Јас ја имам Joie ја начекав на попуст. Супер е, може и лето и зима да се користи. Лесна е, се вози со една рака. Наслонот е на клик назад за подесување, не е со каиши.
Оваа тешко се вози со една рака. Ако шеташ сама и бебе нејке во количка, па ќе мораш бебе у раце и да туркаш количка. Мој совет, гледај да си земеш некоја шо можеш со една рака да ја возиш.
Фала за советот. Сега почнувам со потрага и цела сум изгубена. Не знам што е важно од перформанси и кои се разликите зашто гледам има големи разлики во цена.
Презадоволна, би ја купила повторно. Синко има 2 г и 3 м и уште ја користам за долги прошетки. Предности се: прелесна за возење, се склопува и не зафаќа многу простор делот за седење што е, голема и широка и за поголеми деца. Во споредба со бест френд која ја дакав е много поголема и кога ке седи нозете се долу, а кај бест френд кога ке порасне или ке го сече пластиката или со свиени нозе ке седи. Транспортерот е топ, одобрен од ортопед, и корпата е голема и пространа, најмногу за на тераса ја користев. Негативно: не се вози со една рака и не се врти накај тебе делот за седење ама мене овие две работи не ми пречеа. Гледам доста мајки купуваат една количка како бест френд а потоа уште една летна лесна за кога ке пораснат. Мене истата количка ми служи сеуште.
Јас ја имав оваа, се возеше и со една рака иако е со две рачки. Прелесна количка беше, не зафаќа простор многу и можеш да ја склопиш и да стои исправено сама. Корпата ми беше само најмалку искористена. Мене ми беше само проблем што ми беше многу ниска, тоа не го проценив добро кога ја купив и само тоа многу ме мачеше... Возена беше на разни површини, песоци на плажа, камења, планини и не и фалеше ништо вака, доста квалитетна се покажа.
Тоа да, на маж ми му е малку ниска, мене така така, јас 178 сум, ама рачките да беа повисоки ке беше идеално. Мене на око не ми е нај ама практична е макс.
Ниска ќе ти е и тебе.. Живци искинав јас со грб наведнат (јас 180сум), кај наведната и плус ја шутирав. Ама кога ја купував со стомак пред мене ми изгледаше океј, после тоа без стомак беше друга приказна... После првото ја продадов и за второ си зимав нова
Да да ниска ми е малку, ја шутирав на почеток ама тој дел го испраксирав. Јас таму кога ја пробав ми беше топ, и супер искористена е ама видината е проблем. И јас сакам да ја продадам, и неа и сите работиш што веќе не ги користам ама маж ми ме разубедува.