легне инаку и јас сум така слабичка малечка па затоа барам некоа не гломазна
Jas bi ti rekla kolickata vo podrum ili vo kola da ja ostavi...kola najdobro se siminjas so bebe i ja vadis ama pak nekoja lesno sto se sklopuva
@kukla21 , @emkaemka како го перете gb-то? Како за прв пат исправ се на рака ама голема мака видов. Дојде време пак да се пере и се мислам дали да пуштам на 30 степени во машина..
Во машина, на 30ка, намалувам вртежи за да не лупа и обавезно ставам плус пешкир, чаршав да биде пополна. И на самата етикета стоеше знам дека може да се пере во машина. Во сушара не сум ставила, на сонце сушам, брзо се суши секако.
во машина сама. Програма за синтетика. Не најде со Емка се домаќинки за рачно перење Утре ќе иде нашата на перење. Јадеше бебе во неа и личи ко да е користена 100 години и вода не видела. се суши за час!
Ја пуштив у машина, добро се заврши. Е сега, заборавив да прашам, ги вадите ли тие цврстите подлоги на кои лежи бебе? Прв пат кога ги извадив, таа двојната подлога едвај ја вратив. А и сега ги извадив и се мислам вечер како ќе ги вратам
Тие како пластифицирани, коцкасти? Да, ги вадам, кнап е "џебот" али па не сум имала мака за нивно враќање.
Некој имаше пишано дека бебе во кенгур става и слегува и со количката и со бебето. Добро, најверојатно зависи и колку е тешка количката. @Jana06 Ти вака се симнуваше?
Тие пластифицираните што се, во самиот текстил. Таа долната за кај нозете лесна е, ама другава што доаѓа под грб и газе леле мајкооо
Сакам да купам количка....ама незнам кој како се ..да ми споделите искуства, за овие две колички, или предлог да ми дадете за некоја убава а не многу скапа и да е помалечка за да ме личи,зошто сум и јас ситна
Искуство немам, ама ги споредив една до една во живо, чиково ми се виде помала во седиштето од оваа на кангару, плус мислам дека делот кај нозете не оди во скроз рамна позиција туку има како нагиб. Мене искрено првава многу ме бендиса дури и се мислевме дали да ја земеме, едино ни пречеше што на рамот седиштето/корпата се некако ниско поставени (барем за нас).
@0ли Не ми стигнала нотификација, сега случајно видов. Да, јас се симнував со бебето во кенгур и количката со трескање по скали или расклопена. Со тоа што ние имавме лифт ама пак имав неколку скали од лифт до надвор. Искрено да ти кажам се препотував и се пцуев секогаш кога шетавме. Кога колата ми беше дома, ја оставав количката во ѓепек и додека ја склопам малиот го ставав во седиште ама тој се зајдуваше од плачење зашто или мислеше го оставам или дека го мрази седиштето. Сега се преселивме и немам гајле, а голема причина ми беше тоа. Мачно е. Гледај летни колички ако се селите.