Ја купив и супер е. Јас сум задоволна во однос цена квалитет е одлична. Малечка е нее гломазна, имам мал гепек (ептен мал) и ја собира, лесно се вози има добра амортизација... Тоа е она јас што барав и што ми беше битно. И на изглед ми се свиѓа, имаше други повеќе што ми се допаѓаа на изглед ама пак ќе кажам во однос на цената мене ми е супер
Se mislam megju ovie kolicki Graco Evo, Safety, Cbx bisimi i Kiderkraft moov koja edinstveno ja nemam videno. Za Safety rekovte deka e ok, ostanative? Koj gi ima pls neka pise. I dali nekoj znae Gracoto dali go ima na dr mesto osven vo bebe home, vamu samo ovaa boja ja ima.
@Emiii90 Ја имам на киндеркрафт количката 9 месеци веќе. Имам споделено мислење за неа, само сеа би додала дека ми се допаѓа тоа што има нивоа корпата 45, 60 и 90 степени, уште еден минус за гумите затоа што се на пумпање. Дури ја имав таа (не)среќа да ми се дупне гума на сред шетање.
Пишав пред некоја недела за cbx, имаме скоро иста, количка ѕвер! Да ми треба пак, иста би купила. Или евентуално Queeny (ако можам у момент да си дозволам), многу се иновативни и уникатни, со доживотна гаранција.
Многу сум пишман за количката, ептен. Ама кога купувавме пред една година буџетот ни беше тој и се одлучивме за неа. Во државава по бутиците имаат изложено bugaboo, cybex, emma ljunga, brtiax а цените им се да те фати глава. Изборот ни беше или kinderkraft или petit cherry, па по многу разгледување зедовме киндеркрафт затоа што и имаше многу добри рецензии. Можеби за лето бебенце би била добра, ама за зимно време не е никако.
Читам гледам и пак не знам што е паметно, па ми треба помош и искуства, а имам и мал милион прашања. Прво се загледав maxi cosi конкретно Адора2 и Зелиа2 пошто тие ми се свиѓаа како се склопуваат, имаат голем дел за торби/ќеси, двете се 0+ и сакам да сум најпрактична што може, транспортер секако планирам како втор дел компатибилен за количката. Искрено се залетав по Зелиата пошто е 2 во 1, се прави корпа и седиште од еден дел, ама некако ми се чини седиштето мало за понатака, дали воопшто 1год дете ќе го собере. Адората е за нијанса поголемо седиште ама па не се први во корпа, лежечка да ама не е корпа. Термин ми е декември, и не знам во зима дали се шета во транспортер или корпа или во такво лежечко седиште. Ако корпата не е неопходна како плус дел не би купувала, ама дека зима па во неа некако ми личи позаштитено од студ за разлика од овие како Адората со лежечко седиште. Како шетавте зимски бебушки? Друго колку е важно да има степени на навалување седиштето, пример Адората има 2 или 3 нивоа, а Зелиата има само седење и лежење. Во крш ги гледав cbx исто 2 во 1 ама не ми се свиѓаше како се склопува, а cybex беа со посебен дел корпа. И друг бренд доаѓа во предвид ама не знам кој. Реков ете и 500еур нека е ама да е практична пошто сакаме да шетаме и да можам да ја користам подолго, а не да има 3 дела или па да треба да ја сменам за 1година, а може фантазирам дека ќе може подолго да ја користам. Ако има некој искуство со зелиа и адора како се покажале?
@Mucika јас ја имам макси кози лила и таа нели е исто 2 во 1. Искрено ич не ми текнува какви беа седиштата на адора и зелиа, ама веројатно ко си била таму ја имаш видено и лилата, па можеш да правиш споредба. Јас лежечкиот дел го користев од почеток и го користам уште. Да, не е скрос рамно како класична корпа, ама па затоа не е меко, туку има како конструкција, плус анатомска потпора/подлога за 0+. За во зима мислам дека ќе ти е топ (материјалот се подесува зимска/летна страна) со тоа прекривката одозгора, тие сите ја имаат. Во транспортерот сум го возела, иако не е препорачливо, тој е за в кола. Ѕирни во либерта (во Велес и Кавадарци имаат продавница) има добри колички за таа сума.
Размислуваш темелно, баш како и јас пред 5 години. Имав среќа да нема пандемија, па шетањето за количка ми беше една од најубавите активности. Сѐ видов, проанализирав и се нареков "експерт" за колички на крајот од процесот Озбилно, сите прашања што си ги поставуваш се многу важни, и ќе мораш сама да најдеш компромис. Моето искуство со количка која се правеше како корпа е дека 5 пати ја искористив во таа форма. Имав зимско бебе, ама почнавме да излегуваме со количка во март, така да може и не сум баш репер. Ја спуштавме кога ќе се успиеше при прошетки, изгледаше многу поконфорно така во вид на корпа. До 6-7 месеци често го возев и во транспортерот кој се монтираше на рамката, и рамката ми стоеше во кола. И тоа има предности, на пример на одмор или вечерни прошетки ако се успие, не тормозиш бебе од количка-во транспортер, туку најчесто дури дома во кревет (и одма пижами, доење и продолжува да спие ). Ова е уште позгодно па ако е бебето затоплено и покриено, да не го ладиш при преселба од едно во друго седиште Од друга страна, дефинирај колку долго е за тебе долго. Ние ја користевме 1.5 година/макс 2 (имаме и летна) сега здравје за второ дете, и толку е. Мојава не изгледа отрцана, само гумите малку излижани, а сум видела отрцани колички, на знам дали се прават такви од неквалитетни материјали или се користат поагресивно и подолго..
Јас ја имам Адората 3 во 1, ама да треба сега да земам би ја зела 2 во 1.Бејби никако не сака во корпата се нервира многу и е затворено, ама тоа зависи највеќе од бебето. Со транспортер немаш потреба од корпа, секако додека е мало нема да шеташ повеќе од 3 часа, а потоа ќе си го користиш седиштето. Генерално јас сум презадоволна од количката, лесно се склопува, просторот долу ми е многу практичен, цел пазар ми собира таму. Седиштето уште не ми е во функција дека бебушката ми е мала, ама доста големо ми изгледа, па мислам дека ќе се искористи максимално.
Па и не е баш мала, ама има и поголеми. Најдов страна на која ги има сите cbx модели, а има и димензии заедно со другите детали https://strollberry.com/strollers/brand/cbx/
И јас ја имам лила веќе 10 месеци и душата и ја извадив. Како нова е. Плус од безбедносна гледна точка бебе и од новороденче треба да е со каиш врзано, а гледам дека во количките што се со корпи никој не го врзува бебето. Ова ми е совет од ортопед. Еднаш ја возев неврзана како новороденче и на првата дупка се испомрда бебе а јас се извадив од памет. Од тогаш само врзана. Најубаво спие во количка, дури и сега ако сме излезени, се гледа дека многу и е комфорна. И материјалот не поти. Мрежичката што се спушта ми заврши огромна работа летото. Во транспортер не сум ја возела ама тоа ни е седиште за во кола, се додека не го надрасне со врвот на главчето се користи, што значи уште пола година и повеќе сигурно (бебе е 10 месеци а и ситна е) Вреди за сите пари количката и уште 100 пати да треба да купувам истата би ја купила.
Значи горе-доле корпата не е многу искористена, да ја тргнам од предуслов да почнам пак да разгледувам, па со нови прашања. Препорака за модел некој конкретен имате или продавница? За либерта тука или на др место прочитав дека цело време ги менувале имињата на моделите.
Корпа само ако имаш потреба од неа. Јас земав 3 во 1, со корпа и ептен ја искористив. Ама мене потребите ми се такви, уште од напред си планирав.